Барбара К. Видиновски – нов инструктор на Академијата за UX/UI дизајн

Барбара Кошаркоска Видиновски е новото засилување на тимот на инструктори на Brainster заедницата која што ни  предава за стратегија и анализа на Академијата за UX/UI дизајн.

Таа е магистер по графички и интерактивни комуникации, човек и професионалец кој се стреми да им го олесни животот на корисниците и секој ден сака да биде малку поразличен од претходниот.

Обожава да готви, да поминува време во природа, сака да учи јазици што не ги разбира и да се дружи со омилените луѓе. Бидејќи потекнува од Словенија, каде и да оди ја бара „словенечката“ нијанса на зелена боја и нејзиното специфично „л“ ја издава одма дека не е од Македонија.

 

Си поразговаравме со нашата нова инструкторка за нејзиниот модул и нејзиното уникатно професионално искуство.



Здраво Барбара. Имаш богато искуство во оваа професија со што можеш да им понудиш уникатно искуство на студентите како експерт во својата област. Кажи ни нешто повеќе за себе.

Работев како UI, UX дизајнер и како UX истражувач. Имав голема среќа што во студентските денови кога UI и UX на нашите простори не беа баш популарни, па на факултет можев да учам од експерти од таа област од кои сфатив што сакам да работам во животот.

Обемот на тематиките кои што ги учев на факултет беше многу помал од тој што можат студентите да го научат на академијата, па затоа точно знам кои препреки требаше да ги поминам и што требаше да научам сама за да почнам да се движам во прав правец и да стигнам до ниво на кое што сум моментално.

Така што јасно ми е дека на почетокот работите звучат многу апстрактно, збунувачки и дека терминологијата не е баш најразбирлива. Знам каде јас и моите дизајнерски другари правевме грешки и поради тоа на студентите можам со најреални примероци да им објаснам зашто некои работи се многу важни.

 

Како се чувствуваш на новата работна позиција? Кои се твоите очекувања?

Одлично, исполнето и пред сè со голема одговорност. Моите очекувања се студентите да ги воодушевам за истражувачкиот дел кој што се прави пред дизајнирање и со моето знаење и предавањата да им помогнам на нивниот иден професионален план.

Од студентите пак очекувам: да не се плашат, да бидат храбри, да веруваат во себе, да поставуваат прашања за сè, да се љубопитни во целиот процес и да не престанат да размислуваат за корисниците.

 

Како може да се стигне до една успешна стратегија која ќе даде позитивен резултат?

Ние, како UX дизајнери гледаме на стратегијата како начин на размислување кој нè движи напред во процесот на развивање на продуктите. При градење на UX стратегија секогаш треба да знаеме што се случувало со продуктот кој го развиваме во минатото, што се случува со продуктот во овој момент, за да можеме да ја создадеме визијата на продуктот во иднината и патот по кој што треба да се движиме.

Процесот е итеративен, бидејќи многу пати ќе се преиспитуваме и ќе проверуваме дали сме на прав пат, често ќе ги коригираме грешките и ќе бараме нови решенија за проблемите кои што ги решаваме. Но, секако во процесот секогаш гледаме да ги задоволиме барањата на корисниците и при тоа да не заборавиме на бизнис целите на продуктот. Така знаеме дека сме на прав пат кон градење на успешна UX стратегија.

 

Што се изучува на модулот „стратегија“ и што значи тоа поточно?

Во модулот учиме како се прават и зашто се важни интервјуата со засегнатите страни, како се гради визија за еден проект и какво влијание при тоа има информациската архитектура.

Бидејќи модулот стратегија е прв модул со кој студентите го почнуваат патот како идни UX и/или UI професионалци, поминуваме и некои други тематики кои што на студентите им помагаат да почнат да гледаат од поинаков агол и да разберат како се градат дигитални продукти.

 

Каква ќе биде динамиката на одвивање на предавањата?  

Предавања се спој на теорија, дискусија и пракса. Со теорија се запознаваме со тематиката која ја учиме. Преку дебатата со студентите секогаш гледам кој и како индивидуално ја разбира материјата, кои делови се јасни, а кои помалку јасни. 

Преку овој двонасочен процес се трудам секогаш на наједноставен начин, на студентите да им ги објаснам овие не баш едноставни тематики. Преку пријателски и непосреден разговор секогаш може најбрзо да се разјаснат сите нејаснотии. 

 

Кое е твоето мислење за работата на реалните проекти? Дали сметаш дека тие помагаат при надградување на вештините на студентите?

Преку пракса, секако студентите ќе можат реално да го применат теоретскиот дел, а тоа е од суштинско значење за нивното профилирање како идни дизајнери.

Секако, мотивацијата кај реалните проекти е поинаква како кај фиктивните, бидејќи студентите знаат дека работата е „озбилна“ и сакаат што повеќе знаење да добијат во тој процес и да се докажат. 

Со клиентите, студенти најчесто прават интервјуа, учат за побарувања и од нив на крај добиваат повратни информации, што за идните професионалци во областа на UI i UX е „најдобро школо“.

 



Доколку размислувате за кариера во областа на UX/UI дизајн и сте подготвени да учите од искусни и докажани инструктори во ова поле, закажете информативна средба со координаторот на Академијата ТУКА.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.