Маги Настевска Димоска е алумни од Академијата за дигитален маркетинг која собра храброст и мотивација за време на академијата да започне свој бизнис Tasty Box и да направи целосна кариерна трансформација. Желбата за напредок и преточување на знаењата стекнати за време на академијата беа нејзината најголема мотивација за почеток на овој интересен кариерен пат.
Во продолжение, си поразговаравме со неа за нејзиното искуството од оваа Академијата и како дошла до идејата за бизнисот
Раскажи ни на кратко за тебе – Која е Маги?
Маги е мајка на Лука и Давид, сопруга, сопственик на креативен бизнис и од неодамна дигитален маркетер, имам 25 години и сум од Скопје, уживам во активности во природа со семејството, готвењето е моја пасија и често правам некој нов рецепти додека слушам подкасти истовремено. За себе сметам дека сум упорна личност, секогаш спремна за нови предизвици и понекогаш дозволувам да ме надвладее желбата за ризик.
Ти си една од студентите кои ни потврдија дека со голема желба и амбиција, може да се постигнат големи успеси. Како си поминуваше на Академијата за дигитален маркетинг?
Токму така, големата желба и амбицијата ми беа главна водилка, меѓутоа морам да признаам дека беше малку стресно околу постигнување на сите обврски во време на пандемија и одржување на рутина со мали дечиња. Меѓутоа дефинитивно крајниот исход е позитивен. Огромна предност е што академијата се одвиваше онлајн и предавањата можев да ги преслушувам доколку изоставам нешто. Научив многу од академијата за дигитален маркетинг, се препознав себе си во некои од модулите и знам во која насока би одела во идинина. Би додала дека супер се дружевме “виртуелно” во група 24 и стекнав нови пријателства.
Дур беше наш студент, реши да започнеш свој бизнис. Раскажи ни нешто повеќе за тоа од каде потекна идејата? Како се одвиваа работите до нејзината реализација?
Се решив да започнам по моментот кога достигнав некоја сигурност дека можам да се потпрам на знаењето од академијата дотогаш и престанокот на породилното отсуство. Пред се замислата ми беше да го претворам креативно творење во бизнис идеја, нешто што ќе ме исполнува, но и ќе можам да заработам истовремено.
Која е приказната на Tasty Box?
Приказната започнува да талка низ мислите многу порано, меѓутоа трпеливо се чекаше моментот кога Tasty Box ќе започне официјално. Со месеци истражување, црпење инспирација и забележување на секоја помината мисла за да се склопи една визија по која ќе се водам. Мојата замисла беше да создадам бренд за секој кој придава значење на тоа што го подарува и смета дека подарокот зборува наместо нив.
За што се однесува твојот бизнис и од каде инспирацијата за креативните продукти?
Мојот бренд нуди решение за уникатен подарок за секаков повод. Продуктот е персонализирана кутија со храна (со пијалок најчесто), декоративен и однадвор и одвнатре. Инспирација ми беа странски компании кои ги нарекуваат овие кутии grazing boxes или charcuterie boxes, меѓутоа за нашиот пазар одлучив да ги модифицирам малку и да додадам и елементи кој се прифатливи и тренд во нашата земја.
Како Академијата те припреми за започнување на сопствен бизнис? Што досега од знаењето го имаш искористено во пракса?
Најголем акцент ставам на креирање квалитетна содржина и оптимизирани објави на социјалните медиуми бидејќи сметам дека органскиот досег е долгорочен и најодржлив. Исто така e-mail маркетинг е нешто на коешто работам следно.
Кои моменти од Академијата за дигитален маркетинг ти останаа најмногу во сеќавање?
Особено возбудливо и верувам на сите најголемо сеќавање ни остави хакатонот, одлично искуство кое нè припреми за понатаму, задачи за краток рок, работа под притисок и справување со различните ставови и мислења на останатите членови. Во впечатоците ми е врежано тоа што восхитував на предавачите, мило ми е што имав можност да учам навистина од најдобрите.
Кој е твојот совет до сите оние коишто сакаат да направат кариерна трансформација во една од најкреативните професии?
Дефинитивно да имаат смелост, талентот нема да ги “предаде”, меѓутоа и покрај тоа посветеноста е таа која има најголем удел во успехот. Не секогаш мотивацијата ќе преовладува, меѓутоа никогаш да не се откажат и да се фокусираат на целта.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!