Од активист во невладин сектор до програмер! – Антонио Стоименов

Да, програмирањето е многу повеќе од куцање код. Антонио беше избран како програмер на неделата и не престанува тука. Како иден програмер и дел од Академијата за Full-Stack програмирање, спремен е да содаде проекти кои ќе имаат големо влијание во општеството.

Здраво Антонио! Зошто баш ти си програмер на неделата? ?

Вложениот труд и посветеноста кон кодот си го прават своето. Искрено, сите учесници ја имаме можноста да се истакнеме за време на предавањата и вежбите па така моментот со програмер на неделата претставува одличен начин да се мотивираме и повеќе да се посветиме на активностите. Го доживувам како нешто заслужено и притоа сум среќен што имаме ментори и асистенти кои целосно не следат додека се развиваме како програмери и знаат да не поттикнат да постигнеме уште повеќе. Социјалното признание знае да игра голема улога во почетоците на градење на која и да било кариера па затоа ја поздравувам оваа традиција секоја недела да биде истакнат учесник на Академијата.

Како стигна до оваа 20 неделна и интензивна програма?

Првото мое соочување со програмирање беше во прва година на факултет. Бегав од него ко од ѓавол. Мислев дека тоа е досадна работа каде што само куцкаш кодови и ништо не се дешава. Со текот на времето се ориентирав накај програмерскиот свет и дојдов до момент каде што сфатив дека програмирањето е многу повеќе од куцање код. Почнав да се навлекувам се повеќе и повеќе и решив да почнам да градам кариера во тој свет. Кога ја видов Академијата и можностите што ги нуди бев 100% сигурен дека сакам ја завршам. Не само да се запишам на неа, туку и да се реализирам себеси со професија што ме привлекува и притоа нуди многу повеќе од пристојна заработка.

Што правеше пред Академијата за програмирање?

Пред Академијата воглавно бев посветен на моите студии. Сакав со формално образование да добијам знаење и можност да ми се отворат вратите за професијата што ќе ја стекнам. Но, тука наидов и на првата пречка. Стекнував знаење, дури и можности, меѓутоа бев свесен дека освен знаењето немав никаква практична работа позади мене. Немав ниту еден реализиран проект сам на себе и кога за прв пат влегов во фирма на пракса се чувствував целосно изгубен. Почнав да чувствувам омраза према мојата професија затоа што ме воведе во еден свет каде што бев оставен сам на себе, само со мое претходно знаење, да создадам нешто. Притоа без да имам минимално искуство. Тогаш ми светна во глава целата таа дупка што ја имаме во нашиот образовен систем. Сите непреспиени ноќи во читална со решавање комплексни задачи без да можеш воопшто да видиш каде се користи тоа, зошто е потребно тоа, да го примениш во реалноста. Дополнителна демотивација да престанеш да бидеш посветен и да бараш друг излез.

Карактеристики на добар програмер според тебе?

Да размислува 24/7, а да пишува код за 10 минути. Хаха, најдобриот дел од професијава е токму тоа. Ја развиваш логиката, го учиш јазикот и околината во која што работиш и после тоа се се сведува на размислување. Пред тебе има проблем што прво треба да го решиш, а потоа да го преточиш во код.
Повторувањето за кое што уште од прво одделение не учат дека е мајка на знаењето. Како и во секое градење професија и тука се поминува доста материјал и некогаш дури и забораваш дали одредено нешто си го учел. Затоа е битно да си во тек цело време со новиот материјал, но истовремено поминатиот да го повторуваш додека не ти стане целосно јасен и додека не срасне како дел од твојата професија.

И, пишуваш код за 10 минути? 😀 Како ти е на Академијата до сега?

Со оглед на обврските, знам да се чувствувам доста изморено и без енергија, меѓутоа самиот факт што патот ми е изоден повеќе од пола – мотивиран сум да продолжам уште посилно. Силата ја добивам од секоја решена ситница што некому не значи ништо, а мене ми е два саати удирање глава у ѕид и десетсекундно ечење со „уауууу, го решив“. Моментот им е познат на сите, и сите потајно уживаат во него колку и да не признаваат.

Покрај тоа, возбудливо е, себеисполнувачки е и дава момент на сигурност. Презадоволен сум од менторите и асистентите кои се секогаш тука за нас, а исто така ми е мил и моментот на запознавање нови луѓе што исто како мене се имаат впуштено во оваа авантура и се нестрпеливи да се осамостојат и да создадат проекти што ќе имаат импакт во општеството.

На идните програмери сакаш да им кажеш..?

Верувајте во себе. Штом сте ја избрале оваа патека значи претходно сте имале доверба во самите себе дека можете да ја изодите. Поставете си цели, и краткорочни и долгорочни. Остварувањето на едните е правопорционално со остварувањето на другите. И работете. Ама работете вредно и многу. Нека не ви биде битен моментот на исплаќање на тој труд, туку моментот на личната сатисфакција што ја постигнувате додека се остварувате себеси!

programeri bez rabotno iskustvo

 

 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.