Запознајте ја Ирина Стаменковска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец април 2022.

 

Име и презиме: Ирина Стаменковска

По професија: Наставник по англиски јазик

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш човечки ресурси: Јас сум човек кој сака да работи со луѓе и кој сака да придонесува и да биде дел од нивниот развој. Долги години тоа го правев преку едукација на тинејџери и адолесценти, а сега би сакала да се посветам на одржување и развој на кариерниот пат на вработените, како и на градењето позитивни меѓучовечки текови во компаниите кои се рефлектираат и на стабилноста на компаниите, во смисла на креативниот и професионалниот потенцијал на нивните вработени.

Што те мотивира постојано да учиш: Сметам дека со секое ново знаење или вештина со кои се стекнувам, станувам побогата, посамоуверена, поспособна, како и посреќна. Возбудата кога се наоѓам пред предизвик, како и задоволството кога ќе научам нешто ново кое всушност ми е потребно за решавање на предизвикот, се доволни сами по себе за да ми дадат мотивација да продолжам да учам и да се надградувам. Доста често, учењето подразбира и запознавање и комуникација со нови луѓе, што исто така е поттик бидејќи така не го добивам само знаењето на одредена тема, туку и дознавам различни приказни на нови и интересни личности.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Не би можела да издвојам една работа како најинтересна, туку би кажала општо дека најголем впечаток ми оставија сите можни алатки и вештини со кои се запознав во текот на модулите, како што се: CRM платформи, Recruiter Lite и Talent Insights на LinkedIn, Boolean Search, Performance Management System, PDP. Дел од теоријата и претходно ми беше позната, но практичната примена на знаењето, особено со користење на алатките, ми е најинтересниот дел на Академијата.

Омилен модул и зошто: Пред да започнат часовите и лекциите на Академијата, наставникот во мене сметаше дека омилен модул ќе ми биде „Учење и Развој на Вработените“. Но, како почнаа модулите да се нижат, сите теми некако ми стануваат интересни и омилени. Всушност, сѐ повеќе сфаќам дека успешен менаџер на човечки ресурси треба да има одлично познавање од сите области за да може целосно да се посвети на грижата за вработените од секоја гледна точка.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија голем впечаток, а сите допринесуваат кон моја поголема посветеност на секој модул одделно. На пример, Лиле и Ана на еден прекрасен начин отворија еден цел нов свет пред мене – светот на современата регрутација, Вики внесе прекрасна енергија на часовите која толку многу ме мотивираше да дадам сѐ од себе за навистина да го совладам „Менаџирањето на Перформансата“, Моника со нејзината посветеност на помагањето и со непосредниот начин на споделување на нејзиното лично искуство навистина ми помага во истрајноста и потврдувањето дека сум на вистинското место.

За 5 години сакам да бидам: Среќна, успешна и задоволна.

Хоби: Jigsaw puzzles, патување, пливање, гледање на филмови и серии.

Омилена книга: Мојата романтична душа и критериумот дека книгата, пред сѐ, треба да е квалитетно напишана и да остава печат на времето во кое е пишувана, не дозволуваат некоја друга книга освен Pride and Prejudice да го заземе пиедесталот на моја омилена книга.

Омилен цитат: “The beginning is always today.” – Mary Wollstonecraft Shelley

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!