Јägermeister – нов партнер за ко-иновации на Brainster

Работата на реални проекти е една од клучните активности за сите Академии на Brainster и цели кон давање на приоритет кон процесот на учење преку решавање на реални проблеми. Оваа активност е од взаемен бенефит, како за искуството на нашите студенти, така и за компаниите кои имаат потреба од иновативни решенија за нивните проекти.

Процесот на склучување на партнерство е олеснет преку новата платформа за ко-иновации и вработување со цел овозможување на брз и едноставен начин на аплицирање за заинтресираните компании.

Во делот за иновации, компаниите или организациите имаат можност да аплицираат со идеја и да добијат тимови на талентирани студенти кои со поддршка од искусни ментори, таа идеја ќе ја преточат во иновативно решение подготвено за користење. 

Овие партнерства го зајакнуваат и унапредуваат вмрежувањето помеѓу компаниите и талентираните млади кадри на почетокот на своите кариери. Дополнително, ја кршат бариерата на традиционалното и ги изложуваат новите брендови на нови пазари преку свежи и иновативни идеи.

Без разлика на индустријата, талентираните студенти континуирано успеваат да обезбедат иновација на компаниите клиенти. Овие соработки понекогаш се и производ на меѓусебна комуникација и работа помеѓу повеќе академии, како што е впрочем и овој случај.

 

Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот co-innovation партнер – The Locals.

The Locals е најголемата BTL маркетинг агенција во Бугарија која работи со локални и интернационални брендови како што се: Coca Cola, Costa Cafe, Jägermeister и др.

Студентите од Академијата за програмирање и Академијата за Data Science претходниот месец напорно работеа за клиент кој е добро познат за сите вас, а тоа е Jägermeister.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Јоцо Тодоровски за Co-innovation партнерството со Brainster 

 

 

Здраво Јоцо, што би ни споделил за себе и за твојата работна позиција?

Здраво! Моето име е Јоцо Тодоровски. Најдобриот татко и сопруг на светот (ова е вистина бидејќи така ми пишува на чашата за кафе). 🙂 Професионално, сум претприемач, стратегист за дигитален маркетинг и инвеститор. Го имаме овој разговор бидејќи во моментов сум партнер во најголемата BTL маркетинг агенција во Бугарија – Тhe Locals. Од пред година и половина развиваме и оддел за дигитален маркетинг. Агенцијата работи со локални и интернационални брендови (Coca Cola, Costa Cafe, Jägermeister и останатите брендови во портфолиото на Coca Cola HBC Bulgaria, Rolex, Volkswagen, Kamenitza, Sobranie, Wella и други).

Нашиот труд во дигиталната индустрија беше неодамна награден и со Gold Effie Award за национална кампања изведена за брендот Jägermeister.

 

Како изгледа еден работен ден во една ваква голема компанија?

Во моментов, како човек што е одговорен за дигиталниот оддел на компанијата обврските ми се поделени на:

  • Работа „во“ бизнисот до 12 часот: Преглед на статусот со проектите наутро и состаноци со тимот/клиентите;
  • Работа „на“ бизнисот до 16 часот: Создавање на нови процеси, оптимизирање на постојните процеси и регрутирање на нови соработници/партнери или клиенти;

Би сакал тука да додадам дека во моментов сум стациониран во Амстердам и целата работа се изведува онлајн.

 

Кои се најголемите клиенти со кои имаш работено до сега?

Coca Cola со своето портфолио од безалкохолни и алкохолни пијалоци.

 

 

Како реши да нѐ контактираш за партнерство за ко-иновации?

Контактот беше случајно направен со Петар. Се знаеме од одамна и решивме да се слушнеме за да се брифираме каде е секој од нас во моментот. Така дознав за вашата програма за ко-иновации. Кога ми објасни како функционира, веднаш знаев за што можеме да соработуваме. 

 

Што би ни споделил за проектот на кој соработувавме?

Во изминатиот период изведуваме специфични кампањи за клиентите со коишто сакаме клиентите што купуваат одреден продукт offline (од маркети и продавници) да ги „донесеме“ онлајн и да ја наградиме нивната активност. 

Како дел од механизмот за ова е прикачување на фискалната белешка на којашто се гледа купувањето на тој продукт. Конкретниот клиент/бренд за којшто беше работено ова решение е Jägermeister. Проверката и верификацијата на овие фискални белешки за нас досега е макотрпен и скап процес.  Сакавме да го автоматизираме ова и ја споделивме оваа желба со вас.

Решението и проектот е всушност софтверско решение што овозможува прикачување на фискална белешка, верификација на веродостојноста и екстрактирање на информациите од фискалната белешка.

 

Со кои Академии ја реализиравте соработката и дали си задоволен од целокупната комуникација со студентите и менторите?

Соработката беше изведена со Академијата за Data Science и Академијата за програмирање. Целата комуникација и соработка беше прилично „глатка“. Особено би сакал да изразам благодарност за трпението што го имаше целиот тим кон мене лично и пресретот од аспект на мојот календар. 

 

 

Колку си задоволен од креираниот продукт и дали на нашите студенти повторно би им доверил друг голем проект или пак комплицирана задача?

Искрено, бев пријатно изненаден од неколку работи:

  • Колку сериозно и одговорно беше примен проектот од сите што беа вклучени;
  • Не очекував дека толкав број на луѓе ќе се вклучат;
  • Не очекував дека на финалната презентација ќе се презентираат 4-5 решенија наместо едно. Она што направиле менторите е да ги поделат луѓето и секој да работи на одделно решение;
  • Не очекував дека дечките од Data Science, за да креираат решение што „држи вода“, ќе отидат и надвор од курикулумот што го имаат и да истражат, тестираат и употребат напредни техники;

Како човек што живее во дигиталниот свет секој ден, немам трпение да видам што следно можеме да направиме заедно. 

 

И за крај, што имаш да кажеш за партнерството за ко-иновации со Brainster и дали оваа услуга би ја препорачал на твоите соработници?

Би сакал да се заблагодарам и да честитам на целиот Brainster тим за она што го правите во Македонија и до каде сте стигнати во моментов. 

Идејата за ко-иновации е дефинитивно нешто треба секоја компанија во МК да го перцепира како можност за „истражување и развој“ на идеи во својот сектор. 

Ни претстојат години во коишто реалниот свет и виртуелниот свет ќе се поврзат уште повеќе на социјално, економско и индустриско ниво.  Доколку една компанија сака да се адаптира и развива, ќе и бидат потребни паметни, млади луѓе да мислат „надвор од кутијата“.

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете co-innovation партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.

 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫