10 работи што ги направивме на Академијата за дигитален маркетинг во 2019

1. Најважното и она за што постоиме – 100 луѓе дојдоа до супер возбудлива нова кариера како дигитални маркетери

Заклучно со тековната генерација, низ Академијата за дигитален маркетинг поминале 260 луѓе што ја прави најатрактивното место за учење дигитален маркетинг.

Но она што е најважно е дека успешноста на вработување на студентите кои беа во потрага по нова кариера е на 85%.

Бројките покажуваат дека:

– од 70 невработени студенти, дури 62 или 88,5% успеаа да започнат нова кариера во маркетинг 
– од 42 вработени студенти кои беа во потрага по преквалификација и почнување на нова кариера, во тоа успеаа 34, или 81%.

Од останатите, добар дел кои веќе работеа во маркетинг секторите на своите компании, значително ги унапредија знаењата и ги имплементираа на работното место, исто како и сопствениците на бизниси кои дојдоа на Академијата со цел да ја подобрат маркетинг стратегијата и да ја искористат за зголемена продажба.

Денес нашите студенти креираат и спроведуваат маркетинг кампањи за брендови како Neptun, Sport M, Slice, МК Хост, Brander, Loopify, iVote, Cosmic Development, Macedonia Export, Златна Книга и работат во маркетинг агенции како Futura, McCann, New Media, SoPro, LeanSEM.

Прочитај ги нивните приказни и дознај како успеаа да дојдат во нова кариера во дигиталниот маркетинг.

2. Нашите студенти се натпреваруваа на хакатонот на Министерството за финасии и нивна кампања беше избрана за спроведување

Ова беше едно од највозбудливите искуства, кое ги научи студентите што значи да бидеш „фрлен во оган“ и под временски притисок да работиш на реална кампања. На хакатонот, на кој требаше да се направи предлог кампања за наградната игра „Мој ДДВ, Моја Награда“ учествуваа 5 тима составени од 25 студенти од тековната Академија на Brainster.

Два цели дена студентите под менторство на инструкторите од академијата работеа на предлог кампањи, кои ги презентираа третиот ден пред комисијата, составена од претставници на Министерството, УЈП и Лотарија на Македонија.

Не само што ова искуство беше мошне значајно за нашите студенти, туку тие во конкуренција на некои од најголемите домашни маркетинг агенции ја имаа идејата која ќе биде спроведена како дел од кампањата, заедно со агенцијата Мекен Скопје.

3. Работевме на реални кампањи за компании и инстиуции

Практичната работа на реални проекти останува она што ја издвојува Академијата за дигитален маркетинг. Оваа година, под водство на менторите, нашите студенти работеа на Facebook кампањи за Wondercamp, Paint it Black, Mr. Hot Dog, креираа leadgen стратегии за Climbing School МК, Фото студио Маруди, пуштаа Google кампањи за Електрометал и The Beetles Club, работеа на комплетни маркетинг стратегии за Лице в лице, Црвен Крст, Magniflex, Vinyl Rent a Bike, Crux, Т.А. Papilon, Ресторани.мк и уште многу други компании, институции и организации.

4. Го засиливме тимот на предавачи

Оваа година на тимот на предавачи на Академијата му се приклучија неколку мошне звучни имиња. Станува збор за професионалци со долгогодишно искуство во дигиталниот маркетинг, добро познати на сите што се бават со оваа дејност.

Делот за Content маркетинг го засили Ива Дујак, COO на Brand Union. Модулот за Facebook и Instagram рекламирање го презема Стефан Смиљаноски од Pixel, а својата експертиза во делот на Visual Storytelling од оваа година на нашите студенти им ја пренесува Никола Спасов, сопственик на агенцијата Рејтинг.

5. Имавме реномирани гости предавачи од странство

Студентите од Академијата имаа можност да поминат време со двајца мошне искусни маркетинг експерти од странство. Кристина Фостер од Австрија, со искуство на работа на кампањи за Red Bull, WWF, Nivea им зборуваше за Content и Storytelling. Роланд Симон од Холандија, кој моментално работи како CMO на Pixyle, а со претходно искуство во L’Oréal и AholdDelhaize зборуваше за Branding.

6. Потпишавме ексклузивни договори со најголемите маркетинг агенции во државата за учење и регрутација

Потпишавме меморандуми за соработка со најголемите домашни маркетинг агенции, кој предвидува соработка во делот на едукација, реални проекти и регрутација. На овој начин, не само што нашите студенти ќе имаат можност да учат од професионалци, да работат на реални пректи, туку ќе имаат и поголеми шанси да дојдат до посакуваната работа или пракса во агенциите и да работат на кампањи за некои од најголемите глобални брендови.

7. Дел од студентите од Академијата си ги земавме во Brainster

Ја продолжуваме праксата ние први да им да нудиме шанса на оние за кои сметаме дека имаат потенцијал да ја следат нашата динамика на работење. Тимот на Brainster се уште е составен во најголем дел од студенти од нашите академии, со што покажуваме дека цврсто веруваме во квалитетот што го произведуваме.

Годинава од Академиите ни се приклучија Иван, Ива, Ѓорѓе, Бисера и Ивона.

8. Им помогнавме на нашите студенти да ги засилат своите бизниси

Дел од нашите студенти се сопственици на бизниси кои се мошне свесни дека дигиталниот маркетинг денес е една од најважните алатки за секоја компанија.

Среќни сме што нашата Академија им помогна на голем број млади и успешни претприемачи да го зацврстат својот бизнис.

9. Нашите студенти им помагаа на компании од Adventure туризам

Во текот на месец август оддржавме обука за дигитален маркетинг за 15 домашни субјекти од областа на Adventure туризам. Си поминавме одлично, работевме на мошне интересни проекти, но она што ни беше исто многу важно е што успеавме да ги споиме компаниите со нашите студенти, заеднички да ги спроведуваат маркетинг стратегиите на кои работевме на обуката. Од ова се изродија голем број успешни проекти кои ги презентираа студентите и компаниите во декември.

10. Се дружевме и се забавувавме

Една од најсилните страни на Академијата е поврзувањето на студентите меѓусебе, градењето цврсти пријателски врски кои опстојуваат долго после Академијата. Покрај многубројните формални и неформални дружби, стигнавме да посетиме дел од нашите learnig partners за кои работевме кампањи, да организираме дружби во природа.

Ако веруваш дека и ти можеш да изградиш кариера во дигиталниот маркетинг и ако се чуствуваш подготвен за едно уникатно искуство кое може да ти го промени животот, стани и ти дел од Академијата за дигитален маркетинг.

Related Stories For You