Веб апликација за Jägermeister – завршен проект на Академијата за Full Stack програмирање

Андреј Билјаноски  е студент на нашата Академија за Full stack програмирање, а воедно и еден од студентите кои покажаа голем интерес кон програмирањето и изработија успешни проекти. Како еден од реалните проекти на кој има работено Андреј е неговиот завршен проект за реалниот клиент- Jägermeister, каде што за победничко решение беше избрано токму неговото.

Студентите од Академија за Full stack програмирање имаа задача да работат на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор, а воедно и CTO на Brainster – Ивица Пешовски. Целта на проектот беше да се направи веб-апликација за наградна игра која ја организира Jägermeister, а преку која корисниците ќе можат да испраќаат слики, за Jägermeister да ги награди по случаен избор.

Од страна на студентите беа понудени иновативни решенија за оваа апликација, но како победничко решение беше избрано она на Андреј Билјаноски.

 

Во продолжение си поразговаравме со Андреј за неговото искуство на овој проект

 

 

Здраво Андреј! Претстави се, раскажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво јас сум Андреј Билјаноски, 22-годишен студент од Скопје. Наметнатата изолација поради пандемијата на Ковид-19 ме поттикна да го искористам времето затворен дома за да стекнам нови знаења и вештини кои ќе ми помогнат да креирам свои веб-апликации. Со таа цел во јуни 2020 година се запишав на Академијата за Full stack програмирање на Brainster. 

 

12 месеци, многу учење и напорна работа ги заокружи со успешно креирање на реален проект за реален клиент – Jägermeister. Честитки за твојата истрајност. Како се чувствуваш сега со сите нови вештини и знаења стекнати изминативе месеци?

Самоуверен и спремен да прифатам нови предизвици.

 

 

Со цел да ја комплетираш програмата на Академијата за Full stack програмирање, имаше задача да работиш на еден завршен проект. Раскажи ни повеќе за проектот, на што точно се однесуваше?

Компанијата организира наградна игра преку која љубителите на Jägermeister можат да учествуваат преку испраќање на слика од сметката на купен производ од Jägermeister. Потребно беше да се направи веб-апликација преку која корисниците ќе можат да испраќаат слики, а Jägermeister да ги награди по случаен избор.

 

Кои беа барањата на клиентот и целите што требаше да се исполнат?

Барањата беа поделени на два дела: за обични корисници (секој посетител на апликацијата) и барања за админ корисници  вработени во Jägermeister). 

Секој посетител треба да има можност да учествува во наградната игра преку испраќање на формата во која се прикачени mail-от и сликата од сметката. Испратената слика треба да е валидирана преку АПИ креирано од студентите од Академијата за Data Science и доколку е точно валидирана, да се зачуваат сликата и mail-от на корисникот.

Админ корисниците треба да ги гледаат сите валидирани слики и информации за учесникот кој ја испратил сликата. Исто така, треба да имаат можност да изберат сметка што сакаат да ја наградат, да одбијат сметка, да вратат сметка од одбиени и трајно да избришат сметка.

 


 

Од каде ја црпеше инспирацијата и со кои алатки и техники се служеше за да стигнеш до финалното решение?

Инспирацијата ја црпев од претходните проекти и предизвиците што имаа слични барања. Користев LAMP Stack и Laravel за back-end делот и HTML,CSS, JS и jQuery за front-end. Сите овие технологии се изучуваа за време на Академијата за Full stack програмирање.

 

Какво е чувството твоето решение да биде избрано како победничко за еден ваков светски познат клиент?

Сите студенти од  Академијата за Full stack програмирање имавме креирано различни додатни функционалности преку кои ни се разликуваше проектот. Горд сум што токму мојот проект беше избран од клиентите како победничко решение.

 

 

Што би ни споделил за искуството како студент од Академијата за Full stack програмирање?

Brainster гради околу себе атмосфера во која студентите учат за да стекнат знаење, за разлика од традиционалниот начин на учење за оценка.

 

И за крај, најважната лекција што ја научи на предавањата? 🙂

Покрај техничките знаења, најважната лекција што ја научив е работа и комуникација во тим. 

 


 

За овој проект, менторот Ивица Пешовски ни сподели

 

Проектот за Jägermeister е еден од првите на кој соработуваа нашите студенти од Академијата за Full stack програмирање и Академијата за Data Science. Почетокот на соработката помеѓу овие две Академии е од огромна важност за нас, бидејќи беа инволвирани студенти од секоја од  академиите да соработуваат со цел да развијат целосен продукт. Не постои веб-решение што нашите студенти не можат да го имплементираат и со овој проект ги отворивме нашите „врати“ за понатамошни интердисциплинарни предизвици.

Од оваа гледна точка, откако бев сведок на успехот на овој проект, можам само да им честитам на сите инволвирани студенти за вложениот труд, нивната посветеност и трасирањето на патека и за други идни проекти.

 

 

Исто така, го прашавме и нашиот Co-innovation партнер – The Locals, односно претставникот Јоцо за задоволството од соработката. Тој ни кажа:

 

Искрено, бев пријатно изненаден од неколку работи:

  • Колку сериозно и одговорно беше примен проектот од сите што беа вклучени;
  • Не очекував дека толкав број на луѓе ќе се вклучат;
  • Не очекував дека на финалната презентација ќе се презентираат 4-5 решенија наместо едно. Она што направиле менторите е да ги поделат луѓето и секој да работи на одделно решение;
  • Не очекував дека дечките од Data Science, за да креираат решение што „држи вода“, ќе отидат и надвор од курикулумот што го имаат и да истражат, тестираат и употребат напредни техники;

Како човек што живее во дигиталниот свет секој ден, немам трпение да видам што следно можеме да направиме заедно. 

 

На Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Уписите се во тек, резервирај го твоето место на време!

 

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.

 

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА