Графичкиот дизајн е област каде што професионалците создаваат визуелна содржина која им користи да комуницираат пораки. Дизајнерите се служат со: бои, форми, типографија итн. Преку овој тип на дизајн, компанијата има можност да го поврзе својот бренд со потенцијалните потрошувачи. Преку графичкиот дизајн се пренесува пораката и идејата која стои зад проектот, настанот, кампањата или пак самиот производ.
Па, со цел да го подобриме искуството на студентите, како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, по модулот „Дизајн на пакување“ – студентите покрај работата на три реални проекти, имаа и можност да креираат дизајни за фиктивни брендови. Под менторство на нашата инструкторка Дијана Димитриевска, студентите успеаа да креираат совршени дизајни кои беа објавени на блогот на Packaging of the World.
Packaging of the World е идеја којашто започнува да се реализира во 2008 година и рапидно расте, за на крајот да стане еден од водечките блогови за дизајн на пакување во светот на интернетот. Packaging of the World има за цел да ги инспирира дизајнерите од целиот свет, да ги објават своите најинтересни и креативни проекти.
Галеријата на Packaging od the World секојдневно се збогатува со нови дизајни на пакување од најкреативните дизајнери, без разлика дали се студенти коишто запишале Академија за графички дизајн или пак се професионалци во својата област.
Како дел од оваа галерија, се најдоа и четири наши студенти кои покажаа голема амбиција и ги применија вештините кои ги научија во текот на овој модул.
Во продолжение можете да ги видите дизајните кои се објавени на Packaging of the World и да прочитате што ни раскажаа идните графички дизајнери.
Петар Нича
Петар е студент од Академијата за графички дизајн, а воедно и студент на Филозофскиот факултет во Скопје, со насока – Археологија. Во слободно време сака да патува, да планинари и спортува. Ни кажа дека графичкиот дизајн отсекогаш му создавал чувство на возбуда, релаксација и можност да ги искаже своите мисли.
Во продолжение си поразговаравме со Петар за неговиот дизјан
- Какво е чувството што твојот дизјан се најде на Packaging of the World?
Се разбира – предобро чувство! Те мотивира и инспирира да правиш повеќе дизајни и да се радуваш на нивниот успех.
- Што беше твојата задача? Која е приказната зад овој дизајн?
Мојата задача беше да направам дизајн на фиктивен продукт во модулот „Дизајн на пакување”. Приказната е сосема едноставна – маженственост и едноставност, преставено во дизајн на машки парфем таканаречен Aroma Appeal.
- Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн?
Одлично и мотивирано, соработката со менторите и студентите е супер.
- Омилен модул и зошто?
Тешко е да се одлучи. Секој модул е инспиративен, но кога би морал да одвојам – во „Layout“ модулот имавме доста интересни вежби и проекти кои навистина ми оставија впечаток и од кои научив многу.
- Твоето мото?
Escape the ordinary and get out of your comfort zone – it’s the only way to grow.
Натали Манго
Натали е студент на Академијата за графички дизајн, која има завршено на Факултетот за туризам во Охрид, со отсек менаџмент во услужен сектор. Но, сепак нејзината креативност решава да ја изрази преку графичкиот дизајн.
Си поразговаравме со Натали за нејзиниот дизајн
- Какво е чувството што твојот дизјан се најде на Packaging of the World?
Мојот дизајн го испратив на Packaging of the World со голема поддршка од моето семејство и мојата менторка Дијана. Откако го испратив дизајнот, добив одговор за многу кратко време, беа во прашање само неколку часа и не можев да поверувам. Чувството е прекрасно!
- Што беше твојата задача? Која е приказната зад овој дизајн?
Идејата за овој фиктивен бренд и пакување ми дојде преку ноќ, но како што нѐ учеше нашата инструкторка Дијана Димитриевска, секогаш треба да има некоја приказна зад самиот дизајн. Приказната е поврзана со еден од најатрактивните животински принтови – зебра принтот, надополнет со убави, летни, пастелни бои, како дел од пакувањето за сладолед – кој како десерт е она летно освежување на кое никој не може да одолее. Од самото пакување кое е тренди, модерно и доста вплечатливо произлегува и името на овој бренд – Fancy Gelato. Овој проект е дел од проектите кои ги имавме на модулот „Дизајн на пакување“.
- Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн?
Ја започнав Академијата без никакво претходно искуство и можам да кажам дека од првиот ден, па сѐ до денес, го гледам мојот огромен прогрес и во иднина се гледам како успешен графички дизајнер. Освен тоа, на Академијата за графички дизајн стекнав многу нови пријателства и од срце можам да им ја препорачам на сите оние кои сакаат да започнат да го изучуваат графичкиот дизајн.
Brainster е вистинското место, пред сѐ заради тоа што сите ментори целосно се вложуваат за несебично да ни го пренесат нивното знаење и секогаш ни стојат на располагање, а спред мене, тоа е клучот за поставување на добра основа.
- Омилен модул и зошто?
Мојот омилен модул е дефинитивно „Дизајн на пакување“, а за тоа е заслужна Диди, која толку охрабрувачки и мотивирачки нѐ бодреше на секој предизвик.
- Твоето мото?
Верувам дека во животот со голем труд, без отстапување од своите соништа, можеш да постигнеш сѐ!
Тијана Димчевска
Најголемата пасија на Тијана е графичкиот дизајн. За себе ни кажа дека отсекогаш ја привлекувале естетиката и симетријата, а на тоа се должи и нејзиниот избор да се запише на Академијата за графички дизајн.
Си поразговаравме со Тијана за нејзиниот дизајн
- Какво е чувството што твојот дизјан се најде на Packaging of the World?
Искрено, не очекував да го видам мојот дизајн на Packaging of the World, па затоа и изненадувањето беше големо. Се чувствував исполнето и бев горда на себеси што сум успеала да бидам дел од низата на одлични дизајни. Според мене, во овој момент сѐ уште како студент, да се најде вашиот дизајн на Packaging of the world е најголемото достигнување.
- Што беше твојата задача? Која е приказната зад овој дизајн?
За време на модулот „Дизајн на пакување“ добивме задача од нашата менторка Дијана, да направиме дизајн на пакување за фиктивен бренд, реален клиент или пак редизајн на постоечки бренд. Јас се одлучив да работам за фиктивен бренд, бидејќи ми се отвори широк спектар на идеи и можев да размислувам во многу насоки.
Направив дизајн на пакување за крема за лице, за кој се трудев да изгледа попријателски, поразличен од оние што постојат и да се поврзе со потрошувачот на повисоко ниво. Бев инспирирана од кампањи за различни производи, каде главната порака е дека луѓето што ќе го користат производот треба да ја почуствуваат љубовта и трудот кои се вложени во креирањето на тој производ. Па, според тоа се водев и јас во процесот на дизајнирање. Сакам да се заблагодарам на Диди за пренесеното знаење, трпеливоста и реалните критики кои ги добивме, бидејќи без тоа немаше да се насочиме кон вистинските идеи и цели.
- Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн?
Си поминувам одлично. Ова е идеалното место за луѓе кои се како мене и сакаат да ја покажат својата креативност во најразлични форми. На Академијата имаме можност да работиме на реални проекти, за реални клиенти со одлични ментори, коишто придонесуваат до усовршување на нашите вештини и креативни размислување. Оваа Академија оформува професионалци и затоа беше вистинскиот избор за мене.
- Омилен модул и зошто?
Сите модули ми се подеднакво важни и ме учат на нови вештини. Но, доколку би требало да одвојам еден, тоа би било „Брендинг и лого дизајн“. На овој модул учиме како да изградиме целосен бренд идентитет вклучувајќи бои, типографија, форми, слогани и сл. Добрата комбинација на бои, форми и типографија, е нешто што визуелно ме привлекува, па воедно ова е моето правило според кое се водам во процесот на дизајнирање. Со целокупниот дизајн ние го прикажуваме изгледот на брендот и неговата репутација, помагаме брендот да се одвои од конкуренцијата и да предизвика чувство на лојалност кај потрошувачите. Дизајнот на бренд идентитетот е најважното нешто при креирање на одреден бренд, па ние дизајнерите имаме голема улога при претставување на одреден бренд во вистинското светло.
- Твоето мото?
Design is as much a matter of finding problems as it is solving them.
Леонтина Стојковска
Леонтина е студент на Академијата за графички дизајн, љубител на слободното и креативно изразување, па затоа и се има определено за оваа насока каде што ќе ги усовршува своите вештини.
Си поразговаравме со Леонтина за нејзиниот дизајн
- Какво е чувството што твојот дизјан се најде на Packaging of the World?
Чувството кога видов дека мојот дизајн беше објавен на Packaging of the World беше непроценливо!
- Што беше твојата задача? Која е приказната зад овој дизајн?
За овој проект да се оствари беше заслужна нашата менторка Дијана, која и самата ни ја зацрта целта за нашиот проект да биде успешен. На нејзиниот модул „Дизајн на пакување“ се усовршивме, за нашите дизајни да бидат на крај една целина и производ на којшто му го создаваме целиот идентитет.
- Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн?
Сѐ на сѐ, Академијата за графички дизајн досега беше едно прекрасно и продуктивно искуство коешто придонесе за значително зајакнување на нашите идеали за остварување. Часовите ме претворија во послушен студент и личност која веќе знае кој е патот по кој ќе продолжи да се движи.
- Омилен модул и зошто?
За омилен модул, мислењето ми се менуваше со секој нареден, па затоа конкретно не би издвоила еден, но секако имаше модули во кои повеќе се пронаоѓав и кои подобро ја апсорбираа мојата замисла.
- Твоето мото?
Како мото што ме води низ животот би кажа дека е мислата, бидејќи каква ќе ни е мислата – таква ќе ни е и амбицијата.
За крај, си поразговаравме и со менторката Дијана Димитриевска – Диди за модулот кој го предава
- Што изучувате на модулот „Дизајн на пакување“?
Во овој модул се практикува, утврдува и работи на layout, типографија, критичко размислување, работа во софтвери, принт експорт, но во главен фокус е storytelling-от и презентациските вештини. Студентите работат на две задачи, редизајн на постоечки македонски производ и дизајн на пакување на фиктивен бренд за кој треба да се приложи и автентична бренд – приказна.
- Што е потребно за студентите да се најдат на Packaging of the World?
Потребно е да се посветат максимално на задачата во три фази: градење на бренд приказна, графичка експликација и подготвување на презентација.
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Ако размислуваш за креативна кариера, дознај повеќе информации за Академијата за графички дизајн тука!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!