Нов член во Brainster! Запознај го Раде Гичев – кој што само по 2 месеци на Академијата за програмирање се покажа толку многу, што си го зедовме во тимот!

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука.

Раде, што ќе ни кажеш за себе?

Јас сум мотивиран и амбициозен, млад, воден од резултатите кои се постигнуваат на професионално поле. Уште од основно образование почнав да се интересирам за компјутери и постепено почнав да се продлабочувам во оваа област, со што почнав да се фокусирам повеќе на софтверскиот дел, по што заклучив дека програмирањето всушност прераснало во пасија и еве ме тука со вас, спремен за нови предизвици.

Покрај програмирањето моето незаменливо хоби е фитнесот каде што се пронаоѓам себе си. Всушност и двете работи претставуваат хоби за мене со тоа што првото го применувам и на професионален план.

Беше дел од Академијата за Front-end програмирање. Зошто одбра да станеш програмер?

Како што наведов и претходно, првите знаци за интерес кон програмирањето се појавија кон крајот на основното образование. Како минуваа годините мојата цел беше константно да се надоградувам на ова поле и да се стекнам со потребните вештини кои ги има еден искусен програмер. Колку повеќе време поминував пред компјутер, толку повеќе се интересирав за софтвер.

Барајќи нови предизвици наидов на вашата Академија и решив да продолжам со своето едуцирање тука, во Brainster.

По Академијата, стана дел од тимот на Brainster, како Front-end Developer! Како изгледа патот што треба да го помине секој почетник програмер?

Да бидам искрен, не е толку лесно. Можеби поради тоа што имав претходно познавање мене ми беше полесно да станам дел од вашиот тим, но дефинитивно патот до стигнување на ова ниво е долг. Позади овој успех стои тимот на Brainster, но и непреспаните ноќи истражувајќи за програмерството низ сите овие години, што ми го олеснаа патот да постигнам таков охрабрувачки резултат.

На какви проекти работиш моментално? Како изгледа еден твој работен ден?

Моментално сум дел од front-end проекти на кои се работи напорно и каде го насочувам целиот мој фокус.

На идните програмери им препорачуваш..

Мојата порака до новите програмери, но и до сите млади е да не се откажуваат од своите цели и да продолжат да ги прават работите кои ги исполнуваат. Борбата за постигнување успех во одредена сфера е тешка и не престанува никогаш. Следете ги вашите инстинкти, работете напорно и резултатите се неизбежни.

 

Целосната програма за Академијата за програмирање види ја тука.

Како до 1.000.000€? 🤫