Владимир Константиновски е алумни од нашата Академија за Software Testing кој се реши да направи целосна кариерна трансформација и започна да работи на remote позиција како софтвер тестер – практикант. Неговото работно место е компанијата Amio oд Виена, каде Владимир ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од Академија за Software Testing.
Во продолжение си поразговаравме со Владимир за неговото ново работно место и искуството како студент
Здраво Владимир! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво! Ви благодарам на честитките ! Без вас и вашата целосна поддршка ништо не би било возможно. Пред да се запишам на Академијата за Software Testing, работев во туристичката индустрија на многу различни позиции и немав никакво претходно знаење за Software Testing и што всушност претставува тоа. Единствената работа во којашто бев сигурен е дека сакам да направам кариерна трансформација.
На што се должеше твојот избор да се запишеш на Академијата за Software Testing?
Откако ги разгледав сите опции и програми на Академиите, можев да се замислам само како Software Tester. После тоа, изборот беше очигледен.
Започна да ја градиш својата кариера како софтвер тестер во интернационалната компанија Amio, веднаш по завршувањето на Академијата за Software Testing. Како се одвиваа работите за да стигнеш до овде?
Искрено, огласите беа премногу за да ги набројам. Дел од нив беа од LinkedIn, дел од партнерите за вработување на Brainster. Неколку одбивања, неодговорени мејлови, за на крајот да добијам еден меил со детали за онлајн интервју. За да се вработиш, според мене, во било која компанија потребно е пред сѐ да си искрен, позитивен и секако упорен. Некогаш е многу поважно каков ти е ставот кон животот и твојот карактер од вештините. Вештините се учат, ама карактерот тешко.
Кажи ни нешто повеќе за оваа компанија?
Amio е компанија која своето работење го започнува во 2017г. Нивната цел е Automated Customer Support. Во кратки црти, имплементирање на „chat bots” кои користат „Natural Language Processing” со што конверзацијата има флуидност и човечност. Со помош на тоа голем дел од поплаките се решаваат на лице место додека вистинските проблеми ги решава вработен за корисничка поддршка. Целта е да се заштеди на време, пари и да се зголеми „engagement” на страната.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден? Во кои моменти најмногу уживаш?
Официјално сум „Software Testing Intern“. 😀 Кога започнав бев одговорен да креирам „test plan“ и според него да направам „test cases“ ( дел за smoke, дел за regression) со помош на кои би имале најголема покриеност. Секој ден ми започнува со „daily stand up” каде што сите кажуваме што сме направиле претходниот ден и што планираме да направиме денес. Следно, проверувам дали има „bugs“ кои се фикснале за да ги ре-тестирам и во зависност од исходот, ги пријавувам и вршам „regression test“ со цел да се види дали некои други елементи се зафатени од промените. Во „downtime“, проверувам „extreme case scenarios“ и работам на автоматизирање на „Smoke Test Cases“. Секако, во зависност од денот редоследот и задачите се менуваат, но во глобала тоа е тоа. Моменот кога најмногу уживам е кога пишувам автоматски cases.
Сподели ни повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Software Testing. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?
Академијата за Software Testing ги надмина сите мои очекувања. Поминавме многу модули и се запознавме со многу алатки. На стартот не ми беше сосема јасно зошто некои работи ги учиме, но како продолжувавме со учење сите работи некако си дојдоа на свое место и знаењето стана комплетно и доста опширно. Без Академијата немаше да биде возможна целата моја кариерна трансформација.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Сите модули беа интересни, за мене лично секој час беше нешто сосема ново и не можев да дочекам да дојде време за следниот. Сите модули си носеа свои предизвици од различни аспекти. Секако тука беа инструкторите и Кате, кои беа достапни во секое време за сите нас и ни даваа правилни насоки. Како најинтересни, а воедно и најтешки, морам да ги издвојам модулите за „Мануелно тестирање“ и „Автоматско тестирање“. Нo, со доволно посветеност, редовно решавање на домашните и малце „гуглање“ успеав да ги надминам предизвиците.
Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?
НЕ ЧЕКАЈТЕ! Никогаш не е доцна за да се направи вистинскиот избор.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина?
Едно сум сигурен, а тоа е дека сакам да се надградувам во полето на Software Testing. Каде тоа ќе ме однесе, времето ќе покаже. 🙂
Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа