Размислував долго што да споделам.
Верувајте, сакам да споделам сѐ, ама така ќе го расипам изненадувањето. А секој сака да биде пријатно изненаден, барем од мое искуство. Еве што правеше мојот тим во Септември.
Гостувавме со текст во “Лице в лице”
Тимот на Лице в лице се светла точка, и пример за сите. Благодариме за поканата. Купете си го септемврискиот број и прочитајте ја приказната за Brainster. Половина од парите кои ќе ги платите одат за уличниот продавач кому му е потребна ваша помош.
Јане е нов инструктор на Академија за маркетинг
На секоја наредна Академија за маркетинг, 30% од програмата ја менуваме. Зошто? Затоа што технологијата и трендовите се менуваат. Како предавач го поканивме Јане – Growth Manager на еден од најуспешните стартапи од Македонија – Embed Social. Со учесниците ќе сподели искуство за добивање на големи клиенти како CNN, Hard Rock Cafe, Harvard итн. Имаме уште неколку слободни места.
Нашите учесници победија на хакатотонот “Kindhack” на Symphony Solutions.
Замислете, направија апликација за 2 дена, а сѐ уште не се завршени на Академијата за програмирање. Марко, Флоријан, Јоргос и Благоја, под менторство на Фросина и во соработка со платформата за млади Крик, создадоа апликација за мапирање на локациите кои се пристапни за лицата со физичка попреченост. Честитки, продолжете да газите! 🙂
(Сликата е преземена од Symphony Solutions. Види го целиот албум тука)
Антонија сврати во Brainster помеѓу студиите во Милано и праксата во Берлин.
Дигиталниот јазик, по сѐ изгледа, секаде е ист. По завршувањето на студиите во Милано, го слушаше курсот за E-mail маркетинг и остана кај нас на пракса. Фала ти Антонија, се гледаме во Берлин yes?
Академија за дизајн
За прв пат лансиравме Академија за дизајн со најдобрите дизајнери во Македонија. И ветераните, и подмладокот. Од дизајн на постер, до лого дизајн и веб дизајн, очекуваме од оваа мала група (15 студенти) да излезат идните легендарни македонски дизајнери. Уписите се сѐ уште во тек.
Раде и Ангела започнаа интернационални кариери
Ангела и Раде завршија на нашите Академии за програмирање како едни од најдобрите студенти. Беа дел од тимот на Brainster, ги кодираа нашите големи проекти кои ќе ги објавиме наскоро. На наша огромна гордост, Ангела доби работа како Software developer во Youwe во Rotterdam, а Раде доби работа како Front-End Developer во норвешка компанија. Браво, заслуживте! <3
За мене, нема попродуктивна средина од онаа која се фокусира на раст. Тим кој се фокусира на идните проекти наместо да се фокусира на минатите или пак, што прават другите. Фала на сите што го правите нашиот офис – фабрика за таленти.
До следното читање,
Александра од Brainster
ПС: Имаш прашања или предлози за соработка? Пиши ми на [email protected] и ќе ми биде задоволство да разговараме.