Помеѓу Милано и Берлин, Антонија Грнчаровска успешно и продуктивно истера пракса во Brainster!
Антонија ни долета директно од Милано, спремна за нови предизвици и отворена за нови можности. Дигиталното искуство кое го стекна на Kурсот за Email Marketing ја донесе на пракса кај нас и ѝ помогна да дојде до својот dream job во Берлин.
Здраво Антонија! Во Милано студираше интернационална економија и финансии. Зошто реши да влезеш во светот на дигитален маркетинг?
Да речеме дека низ цело мое студирање се чувствував како да сум во вистинската сфера, но не во точниот сегмент од истата. Обожавам бројки и математиката супер ми оди, но се чувствував дека креативноста во мене избледува. Brainster е компанија која е водена од веројатно најмотивираните луѓе кои ги запознав во Македонија во последниве неколку години – можноста да допринесам за растот на таква компанија, а и да научам, беше причината да дојдам баш тука.
Како си помина на Kурсот за Email Marketing , што ти се свиѓаше најмногу?
Ej, немав појма дека така се создаваат оние лепотици од мејлови што ги гледам во моето сандаче! Mailerlite, Mailchimp, Canva… Секоја чест на Александра што без резерва ми ги откри нејзините слатки email тајни. Плус, Brainster некако успева со минимален маркетинг буџет да допре до чичко ми, стрина ми, 16 годишниот ми брат и 22 годишните другарки, па баш ми беше мерак да учам дирекно од нивното искуство.
Дали имаше некакво предзнаење за индустријата и кои аспекти од истата највеќе ти одговараат?
Имав предзнаење, но тоа што го научив тука беше on a whole new level. Да почнеме со тоа дека од прв ден добив сопствен проект (месечна newsletter стратегија за Brainster) и целосна автономија за истиот. Дознав МНОГУ нови алатки и уживав во тоа што секој ден ми беше различен. Стартап динамиката која владее во канцелариите на Brainster е нешто што искрено не знаев дека постои во Македонија.
Што би издвоила како highlight од твојата пракса?
Дефинитивно фактот дека дел од работата ми беше да читам мотивациони статии. Мотивацијата и инспирацијата ми се качија на супер-дупер-високо ниво и имав таканаречено “креативно будење”. Фала на тимот за тоа 🙂
Кои се твоите планови за иднината? Што би ни кажала за крај?
Од oктомври ќе работам во e-commerce стартап во Берлин, огромен предизвик но во исто време неверојатна шанса за миленијал како мене. Работите што ги научив за време на мојата пракса со сигурност ќе ги применувам и таму. Да не заборавам, Brainster network-от е отворен круг на паметни и реализирани луѓе кои секојдневно се трудат да бидат подобри и поуспешни. Сигурна сум, уште милион ракети се на патот да бидат направени 🙂