Како се станува од почетник до програмер за 6 месеци, ако доволно се посветиш и веруваш во твојата желба за кариерна трансформација? Запознај ја Ангела, нашата нова колешка како Full Stack Web Developer, излезена од Академијата за програмирање на Brainster.

Уписите за новите Академии за програмирање се во тек: http://codepreneurs.brainster.co/

Ангела, опиши се во неколку реченици!

– Здраво јас сум Ангела, магистер по електротехника и информациски технологии во областа на Електроенергетски системи. Моментално сум вработена во Brainster како Full Stack Web Developer и асистент на тековната Aкадемија за програмирање.

Обожавам да патувам (гледам секој продолжен викенд да избегам надвор од Скопје), а слободното време преку недела го користам за да изиграм партија баскет или со друштво на пивце 🙂

Кога почна да програмираш? Зошто избра да си дел од Академијата за програмирање?

– Со програмирањето за првпат се сретнав за време на моите студии, но реално започнав да го учам и употребувам по запишувањето на Aкадемијата за програмирање на Brainster.

Ја одбрав токму таа Академија, бидејќи се изучуваат технологии кои што претставуваат една компактна целина во делот на Web Development.

По Академијата, се вработи во Brainster како Full Stack Web Developer. Што правеше пред тоа и како изгледа еден твој работен ден сега?

Пред да се вработам во Brainster, работев во дистрибутивна компанија, но повеќе во делот на администрација, кој со текот на времето ми стана премногу монотон процес и имав потреба од нешто ново во градењето на мојата кариера, па затоа и се одлучив да бидам дел од Академијата.

Во Brainster секој работен ден е динамичен, започнува со кодирање, смислување задачи за студентите на тековната Академија и повторно кодирање, како и дискусии со моите колеги во однос на подобрување на квалитетот и ефикасноста на работата.

На какви проекти работиш моментално, и на какви сакаш да работиш во иднина?

Моментално работам на еден нов проект што се крчка во Brainster (нема да откријам повеќе детали, следете не!).

Во иднина сакам да бидам дел од проекти преку кои ќе го надоградувам моето знаење и ќе се усовршувам себеси во областа на програмирањето.

Kако остануваш во тек со најновите трендови во Тech индустријата?

Работата како асистент на Академијата за програмирање и едуцирањето на новите студенти ми помага постојано да го освежувам претходно стекнатото знаење на истата. Google и Laracasts ми се најдобри другарчиња кога станува збор за следењето на трендовите во tech индустријата 😀

Сите идни програмери треба да знаат дека..

“Every great developer you know got there by solving problems they were unqualified to solve until they actually did it.”

Уписите за новите Академии за програмирање се во тек: http://codepreneurs.co/