Дигитален Маркетинг 101: Зголемете ја интеракцијата на Facebook


Овој текст е дел од серијалот на текстови за Дигитален Макретинг кој ќе се изучува на курсот за Онлајн Маркетинг – Научи со работа на реален проект.

Ќе се работи на реален проект каде учесниците ќе имаат шанса сами да креираат маркетинг кампањи за реални примери и кoи ќе се бодуваат и натпреваруваат низ целиот курс. Регистрирајте се!


 

 

Дали барате нови начини како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови на Facebook? Поради сите промени кои ги направија Facebook, да поттикнете интеракција на вашите фанови е поважно од било кога. Видливоста на вашите постови на „News Feed“ сега во најголем процент зависи од интеракцијата.

Во овој текст ќе најдете 20 насоки како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови.

1. Привлечете ги читателите на одредена точка од постот

На ѕидот на вашите фанови и онака поминуваат илјадници нови постови секој ден, па за да им го привлечете вниманието навистина треба да се потрудите повеќе. Само добар наслов и слика веќе не се доволни. Наместо тоа пробајте да побарате мислење од нив. Во постот подолу има пример како со текстот се заинтересируваат читателите да притиснат на линкот и да го прочитаат остатокот од текстот.

1011

 

 

2. Внимавајте на тајмингот

Тајмингот е екстремно важен кога станува збор за постирање на социјалните медиуми. Постирање на Facebook кога се сите на работа или кога спијат не е ефективно. Пробајте со постирање после работно време или кога луѓето се на пат од работа. Ова се времињата кога фановите најчесто ги проверуваат новостите на социјалните медиуми. Во секој случај треба постојано да се тестира кога е најдобро време за постирање. На пример времето помеѓу 12 и 13 часот за Brainster најдобро функционира. Претпоставуваме дека е тоа времето кога вработените се на пауза за појадок. Алатка која ја препорачуваме да ја користите за да ги закажувате вашите постови и да ги анализирате е Buffer. За ова ќе зборуваме на курсот за Онлајн Маркетинг – Научи со работа на реален проект.

3. Фотографии

Постојано слушаме дека сликата вреди 1000 зборови, нели? Но на Facebook сликите вредат уште повеќе. Leneys, корејски моден бренд често користат фотографии за да ги поттикнат нивните фанови на интеракција. Овој пост им носи повеќе од 50 коментари, лајкови и споделувања.

image3

 

4. Изработи евергрин содржина

За изразот „Евергрин содржина“ првпат слушнав од г-динот Дарко Булдиоски на курсот за социјални медиуми и оттогаш почнав да истражувам која е тајната на овие содржини. Евергрин содржината може да биде актуелна и неколку месеци па и години. На пример постот на HubSpot каде претставуваат 36 најдобри блогови за социјални медиуми е напишан во 2010 година но сеуште е релевантен и пребаруван денес. Изработете ваква содржина и секогаш ќе имате интеракција на вашите социјални медиуми.

5. Покажете кој стои позади компанијата

Од време на време добро е да споделувате фотографии од вработените, од клиентите или едноставно од терасата на која работите за време на пролетните денови. Компанијата Brand Union одлично го прави ова. Ви препорачувам да ја разгледате нивната Facebook фан страна.

1011

6. Организирај Facebook натпревари

Организирањето на натпревари на Facebook  секогаш поттикнува интеракција. Еден интересен Facebook натпревар организираа цимерите од претходната наша канцеларија Reborn каде од фановите побараа да ја дешифрираат  нивната емоџи приказна.112233

 

 


Ако сакате да дознаете други интересни начини како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови на Facebook, регистрирајте се на курсот Онлајн Маркетинг – Научи со работа на реален проект


 

 

Како до 1.000.000€? 🤫