Од една страна маркетер со долгогодишно искуство во браншата,а од друга, full-time маркетинг geek кој повеќе плаче на реклами отколку на филмови 🙂
Ива Дујак за себе вели дека ужива во својата работа. Таа знае да помине и по неколку часови читајќи и анализирајќи различни маркетинг стратегии и кампањи. Кариерата ја започнува и ја гради токму во маркетинг секторот, како дел од тимот на Brand Union, маркетинг агенција која зад себе има сериозни успеси со кампањи и проекти како на домашниот така и на странскиот пазар.
Во Brainster со неа наскоро ќе имаме pop-up работилница на тема Content Marketing на социјални мрежи, а и ќе биде дел од тимот на инструктори на Академијата за Дигитален Маркетинг.
Ива, ако може да се дефинира воопшто- каков тип на content creator/consumer си, блог или твит? 🙂 Пократка или подолга online содржина ?
Зависи од расположение 🙂 Креирам и сакам да читам кратки содржини и постови, но почнав со блогирањето. Пред 7ипол години, кога го започнавме блогот Skopje Casual со моите пријателки Сандра и Калина, не ни претпоставувавме дека ќе направиме таков импакт – да се најдеме со толку многу истомисленици и тие да се поистоветат со нас. Кога започнавме да креираме содржина, да правиме настани и да се ангажираме автентично околу концептот, некако природно се создаде таа наша заедница. Се запознававме и растевме заедно преку тоа што пишувавме за заедницата и со неа, споделувавме мислења, што ни е интересно, со еден збор – раскажувавме. Токму тоа е моќта на content marketing-oт, автентичноста зад зборот ќе биде препознаена и целата приказна добива еден многу убав ефект.
Какви беа твоите почетоци со маркетингот? Како започна да работиш, да се развиваш и да растеш заедно со оваа динамична средина и бранша како што е маркетинг секторот?
Со маркетингот започнав дружба сосема случајно. Oтсекогаш знаев дека сакам да работам нешто поврзано со уметност, но секогаш ми стоеше и помислата дека треба да заработувам (знаеш, како мала, сакаш да правиш артови и да го менуваш светот, ама од друга страна сакаш и да го почувствуваш бизнис светот и неговите бенефити). Го открив маркетингот како совршената спојка – можам да бидам креативна во работата, тоа да биде исплатливо, но, и да влијаам со она што го правам. Не зажалив во ниеден момент за професијата која ја одбрав.
Почнав со offline маркетинг во софтверска компанија каде требаше да отвориме сектор за маркетинг. Тоа беше од една страна голем предизвик, но и одлична шанса за мене, затоа што можев да учам сама преку мојата работа, тестирања, успешни и не толку успешни обиди да научам многу за маркетингот. Некаде после 3 години работа, седнавме со газдите и ме прашаа – „Ива, кој ти е тебе следниот предизвик?“ Во тоа време Facebook започна полека но сигурно да се развива во бизнис делот, па сакав и таму малку да „прочепкам“ и истражувам. После некое време работите и коцките се наместија, во склоп се отвори фирма-ќерка и тие се всушност зачетоците на денешната Brand Union. Целата приказна за нас си имаше еден баш убав тек и редослед – да започне од самите почетоци и традиционални пристапи, за да дојде до ова што е денес.
Колку е важна правилната комуникација со публиката на социјалните медиуми, и која е моќта на content маркетингот?
Околу content маркетингот, едно е јасно – никој од нас повеќе не може да си дозволи да сподели слика од шоља кафе и колачи, да напишеш „добро утро, ви посакуваме убав работен ден“, тоа да го наречат content marketing и да очекуваат резултати од тоа.
Низ работата имав шанса да го следам растењето на маркетингот и пазарот, како и приоритетите кои природно се наметнуваа. Кога започнувавме со Brand Union ни се случуваше да одиме на состанок во компанија која сака да вложи во маркетинг, да ја објаснуваме потенцијалната моќ на правилното користење на социјалните мрежи и платформи како Facebook, и на тоа да добиваме одговор: не ми кажувајте приказни, тоа се играчки за деца. Денес, на мое големо задоволство, се случува да имаме клиенти кои голем дел од својот буџет за маркетинг го резервираат токму за комуникација и оптимизација на социјалните мрежи 🙂 И повеќе од јасно е дека денес без квалитетен content маркетинг една компанија не може да постигне максимални ефекти на социјалните мрежи и дека токму усовршување на content-от е тоа кон кое треба да се стремиме.
Да ја спомнеме вашата неодамнешна кампања која ја направивте за VIP, денешен А1 – Game of Thrones Cosplay која претставуваше една убава завршница на емитувањето на серијата за сите корисници на VIP и вљубеници на GOT. Како ви се роди идејата за ваква кампања и која беше целта што сакавте да ја постигнете?
Заедно со A1, сакавме да направиме една убава завршница на серијалот Game of Thrones, затоа што сите фанови го заслужија тоа 🙂 Сите во канцеларија сме страствени гледачи на серијата и низ процесот на креирање на кампањата со душа се посветивме да работиме на нешто толку големо и интересно за нас. Многу е лесно да дојдеш до идеја кога имаш фантастичен тим и уживаш во процесот на креација. Како крајот на серијата? Па…така, хахаха … 🙂 Возбудата од настанот кој се одржа вечерта пред финалето уште нѐ „држеше“ па многу емотивно и позитивно си го проживеавме и тоа. Она на кое сум горда е што успеавме да ја доближиме и рекреираме цела приказна за сите љубители на Game of Thrones. Целта беше постигната – сите беа среќни, возбудени, и се чувствуваа дека некој се погрижил нивното искуство да биде врвно и незаборавно.
https://www.facebook.com/A1Makedonija/videos/358494538137664/
-Game of Thrones Cosplay ,кампања на А1 Македонија и Brand Union-
Кои се твоите предвидувања околу трендовите за Content Marketing-от во 2020?
Фокусот е и ќе биде на корисниците и нивното искуство да биде што по персонализирано. Да се размислува како што би размислувале тие и да се креира релевантна и интересна содржина е најголемиот предизвик. Видео содржината е сѐ повеќе примамлива. Тоа е супер средство за раскажување, ни дава многу позадински информации и data insights што можеме да ги користиме за креирање на пишана содржина. Такашто, да, видеото е средство, но селекцијата на тие позадински информации ја наметнува пораката со која се обраќаме и содржината која ја креираме. И кампањата со Game of Thrones Cosplay беше со сличен тон – си ја познаваш buyer persona-та. Ако него го поздрави Cercei, секако дека нема да остане рамнодушен, затоа што не е вообичаена хостеса- тоа е Cercei! 🙂 Тоа е еден вид tailor-made содржина за правилната публика.
Со тебе наскоро имаме pop-up работилница за Content Marketing на социјални мрежи. Што ќе работиме и што ќе учиме на оваа работилница?
Работилницата ќе биде за сите оние што сакаат да научат како да креираат пишана содржина за социјалните медиуми, да научат повеќе што е content marketing и зошто ни е потребен, ќе дознаат како да креираат content marketing кампања и да ја прилагодат комуникацијата на брендот со публиката. Ќе правиме buyer persona, ќе разговараме за добри примери…и за многу други интересни нешта 🙂
Повеќе за pop-up курсот и како можеш да си резервираш место, види овде