Едно од засилувањата на тимот на Brainster е креативната и енергична Јана Тодоровска, лицето кое стои позади маркетинг делот на Co – Inovation & Hiring платформата и успешните вработувања на нашите студенти. По завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг веднаш започна со работа како Junior digital marketer во нашиот тим.

Поразговаравме со неа за искуството на Академијата и нејзината улога во нашиот тим. Прочитајте што ни кажа Јана:

 

Како би можеле да те опишеме на читателите – Која е Јана?

Па би рекла дека Јана е некој спој и баланс на многу забава и многу работа. Упорна, можда малце и напорна. Веројатно сте ја виделе на журка, протест, на точак (сигурно), позади лаптоп како пушта музика, по кратки во зима и со наочари во темница. Јана е активист во душа кој сака да го руши концептот на типичното и еден ден се надева дека ќе го смени светот на подобро. И дополнително на сево ова има завршено Академија за дигитален маркетинг

 

Ти беше наш студент на Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?

Многу беше интересен патот искрено. Долго време размислував да направам некаква промена, работите што ги правев на секојдневна база почнаа да ми стануваат монотони и досадни и многу се двоумев дали повеќе да се насочам кон академијата за графички дизајн или дигитален маркетинг. На Академијата дојдов поради една другарка која ми го даде и последниот push и ме натера да се запишам. It goes without saying – Лина, thank you! Годинава беше убедливо пресвртна.

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Од секогаш знаев дека сум креативен лик меѓутоа никогаш не мислев дека маркетингот е креативна професија, се запишав на академијата за да си ја потврдам оваа хипотеза меѓутоа испадна да не сум во право – воопшто.

Одамна чепкав доста работи што не ни бев свесна дека се составен дел од дигиталниот маркетинг, а откако дознав и научив како на вистински начин да ги користам сфатив дека ова е вистинската професија за мене. Бесконечно креативна, брзо прогресивна, со mindblowing можности а и многу предизвици. Баш поради ова и сум толку среќна на позицијата на која што сум сега, ме предизвикува а во исто време ми остава огромен простор за прогрес и напредување.

 

Најважната лекција што ја научи на Академијата?

Научив дека дигиталниот свет има бескраен извор на можности. Се што некогаш сум мислела дека е возможно само да го смислам, сега знам дека можам и да го креирам и имплементирам. Научив како да ја гледам позадината на работите и како да размислувам за иднината.

Својата кариера како дигитален маркетер ја започна токму во Brainster. Раскажи ни го на кратко твоето Brainster journey од ден еден до денес.

Нема да лажам, бев преплашена. После многу години собрав храброст да сменам нешто на професионален план и колку и да бев свесна дека ја сакам оваа позиција бев многу блиску да се откажам пред да ја прифатам.

Сега сфаќам дека тоа можеби ќе беше една од најлошите одлуки во мојот живот и ќе беше производ на страв од промена и уживање во комфорт зоната на познатото.

Сега, работам во компанија која на секојдневно ниво ги менува животите на луѓето, инвестира во своите вработени и цели кон континуиран прогрес. Не знам дали би можела да го опишам чувството ама им посакувам на сите да го искусат чувството да работат на место кое што има визионерски пристап кон иднината и не се плаши од промените, баш напротив се движи пред нив.

 

Три зборови кои те опишуваат или пак како би те опишале твоите колеги?

Енергична, креативна и упорна.

 

Ти си дел од Learning&Hiring тимот. Лансиравте онлајн платфoрма која на компаниите во tech индустријата ќе им нуди брз, ефикасен и персонализиран пристап кон талентирани кадри, кажи ни нешто повеќе за тоа.

Непроценливо е чувството коешто го имам јас а и сите колеги кога ќе добиеме информација дека некој студент се вработил или пак напредувал на моменталната позиција. Токму поради ова е и креиран тимот на Со-innovation & Hiring во Brainster, за на нашите студенти да им овозможи олеснет процес на вработување а и сите компании во tech индустријата да ги обезбедува со квалитетен и талентиран кадар на студенти коишто се желни за работа и искуство.

Оваа платформа цели да биде главната алка на поврзување на таленти со сектори на коишто им се потребни кадри, и дополнително со компании коишто имаат потреба од иновативни out of the box идеи и решенија за нивните проекти.

Во оние делови кадешто формалното образование потфрла, влегуваме ние. Не самошто овој сектор отвара нови можности, туку на студентите им обезбедува практична работа во текот на целата академијата и ги мотивира да бидат иновативни и различни. 

Како би ја опишала атмосферата во тимот?

Кога се вклучив во тимот на co-innovation & hiring, тимот беше составен од еден човек, а сега можеме да се пофалиме дека сме две екстра мотивирани и одлично координирани личности кои што на секојдневно ниво работат на обезбедување на еднакво ниво на задоволство како на клиентите коишто вработуваат наши студенти така и на студентите коишто се вработуваат во компании.

Со ваква комбинација на тим, верувам дека наскоро ќе го смениме стандардниот концепт на вработување и иновирање за компаниите во земјава и странство. Ако не ми верувате слободно може да се уверите.

  • Ти треба креативен и квалитетен кадар, вработи студент.
  • Имаш потреба од иновативно решение за твојот проект, аплицирај тука.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи?  Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Секој ден е различен, моменталната позиција ми е толку динамична и разнолика што успева да ми го направи секој нов ден се по возбудлив. Имам шанса да комуницирам со многу нови и различни луѓе во еден ден, да имам доста сериозни состаноци со клиенти а во исто време и слобода да размислувам за нови креативни проекти и идеи. Да можев да бирам, точно ова ќе го изберев!

 

Кој е најголемиот предизвик со кој што се имаш соочено до сега?

Најголемиот предизвик дефинитивно ми беше да се навикнам на културата на функционирање на Brainster. Доаѓам од многу по застарен сектор кој што ретко прифаќаше различни идеи, промени и иновации, а сега сум на место каде што тоа е во центарот на работата и културата на самата компанија. 

 

За крај – твоја препорака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетингt?

Без размислување препораката е – Не се плашете од промени и предизвици, можеби патот ќе биде тежок ама исходот ќе е тотално worth it!

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирај веднаш и започни со учење во октомври!

 

 

 

Како до 1.000.000€? 🤫