Инструкторите од Академијата за UX/UI дизајн ни зборуваат за програмата

Инструкторите на нашата Академија за UX/UI дизајн важат за професионалци со докажана експертиза и долгогодишно искуство во различна област од UX/UI дизајнот. Тие несебично го делат своето знаење и искуство со студентите на интерактивен начин. Под менторство на нашите инструктори, студентите се подготвени за сѐ она што ги очекува во иднина како нови генерации на UX/UI професионалци.

Сите добро знаеме дека преку работа на реални проекти за реални клиенти најдобро се учи материјата. Па, затоа програмата на Академијата за UX/UI дизајн е методично изработена и оди чекор понапред во учењето на начин што им овозможува на студентите да го изградат своето портфолио работејќи на различни проекти.

Нашата цел е студентите да ја направат посакуваната кариерна трансформација и да ја пронајдат работата од соништата во една од најбараните и најплатените професии на денешницата – UX/UI дизајнот.

 

Во продолжение запознајте ги нашите инструктори и прочитајте што тие имаат да кажат за модулите кои што ги предаваат


Мартин Теновски

Мартин е професионалец во областа на дигиталниот и графичкиот дизајн со повеќе од 6 години активно искуство и усовршување. Тој е сопственик на Atlas Solutions Inc, a покрај тоа е и Creative Director & Webflow Expert кaде што работи за познати компании како што се: NoMoreWires, NBA, AMG и Los Angeles Lakers. На нашава Академија за UX/UI дизајн, Мартин ни го предава модулот „Дигитални алатки“.

  • За модулот „Дигитални алатки“

Во текот на модулот на кој што се изучуваат алатките, студентите се запознаваат со најупотребуваните софтвери во денешно време, а кога станува збор за UX/UI дизајн тоа се: Figma, Adobe XD и InVision Studio.

  • Најдобриот метод за учење на нови алатки?

Лично верувам дека најдобар метод за учење на нови алатки е преку практична работа со истите, поради тоа што еден дел од часот е предвиден за објаснување на некои од функциите кои ги нуди алатката, а останатите дел од часот е користење на алатките преку практична работа односно вежби. Овој метод пружа можност студентите веднаш да започнат со користење на софтверот, да ги научат сите функции, а воедно и полесно да го совладаат материјалот.

При работа на реален проект студентите добиваат можност да го истакнат нивното креативно размислување, да искористат и научат многу нови работи, како и да го подобрат нивното знаење кога станува збор за алатките.


Јане Наумоски

Јане е професионалец со повеќе од 10 години искуство во својата област кој што ни ги предава модулите „Дизајн“ и „UI” на Академијата за UX/UI дизајн. Знаењето кое што го има стекнато го пренесува на студентите преку искуства и преку примери од проекти на кои што има работено. И, секако, преку многу други интересни примери и практична работа. Неговиот совет до сите гласи вака „За да станете успешни, фокусирајте се на една гранка во дизајнот (или било што ве интересира) и усовршете ја со многу работа.“

  • Што се изучува на модулот „UI” и колку е важно неговото знаење за UX дизајнерите?

User Interface е еднакво важен ако и User Experience. Ако вашиот продукт е со одлично корисничко искуство, но со лош интерфејс, крајните корисници нема да бидат задоволни од продуктот. Што значи дека посакуванит резултат не би се постигнал ни во обратна ситуација (одличен интерфејс, но лошо корисничко искуство). Значи, едното без другото не може да донесе резултат и затоа е важно секој дизајнер да е подготвен да креира и одлично корисничко искуство и одличен интерфејс.

На модулот „UI” се учи типографија, теорија на бои, конзистентност на дизајн и дизајн системи. Со други зборови, сè она што е потребно за да се направи таканарачен pixel perfect дизајн.

  • За тајната на успешните реални проекти?

За да се сработи успешно еден UX реален проект потребно е: да се следи брифот кој што е даден од страна на клиентот, да се прочита и анализира до детали, па според тоа да се спроведе истражување. Но, најважно е да се биде фокусиран на проектот и многу, многу да се работи.

  • Ни ја објасни разликата меѓу „UI“ и „Дизајн“ како посебни делови од програмата

Во „Дизајн“ градиме wireframes кои се базираат на истражувањето кое сме го направиле претходно. Во оваа фаза не користиме бои и не се фокусираме на фонтови и фотографии, за да заштедиме време кога ќе ги правиме промените кои ќе произлезат од повратната информација на клиентот.

Во „User Interface“ тие wireframes ги разубавуваме со боите на брендот и посветуваме време на типографијата и на фотографиите и/или илустрациите. Крајниот производ мора да биде пријатен за окото на крајните корисници.

 


Горјан Јовановски

Горјан е софтверски инженер кој што беше тим лидер во Booking.com во Амстердам, но реши да се посвети целосно на својот дигитален продукт – апликацијата „Мој Воздух“. Тој исто така е активист, а воедно и инструктор на модулот „Front-end” на нашата Академија за UX/UI дизајн.

  • Со што ќе се запознаат студентите на модулот „Front-end“?

На „Front-end“ модулот, секој кандидат се запознава со основите на HTML, CSS и JS. Студентите ќе знаат да направат едноставни статични веб страни (како нивно портфолио), ќе ги научат потребите што како дизајнери ќе треба да достават на нивните front-end колеги, и на што да размислуваат кога ќе го прават дизајнот (гледам многумина дизајнери забораваат на мобилните верзии).

Ќе научат кои се лимитациите на веб системите (за да не бараат нешто апсурдно од девелоперите), и како да прават мали прости промени на постоечки сајтови без да им е потребна помош.

 

Барбара Кошаркоска Видиновски

Барбара е магистер по графички и интерактивни комуникации, како и професионалец кој се стреми да им го олесни животот на корисниците. Таа на Академијата за UX/UI дизајн ни предава на модулите „Стратегија“ и „Анализа“.

  • Што се изучува на модулот „Стратегија“?

Модулот „Стратегија“ е првиот кој што се изучува на Академијата за UX/UI дизајн и е фокусиран на интерактивни методи каде што студентите учат преку дискусија, реални интервјуа со клиенти и корисници, со цел да го дефинираат проблемот.

Во овој модул сакам да иницирам студентите да започнат да го развиваат своето своето критичко размислување, како и да ги охрабрам да започнат да гледаат на дизајнот од перспектива на решавање на проблемот.

  • Зошто е важна „Анализата“?

Во модулот „Анализа“ собираме и анализираме податоци од дизајн истражувањето. Се изучуваат и различни техники за собирање на податоци. А исто така, учиме и методи на презентирање на резултатите на стејкхолдерите и проект менаџерите со цел да нè разберат подобро.

Уште еднаш во овој модул се потврдува колку е важно во истражувањето да бидат вклучени вистински корисници. Есенцијално за добро корисничко искуство е да се следат податоците во дизајн процесот.

 

 

Погледни ја целосната програма и модулите кои што се изучуваат на Академијата за UX/UI дизајн тука.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!