Горјан Јовановски, инструктор на Академијата за UX/UI дизајн

Горјан работешe на супер позиција како тим лидер во Booking.com во Амстердам, но пред некое време реши да врати и да се посвети на својот дигитален продукт – апликацијата МојВоздух. Тој е и активист и инструктор на два модула на Академијата за UX/UI дизајн (Front-End и продукт менаџмент).

Разговаравме со Горјан на тема патот од идеја до завршен продукт, креирање на нешто свое и општо за него како професионалец.

 

Горјан, раскажи ни од прва рака како е да имаш идеја, да ја реализираш и активно да работиш на неа? 

Тоа е прекрасно нешто! Отсекогаш сум сакал да работам на нешто мое, а уште подраго е што веќе 5 години го растам МојВоздух, за сега целосно да можам да му се посветам. Навистина прекрасно чувство!

 

Што е потребно да реализираш сопствена идеја?

Многу желба, истражување, знаење и малку среќа. Без пасија за идејата, ништо не правиш, тука ти завршува приказната. Ако ја имаш пасијата, мораш да истражиш дали има пазар за твојата идеја. Потоа, само ако има пазар, да составиш тим со тие потребни знаења за да се изведе истата и малку среќа добро да ти тргнат работите. 🙂

 

Што научи преку создавањето и работењето на МојВоздух и што од наученото сакаш да пренесеш на други?

Дека секој пазар е различен и си бара свое истражување. Посебно на Балканот, каде сме доста сензитивни околку одредени гео-политички разлики, па голем предизвик е да најдеш начин како најнеутрално да пристапиш кон истите, за да не ти ја загрозат главната цел на апликацијата.

 

Раскажи ни за искуството во Booking.com. Како стигна до таму?

LinkedIn регрутер ме повика. Од тогаш мојот LinkedIn профил е скоцкан максимално. На секој му препорачувам да го направи истото, бидејќи во денешно време таму се гледа најмногу.

 

Кои ти беа одговорностите како тим лидер ?

Мојата задача беше да се грижам за тимот. За нивното здравје, среќа, продуктивност и изведбата на задачите. И тоа по тој редослед. Луѓето секогаш доаѓаат на прво место.

 

Која е најважната работа што ја научи во таму, а сакаш да ја пренесеш тука?

Би рекол најбитно е да разбереме дека луѓето не се роботи и дека не можат да работат 8 саати во денот. Тие имаат и приватни животи, обврски, секирации. Некој раскинал со партнерот, нечиј родител можеби е во болница, некој дома му тече од кај комшијата – голем број причини за стрес кои се пресликуваат на работата. Менаџерите не смеат да заборават на нив кога зборат со нивните колеги.

 

Колкави познавања од Front-End треба да има еден UX дизајнер?

Дефинитивно, според мене, мора да знае основни дизајни сам да ги склопува во код. Бијдеќи со знаење на технологијата, ќе може да ги знае и нејзините ограничувања и со тоа да не бара луди работи од програмерите.

 

Дали програмирањето е твоја прва и последна љубов?

Програмирањето е пасија, љубовта ја оставам за луѓето околу мене ❤️

 

Останати се уште само 4 места на Академијата за UX/UI дизајн. Резервирај го своето место тука.

 

 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫