Марија Ичокаева од „Книготека“, startup компанија која се занимава со креирање апликативни решенија за дигиталната издавачка индустрија, ни раскажува за нејзиното искуство на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster и како тоа и помогна уште повеќе да го развие својот бизнис.

„Нашиот прв продукт е софтверска платформа за продажба, дистрибуција и читање електронски книги – reading.digital што ќе им овозможи на илјадници издавачи да креираат сопствена дигитална книжарница. Покрај тоа, неодамна кај нас го лансиравме и првиот агрегатор за продажба на е-книги knigoteka.mk каде во моментов може да се најдат преку 300 изданија од неколку реномирани македонски издавачки куќи. Станува збор за мобилна апликација преку која им овозможуваме на нашите читатели да купуваат и читаат книги од домашни и светски познати автори во кое било време и на кое било место во светот. Покрај лесниот и брз пристап до самите книги преку апликацијата, еден од најголемите бенефити кои ги нуди нашиот дигитален читач е можноста за интеракција со самиот текст со што се подобрува целокупното читачко искуство на нашите корисници. Од можноста за подвлекување на текстот, додавање белешки и избор на фонтот и големината на текстот, до пребарување на конкретни фрази и непознатите поими на Google и Wikipedia, Книготека е вистинско, современо искуство за сите љубители на пишаниот збор.“

Уписите се во тек. Аплицирај ТУКА!

Обично на Академијата за дигитален маркетинг се запишуваат луѓе кои сакаат да сменат или започнат кариера. Доста мал број од нив се задоволни од постоечката кариера и на се запишуваат исклучиво да стекнат дополнително знаење и вештини кои ќе им помогнат во постоечката работа. Како ти помогна Академијата за дигитален маркетинг во Brainster за твојот бизнис?

Денес, дигиталниот маркетинг е една од најбитните алатки за развојот и видливоста на еден бизнис, особено за нови, старт ап компании кои својот бизнис/продукт го градат и пласираат по дигитален пат. Впрочем и самите сме сведоци на најголемите компании во светот како AirBnB, Amazon и ред други кои станаа гиганти во светски рамки благодарение на можноста да допрат до светската публика со помош на интернетот. Многу слична е и нашата приказна, а фактот што сме компанија која нуди дигитални продукти и истите ги дистрибуира по електронски пат, најголем дел од нашите активности се насочени токму на дигиталниот маркетинг.

Покрај тоа, една од суштинските работи на Академијата за дигитален маркетинг од која имам голем бенефит во развојот на бизнисот е претставувањето на неизбежната потреба на денешните компании да го прилагодат своето работење на новите технолошки промени со цел да го подобрат работењето и видливоста на својот бизнис. Ова го потенцирам бидејќи ваквата трансформација денес е од големо значење за издавачкиот сектор, особено кога станува збор и за дигиталната трансформација на самите продукти – книгите. Токму тоа е и нашата цел, да им понудиме решение на сите издавачи кои се соочуваат со неизбежна потреба од преструктуирање на своите бизниси и со наша помош да се адаптираат на дигиталниот свет. 

Како воопшто реши да дојдеш во Brainster и какво беше твоето искуство на Академијата?

Brainster го следам уште од неговите почетоци и отсекогаш сум се восхитувала на креативноста, иновативниот пристап во едукацијата, младиот и амбициозен тим кој е пример и со кој може да се поистовети секој што сака да решава реални проблеми и потреби во општеството. Токму затоа во оваа гранка сакав да се надоградам учејќи од најдобрите, од оние кои ми беа пример за тоа како една компанија нуди вистински вредности и сето тоа го прави и промовира на најдобар можен начин. 

Академијата беше одлично искуство каде што научив многу за дигиталниот маркетинг пропратено со многу забава, дружби и познанства кои ја направија целата приказна уште повредна. Голема благодарност до Дарјан кој низ приказна не научи за суштината на дигиталниот маркетинг и важноста на мерењето во денешниот маркетинг свет, Иван и Александра од кои научив многу за начинот на комуницирање со публиката преку онлајн каналите, Стефан и Калин кои низ супер другарски пристап не научија како да ги користиме големите Facebook и Google за деловни цели, Билјана која ни докажа дека SEO-то навистина не е тешко да се научи и сите останати инструктури кои несебично и со големо искуство, вештини, труд и преку работа на реални проекти ни го пренесоа своето знаење. И секако тука беше Ивче која го одржуваше целокупниот ред и ни излегуваше во пресрет во секое време за сите предизвици за времетраење на целата Академија.

Што би им препорачала на тие што размислуваат да се запишат?

Би им препорачала на сите оние кои планираат да лансираат сопствен бизнис, се’ во негов моментален развој или имаат бизнис кој веќе долго опстојува на пазарот, а се уште не ги користат дигиталните канали за промоција и продажба на своите производи да се запишат на Академијата за дигитален маркетинг од следниве причини:

  1. Дигитализацијата повеќе не е опција, таа е неопходна за опстојување на компаниите и нивно прифаќање од новите и идните генерации на потрошувачи. Со други зборови ако те нема онлајн, нема ни кој да те види.
  2. Brainster е местото што ќе те научи како да го примениш дигиталниот маркетинг во сопствениот бизнис, ќе учиш од реализирани претприемачи кои низ практични примери ќе ти го пренесат сопственото искуство со можност во исто време да работиш на својот проект.

Доколку размислуваш да започнеш кариера во дигитален маркетинг, аплицирај денес и зачувај го своето место. Новите групи започнуваат наскоро!

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!