Овој текст, развивање на вашиот бренд, е дел од серијалот на текстови поврзани со Дигиталниот Макретинг кои ќе се изучува на курсот за Онлајн Маркетинг – Научи низ работа на реален проект.

За прв пат се организира курс за Маркетинг каде ќе се работи на реален проект каде учесниците ќе имаат шанса сами да креираат маркетинг кампањи за реални примери и кoи ќе се бодуваат и натпреваруваат низ целиот курс. Регистрирајте се!

 

Пред да започнете со планирање и спроведување на дигиталната маркетинг стратегија, прво мора да ја утврдите стратегијата за развој на брендот. Брендирањето совршено го разбираат искусните маркетинг професионалци, но стартапите и сопствениците на малите бизниси на терминот „Брендирање“ не му даваат големо значење.

Во првиот текст од серијата „Дигитален Маркетинг 101“ ги набројавме основните маркетинг поими кои мора да ги знаете.

 

Секогаш започнете со „Зошто постоите?“

Во ТЕД говорот на Simon Sinek се објаснува зошто е потребно да го започнете градењето на вашиот бренд од прашањето „Зошто постоите?“. Вашето „Зошто“ треба беспрекорно јасно и концизно со вашата целна публика. Вашето „Зошто“ мора да се базира на репавање на проблем на доволно голем сегмент од пазарот за да создадете одржлив бизнис. Постоите за да решите некој проблем. Имајте го тоа на ум во процесот на градење на вашиот бренд а потоа во секоја маркетинг тактика која ќе ја користите ова нека биде вашата водилка: Вашиот бренд е сè што правите.

Започнете со „Зошто ?“ и изградете го јадрото на вашиот Brand Statement само со одговарање на прашањето „Зошто пости вашиот бизнис?“. Треба да одговорите така што ќе објасните како го решавате проблемот на одреден сегмент од пазарот. На пример: Компанијата X изработува MVP за стартапи во 2 недели за 5000 долари. Оваа изјава идентификува одреден сегмент од пазарот (Стартапи), проблем (на секој стартап му треба MVP производ за да се појави на пазарот и за тестирање идеја) и решението (MVP во 2 недели за 5000 долари). Ова можете да го научите на курсот „Online Маркетинг за вашиот бизнис: Traffic, Leads & Clients“

Познавајте ги Вашите клиенти

Во одреден стадиум од бизнисот вие ќе ги запознаете вашите „вистински клиенти“, но кога сте на самиот почетокот треба да ги откриете вашите потенцијални клиенти. Создадете „персона“ од вашиот идеален клиент, датете му име, научете го јазикот кој го зборува, од каде добива информации и влијание и најважното, дознајте каде би можел да открие за вашата понуда. И на крај, комплетниот профил на клиентот треба да вклучува разбирање на нивниот идентитет, потреби и однесување. Ова можете да го научите на курсот за Онлајн Маркетинг – Научи со работа на реален проект

Вашето „Зошто“ треба да одговара на потребите на вашите клиенти. Со други зборови на вашиот клиент му е потребно решението кое вие го нудите за да го реши неговиот проблем. Затоа треба да имате продлабочено разбирање на проблемот.

Разбирање на вашиот бизнис модел

Кратка верзија на вашиот бизнис модел е „Како правите пари?“ Или со други зборови вие правите пари кога ќе обезбедите вредност за клиентот кој ви плаќа за вашиот производ или услуга. Тоа е добар начин на размислување, но мора да одите подлабоко и да ги разгледате следните работи:

  1. Како клиентот дознал за вашиот бизнис? (маркетинг),
  2. Колку време му е потребно на вашиот клиент од моментот кога дознал за бизнисот до купување? (продажен циклус),
  3. Каде се случува купувањето? (дистрибуција)
  4. Како го доставувате вашиот производ? (испорака),
  5. Дали клиентот прави едно-кратно купување, претплата или повторно купување?
  6. Каков тип на поддршка бара вашиот производ/услуга и како ја овозможувате таа поддршка? (грижа за клиенти)

Не постојат две исти компании, но доколку се многу слични,  брендингот ги издвојува еден од друг. Брендот е се што правите и ако не се погрижите да го дефинирате вашиот пред тогаш самиот пазар ќе го дефинира за вас.

 

Научи Интернет Маркетинг

Related Stories For You