Марија Коцева е алумни од нашата Академија за Software Testing која потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Таа е магистер по правни науки која се решава да направи комплетна кариерна трансформација во една од најбараните и најперспективните професии на денешницата – софтвер тестингот.

Веднаш по нејзиното завршување на оваа Академија, Марија стигна на посакуваната работна позиција како софтвер тестер во компанијата The Bright Box, каде ќе продложи да ги надградува своите вештини и знаења.

 

Во продолжение си поразговаравме со Марија за нејзините студентски денови и новата работна позиција

 

Здраво Марија, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Марија?

До пред некое време бев дипломиран криминалист, магистер по правни науки. Но, сега веќе со гордост можам да кажам, дека сум софтвер тестер и заљубена во својата нова работа. Надвор од работното време сум човек којшто го сака спортот, природата, животните, здравиот начин на живот и секако патувањата, кои со оваа професија, и можноста за работа remotely, би можела повеќе да си ги дозволам. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Само што заврши стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Software Testing?

Искрено, кога влегував во овие води постоеше само сомнеж дали ќе успеам, бидејќи  моите претходни познавања беа минимални. Но, кога почнав да ги истражувам Академиите, барајќи која би била „perfect fit“ за мене, сфатив дека ги поседувам сите карактеристики на добар софтвер тестер и оттаму започна да расте мојата желба за да  научам, па подоцна и да го работам тоа.

 

 

Дел од интензивната програма на оваа Академија е работата на реални проекти за реални клиенти кои бараат многу време за учење. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Ќе цитирам еден ценет професор од факултет кој секогаш ни повторуваше дека „теорија без пракса и пракса без теорија се како пловење на брод без кормило – никогаш не можеш да бидеш сигурен дали оди и каде оди“

Истото важи и овде, програмата е интензивна и сеопфатна, дополнета со примери од пракса кои менторите ги стекнале со нивното солидно искуство, плус работата на реални проекти за реални клиенти, сето тоа е добитна комбинација за добивање на  јасна слика за сѐ она што се случува. И нормално, морам да дополнам дека без разлика колку и да е добра програмата, прекрасни менторите и интересна праксата, без посветеност, многу труд и желба за успех, ништо не може да се постигне. 

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Моето кариерно патување започна уште додека бев студент, само што го завршив модулот за мануелно тестирање. По препорака на Brainster, аплицирав за пракса во една американска компанија, каде што од сите пријавени кандидати, таскот успешно го завршивме само двајца. И двајцата студенти на Brainster се разбира. 🙂  Шест месечната практична работа на интересни и реални проекти, го надополнија моето знаење, па пред истекот на праксата започнав да аплицирам за работа, и за само неколку дена од моето аплицирање, на првото интервју успеав да добијам работа. И тоа ме прави многу горда. Две интервјуа и двете успешни, што до пред само една година ми изгледало научна фантастика. 🙂 

Горда сум на тоа што се решив да го направам овој чекор и да направам кариерна промена. И горда сум што можам да кажам дека со одличен успех ја завршив Академијата

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата The Bright Box.  Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

The Bright Box е компанија за развој на софтвер којашто успешно работи кај нас скоро 10 години. Во моментов има две канцеларии, во Битола и во Скопје и тимот постојано се шири.  Проектите кои што ги развива TheBright Box се во делот на медицината, поточно телемедицината и се доста интересни и динамични за работа.

 Тимот е како мала фамилија, дечките се топ, спремни за соработка и има одлична атмосфера за работа. Она што мене многу ми се допаѓа е тоа дека се доста флексибилни, во однос на работното време и изборот за работа од дома или од канцеларија.

 

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Секогаш на почетокот на денот почнувам со проверка на работата од претходниот ден, се завршува доколку има нешто останато, правам план за тековниот ден, имаме daily состанок и остатокот од денот го поминувам, како и секој софтвер тестер со наоѓање проблеми онаму каде што ги нема.

Шала на страна, работниот ден на еден софтвер тестер е секогаш интересен, бидејќи покрај тоа што си ги завршува своите дневни обврски тој мора исто така  да е во постојана комуникација со девеллоперите.

Со оглед на тоа дека ова е мое прво официјано вработување во IT индустријата, покрај богатото знаење  со кое што се здобив за време на Академијата имам уште многу работи да научам. Ја добивам целата поддршка од страна на тимот со којшто работам и навистина сум презадоволна од тоа колку несебично сите го споделуваат своето знаење со мене. 

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Во моментов се развива мобилната верзија Android i iOS, на една апликација која ја тестирам јас. Кога ќе завршам со дневните обврски околу мануелното тестирање,  секогаш кога ќе се најде време, со помош на колегите, учам како да навлезам подлабоко во алатката Postman, која се користи за тестирање на API повиците, за којашто основата ја добив во Brainster. 

На дневно ниво, најчесто правиме smoke тестирање, но исто така и sanity, и regression testing.  Од алатки, користиме VPN за да можеме да пристапиме до сите тестинг околини, JIRA ни е најчесто користена алатка, целиот managing and workflow се oдвива таму и секако таму ги пријавуваме баговите кои ги наоѓаме. Користиме slack за брза и меѓусебна комуникација, а Daily состаноците ги одржуваме на Google meet. 

 

Каде се гледа Марија за 5 години во иднина?

Сигурно би го правела истото, но мнооогу подобро. 🙂 Со обемно познавање на  технологиите и различните алатки кои се користат за тестирање.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Software Testing?

Software testing-от  е мошне интерсна гранка, која бара посебен mindset и размислување „out of the box“. Јас би сакала да ги охрабрам сите оние кои се плашат и сметаат дека не можат, а сакаат да ја променат својата кариера. Без грижи, Brainster е тука за вас :))

„You can do it. Just work hard and make it happen“. Ви благодарам од срце за сѐ Brainster, ве сакам! 

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!