Вработувањето во Brainster за мене значи “dream come true“

Запознај ја Ива, координатор на Академијата за маркетинг во Brainster.

Искрена, непосредна и посветена. Секогаш тука да ти одговори за се што те интересира за уписите на Академијата и да ги имплементира сите трендови во маркетингот кои ти се потребни во програмата.

„Изучувањето на нешто сосема ново, не мора да биде застрашувачки и дури знае да биде забавно. Најверојатно тоа е поврзано со фактот дека сакав да учам маркетинг. Се’ уште учам и да, се’ уште ми е забавно“.

Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Никогаш не беше нешто конкретно, како сите сто пати се премислив до мометот кога дојде време да донесам одлука. Се одлучив за Филолошки факултет, односно стручен превод по германски јазик. Не помина долго додека да сфатам дека не е тоа она што треба да е мојот финален избор.

Како се роди идејата да се запишеш на Академијата?

Го следев Brainster од почетокот. Му се радував на брзиот развој и горда сум во она што израсна денес. Всушност, првиот чекор ми беше курс по Photoshop. На Академијата за маркетинг, се запишав по препорака од Петар and I’m glad I did. Го сретнав една вечер додека работев во МКЦ, се немавме видено долго време. Тој ми е стар пријател. Разговаравме за тоа кај сме и што сме. Му кажав дека сум тажна, бидејќи тогаш ме одбија на работна позиција во маркетинг агенција. Петар ми даде излез. Се договоривме да бидам координатор на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster која истовремено и ќе ја слушам и посетувам, па да видиме што понатаму.

Каде ја гледаш конекцијата помеѓу она кое го работеше порано и желбата за маркетинг?

Не гледам некоја посебна конекција. Можеби фактот дека работев со секаков профил на луѓе, ми помогна многу. Сега ми се познати луѓето и нивните потреби. Па полесно можам да разберам како функционираат и размислуваат. Можеби тоа, од некој психолошки аспект.

Како учиш?

 Ми препорачаа да се зачленам во еден тон Facebook групи за Дигитален маркетинг каде што маркетери ширум светот пишуваат ако наидат на проблем, како го решиле, што ново откриле. Тоа е доста информативно, го препорачувам. Плус секако, со оглед на тоа дека сме константно опколени со маркетинг, без да приметам ги анализирам чекорите и целите на истите, на крај извлекувајќи заклучок што е добро, а што не. Една од алатките кои ги научив тука.

 

Од кој професор најмногу учеше?

Додека ја посетував Академијата, доаѓав на пракса во Brainster. Би го издвоила Дарјан, како инструктор и како ментор на таа пракса, неговиот трпелив пристап на секое мое прашање и проблем. Исто така, Фросина, најдобриот ментор што некој може да го добие. Постојана поддршка и бодрење во сите мои први, несигурни чекори.

Good cop, bad cop ситуација. Не е битно кој е кој. 

 

Како се случи да останеш да работиш во Brainster?

Тоа ми е се уште нереално. A dream come true. Како се случи, не би знаела, можеби виделе потенцијал во мене кој сега го негуваат.

 

Што е она кое го научи во Brainster?

Освен да работам дигитален маркетинг? Научив дека никогаш не е доцна да направиш промена и некогаш е тоа многу лесно и може да се случи за многу кратко време.

Што би и’ кажала од денешна перспектива на онаа Ива која работеше во МКЦ?

Би се советувала да бидам малку похрабра во одлуките и чекорите, помалку да се плашам од промена зошто промента знае да биде и добра. 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.