Запознаени сме дека Хакатоните се инкубатор за идеи на нови производи. Како дел од нашата програма на Академијата за UX/UI дизајн, студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, поделени во тимови, постигнувајќи ја крајната цел за клиентот. Вистинскиот предизвик е да се најде финалното решение за само 48 часа!

Со таа цел, го организиравме првиот интернационален Хакатон на Академијата за UX/UI дизајн, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Македонија и Академијата за UX/UI дизајн во Виена.

Овој Хакатон ги зближи креативните умови на студентите, за да им помогне да се справат со предизвикот даден од страна на нашиот Learning партнер – Traders Alloy. Станува збор за start-up кој е во почетна фаза и се занимава со финансии. Тие веќе имаат десктоп апликација, но сакаат да понудат и мобилна апликација на своите клиенти, а тука стапуваат на сцена нашите студенти. 


Задачата на тимовите беше да развијат четири иновативни и свежи идеи за решенија за UX/UI дизајнот на мобилната апликација.
Тимската работа, взаемната соработка, неуморното работење за иста цел, новите знаења, па и дружбата, се дел од работите кои студентите ги стекнаа од присуството на овој Хакатон.

Тим 1: Anita Miskovic, Tea Prpic Pozgajcic, Sergiu Clipei


Овој пат, на Хакатонот учествуваа 15 студенти кои беа пријавени, поделени во тимови по 2, 3 и 5 члена. Откако беа избрифирани од страна на клиентот за тоа што се очекува од нив, веднаш започнаа да ги имплементираат чекорите потребни за да стигнат до крајниот резултат.

Тим 2: Lilla Kisberi Varga, Jasmina Kevric


Целта на овој Хакатон беше да се дизајнира user-friendly мобилна апликација за да се надополни веб апликацијата на клиентот, нудејќи им на корисниците работен простор за нивните акции и инвестиции, кога се излезени или пак додека работат.

Тим 3: Дарко Ѓичев, Олгица Бошевска, Софија Шутарев, Теа Мишевска, Небојша Ангеловски


Неверојатно е како секој тим успеа да направи толку многу за само 48 часа! Тие дадоа сè од себе, од интервјуа со стејкхолдери до прототипови и завршија со презентација на финалното решение за стејкхолдерите.

Тим 4: Ана Крстевска, Горјан Спасев, Мери Мондовска, Петар Поповски, Симона Ѓошева


Помеѓу тие фази, тимовите правеа и интервјуа со корисниците, врз основа на кои тие успеаа да дознаат од прва рака за употребливоста на продуктот. Ги применија методите кои ги изучија на Академијата за UX/UI дизајн за да креираат персони на корисници, корисничко патување и текови на задачи. Откако беа спроведени и поставени сите истражувањa и анализи за конкуренцијата, нашите студенти започнаа со скицирање.

Тестирањето и испитувањето на различни верзии им овозможи да преминат на следната фаза каде што се дефинира производот, а тоа се скиците и прототиповите.

Мартин Теновски, Ана Трандафир, Димитар Тутковски


Тимовите добија подршка од менторите кои им стоеа на располагање во секое време, водејќи ги низ целото искуство. На овој Хакатон, како ментори се појавија: Ана Трандафир, Мартин Теновски и Димитар Тутковски – професионалци и експерти во својата област, а воедно и дел од тимот на инструктори во Brainster.

Клиентите Petter and Andrew од Traders Alloy, обезбедија голема поддршка на секој тим. Беа достапни за било какви прашања, консултации и совети, за тимовите да можат да ја постигнат својата цел. Тимовите работеа напорно целиот викенд, со цел да создадат одржлив производ кој ги исполнува барањата и очекувањата на клиентот, а исто така да го подобрат и корисничкото искуството на потенцијалните корисници.

 

Победничкото решение на овој Хакатон му припадна на Тим 1, составен од членовите: Anita Miskovic, Tea Prpic Pozgajcic и Sergiu Clipei.

Честитки на целиот тим за достигнувањето и продолжете да редите успеси!

Ова беше неверојатно искуство за нашите студенти – тие започнаа да работат на еден поинаков, возбудлив и предизвикувачки проект, во трка со времето, под притисок, градејќи еден продукт којшто е функционален и за клиентот, и за корисникот.

И покрај тоа што Хакатонот беше виртуелен, студентите се забавуваа и размислуваа на идеи, соработувајќи на интернационално ниво со цел да стигнат до крајниот продукт. Ова е сигурно еден од најнезаборавните начини за да се помине еден викенд продуктивно!

Огромна благодарност до сите учесници и менториte на овој Хакатон!


Клиентот за искуството на овој Хакатон ни сподели:

Навистина уживавме на овој Хакатон! Искуството е поразлично. Беше добро организиран и структуиран, што придонесе да се фокусираме на интеракцијата со студентите за тие да можат да го добијат најдоброто од ваквиот начин на учење. Студентите беа вредни, иновативни и не се двоумеа да комуницираат со нас кога имаа нејаснотии.

Да сумираме, би сакале да ги дадеме на Brainster и на студентите кои учествуваа на Хакатонот, нашите најдобри препораки.

 

Во продолжение, студентите ни раскажаа како си поминаа на овој Хакатон:

Софија Шутарев: Да се работи во тим е супер, единствено како bump in the road е тоа што бевме измешани од двете групи и не се знаевме доволно добро помеѓу себе и стилот на работење, што го успори малку целиот процес, но најдовме начин да соработуваме. Во секој случај е супер искуство и мило ми е што се пријавив на Хакатонот.

Симона Ѓошева: Дефинитивно ми помогна работата во тим. Сите членови беа трудољубиви и полни идеи што не било случај на сите досегашни тимски соработки.

Олгица Бошевска: Според мене беше многу добро организирано. Супер беше идејата да имаме Google calendar invite за секоја сесија и тоа беше добро потсетување во текот на Хакатонот. Имавме огромна помош од клиентот – Traders Alloy, многу повеќе од очекуваното. Исто така, имавме и огромна помош од менторите во секое време. Одлична организација уште еднаш.


На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.

Останати се само уште неколку слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.