Разговараме со Мартин, новото засилување во тимот на инструктори на нашата Академија за UX/UI. Тој е сопственик e на Atlas Solutions Inc, a покрај тоа е и Creative Director & Webflow Expert кaде што работи за познати компании како што се: NoMoreWires, NBA, AMG и Los Angeles Lakers.
Професионалец во областа на дигиталниот и графичкиот дизајн со повеќе од 6 години активно искуство и усовршување. Покрај искуството во професионалниот свет, за оние кој го познаваат, Мартин важи за доста друштвена и позитивна личност.
На нашава академија, Мартин го држи модулот за продукција и е задолжен за пренесување на целото свое знаење на студентите за како подобро да го организираат и реализираат финалниот продукт.
Поразговаравме со него за новата работна позиција, за неговите очекувања и што точно значи продукцијата.
Мартин, можеш ли да ни раскажеш какво е чувството на новата работна позиција? Кои се твоите очекувања?
Ми претставува огромно задоволство тоа што ја добив понудата да го пренесам своето знаење на едно напредно ниво – Академијата на Brainster. Сметам дека секогаш има простор за подобрување, но исто така и дека оваа работна позиција за мене преставува зголемување на искуството исто како и подобри идни генерации на дизајнери.
Кој би бил начинот на одвивање на предавањата? Како најлесно ќе може да им се пренесе знаењето на студентите?
Одвивањето на предавањата би се одвивало во доста опуштена атмосфера, со интеракција и учење со помош на квизови и реални проекти.
Кое е твоето мислење за работата на реалните проекти? Дали сметаш дека тие помагаат при надградување на вештините на студентите?
Апсолутно. Покрај теоретскиот дел во текот на предавањата, сметам дека токму работата на реалните проекти е вистинската можност за студентите да ги применат и подобрат своите вештини како и да научат нови.
Имаш богато искуство во оваа професија, можеш да понудиш уникатно искуство на студентите како експерт во својата област. Што ќе им помогне на студентите полесно да ја совладаат тематиката?
Бидете фокусирани и не се плашете да научите нешто повеќе. Бидејќи секој професионалец не е таков само поради тоа што го бива, туку постојано се труди и не се плаши од предизвиците. Мотивација, фокусираност, учење и дружељубивост се единствените услови за лесно и ефикасно совладување на тематиката.
На Академијата за UX/UI дизајн си новиот инструктор по продукција. Што опфаќа продукцијата? Што поточно се прави во овој момент од UX процесот?
Продукцијата го претставува процесот на производство односно производство со целото свое значење. Гледајќи од аспект на дизајнот или поточно UX/UI дизајнот овој дел е еден од најбитните вештини кои треба еден професионалец да ги знае односно применува. Со помош на доброто разбирање на овој процес доаѓа до подобра организација и реализација на финалниот дизајн односно продукт.
Со други зборови, продукцијата е целиот оној процес со кој еден професионалец од полето на UX/UI дизајнот се соочува секојдневно. Односно, тука се опфатени сите потребни алатки, вештини и знаење со цел успешна реализација на проектот. Па така, сметам дека ова е нешто кое е најпотребно за да изградите успешна кариера во областа.
Сопственик си на Atlas Solutions Inc. Како дојде до идејата да отвориш сопствен бизнис? Што се е потребно бизнисот да биде успешен?
Најбитниот дел од остварувањето и реализирањето на идејата за започнување сопствен бизнис е желбата за успех, учењето на нови работи и преземањето на ризик. Од аспект на тоа дали бизнисот ќе биде успешен или не, потребно е да имате нешто со кое ќе се разликувате од веќе-постоечките бизниси, односно да биде иновација.
Раскажи ни за некој твој проект на кој што си премногу горд на себе.
Кога доаѓа моментот на ова прашање, одговорот е доста тежок. Земајќи во предвид дека секој проект е доста битен и има свој приоритет а со тоа и заслужува да добие свое место во професионалната кариера.
Сепак, како проект на кој сум доста горд на себе би го издвоил проектот за NBA односно Los Angeles Lakers. Во текот на оваа соработка беа опфатени повеќе проекти меѓу кои и изработка на веб-страници за професионалните програми на Phil Handy и Steve Nash кои важат за легенди во светот на кошарката.
За мене овој проект претставуваше голем осврт на мојата кариера а воедно и преземање на ризик од кој може само да се научи.
И за крај, сподели ни ја твојата дефиниција за успех на личен и професионален план
„Бидете уникатни. Не се откажувајте и дефинирајте ги вашите животни цели навреме а потоа искористете ја шансата.“
Доколку размислувате за кариера во областа на UX/UI дизајн и сте подготвени да учите од искусни и докажани инструктори во ова поле, закажете информативна средба со координаторот на Академијата ТУКА.