Стефан Смиљаноски е новото засилување на тимот на инструктори во Brainster. Неговото 10 годишно искуство во маркетинг ќе го сподели со студентите на Академијата за дигитален маркетинг преку модулот Social Media Advertising, односно креирање на платени реклами на Facebook и Instagram.
Од неговите почетоци во маркетинг агенции во 2009та веднаш почна да се интересира за Facebook ads кои токму тогаш почнаа да земаат замав. Иако многумина ги гледаа како тренд во маркетингот кој бргу ќе спласне, Стефан токму тука виде шанса за неговата кариера. „Како поминуваше времето, се’ поочигледно беше дека традиционалните маркетинг формати го губат вниманието на публиката на сметка на социјалните мрежи. Токму поради ова одлучив повеќе да се фокусирам на дигиталниот маркетинг.“
Биди и ти дел од Академијата и аплицирај ТУКА.
Стефан, кои делови од дигиталниот маркетинг би рекол дека ти се најсилна страна?
Сметам дека секој маркетер треба да има познавања од сите сфери, тоа му помага секогаш да ја согледа пошироката слика и да ги види сите можности кога работи на една кампања. Сепак, фокусот треба да биде на она кое најдобро му оди. Креирањето на пораките кои треба да побудат интерес кај целната група како и изнаоѓањето на соодветни опции и канали за таргетирање го сметам за моја најсилна страна и поради тоа најчесто го работам истото и можам да кажам дека носам супер резултати 🙂 Со тек на време, се трудам да бидам се’ подобар и подобар.
Дали до ден денес после 10 години, се’ уште уживаш во работата? Имаш ли омилена, но и помалку омилена активност? И што најчесто правиш кога не си на работа?
Дефинитивно уживам, особено кога имам шанса да соработувам со добар тим. Целиот процес на креирање на Facebook кампањи, нивно лансирање и следење и оптимизирање ми е истовремено и предизвикувачки и забавен. Фактот дека Facebook константно се менува и додава нови опции, ги менува правилата на игра, ја прави целата работа дополнително динамична и интересна.
Што се однесува до слободното време, сакам гитарска музика и настојувам да посетам што повеќе концерти. Но, во последно време, покрај сите работни обврски, секој момент слободно време им го посветувам на најблиските.
Како ти се допаѓа атмосферата во Brainster и како ти се допаѓа улога на инструктор?
Атмосферата во Brainster е супер. Особено ми се допаѓа тоа што има доза на непосредност која искрено мислам дека придонесува до подобар трансфер на знаењето. Ми се допаѓа фактот дека се учи преку работа, а не само теориско поминување на материјалот. Мислам дека тоа на студентите им помага да стекнат самодоверба која секако позитивно влијае при започнување на нова кариера.
Навистина ми е интересно да работам како инструктор. Вистинско е уживање да работиш со луѓе кои се навистина мотивирани и заинтересирани да ги научат работите.
Што би им препорачал од лично искуство на идните маркетери? Некаков совет ?
Би им препорачал да останат љубопитни и континуирано да учат. Маркетинг иако постои многу долго време, е професија која континуирано се менува и следи најразлични трендови. И на крај да не се плашат да се впуштат во нешто ново и непознато. Бидејќи најдобрите решенија и идеи доаѓаат токму кога ќе излезете од комфор зоната.
Ако сакаш да научиш дигитален маркетинг под менторство на Стефан и останататите експерти кои го сочинуваат тимот на инструктори на Академијата за дигитален маркетинг, аплицирај уште денес 🙂