Одбележуваме нешто повеќе од година од првиот разговор за BrainsterLearn , поточно од соочувањето со фактот дека на Brainster му е потребна дигитална платформа за учење која ќе овозможи уште подобро и поквалитетно далечинско учење во време на пандемија.
Платформата е централизирано место преку која се одвива целата комуникацијата и трансферот на знаење помеѓу студентите и инструкторите. Истата е една од најважните алатки која ја користат повеќе од 1000 наши студенти и 50 инструктори на дневно ниво.
Прочитајте повеќе што ни кажаа 4-те професионалци кои стојат зад платформата за учење на Brainster, нејзиното градење, континуираното подобрување, како и за агилната работа на тимот
- Никола, приказната започна со тебе – раскажи ни на кратко од првиот момент до денес како се одвиваа работите и како дојдовме до она што го имаме сега.
Се сеќавам на првиот разговор со Петар кога ми кажа дека треба да правиме едно „мало“ проектче. Од состанок во состанок, како што го разглобувавме проектот на помали делови, дознававме кои работи ќе бидат од голема вредност за студентите на Brainster, но исто така и за инструкторите. На крајот, заклучивме дека и не е така мал проектот, но дека доколку го креираме ќе придонесеме за зголемен квалитет на искуството на Академиите.
Водејќи се од одличниот дизајн којшто го изработи Кирил, да се изработи ваква платформа и не беше многу тешко. Одевме чекор по чекор, обидувајќи се да направиме сѐ како што треба. Се трудевме да бидат опфатени најновите технологии кои ќе ја направат платформата да изгледа супер, да биде целосно функционална, а секако и mobile friendly. Во текот на работата, добив одлично засилување од страна на Стефан и Ивица, па заедно успеавме да ја надополниме постоечката идеја.
Размислувајќи и како студенти – и како инструктори, ги дознавме сите работи коишто треба да бидат креирани и на крајот успеавме да ја направиме оваа платформа како што изгледа денес. Исто така, имаме замислено и многу други функционалности и подобрувања коишто со сигурност ќе придонесат оваа платформа да биде една од најдобрите за вакви образовни цели.
На Ивица беше можеби една од поголемите обврски – да го менаџира тимот во процесот на изработка на овој продукт кој всушност е одговор на потребите на студентите во време на криза и е исход од агилната работа на тимот зад BrainsterLearn.
- Што би одвоил како научена лекција од ова? На што се должи успехот во брзо градење и лансирање на ваков дигитален продукт?
Има една изрека од Реид Хофман, прилично популарна помеѓу луѓето коишто работат на сопствени ИТ продукти која гласи:
“Ако не си засрамен од првичната верзија на твојот продукт, си лансирал премногу доцна”
(“If you are not embarrassed by the first version of your product, you’ve launched too late”).
Оваа изрека е прво нешто на кое помислувам кога ќе се сетам на почетоците на студентската платформа BrainsterLearn. Пролетта 2020 се соочивме со реалност која ни ја промени иднината и на која моравме многу брзо да одговориме. Веќе летото 2020 ја лансиравме првичната верзија, која потоа инкрементално ја надградуваме, за денес да имаме платформа без која не можеме да замислиме ефикасно спроведување на настава. Во поглед на менаџирањето на целиот процес, не се водевме по строго воспоставени рамки, што сметам дека се покажа како клучно во успехот на целиот проект. Единствен рок ни беше и сѐ уште ни е „денес“ – работиме агилно по принцип на екстремно програмирање, иако во догледна иднина најверојатно ќе се ориентираме кон SCRUM.
За ваквиот начин на работа да биде одржлив, многу помага самиот тим. Знам со сигурност дека ги имам вистинските луѓе на располагање за продуктот што го имаме и градиме. Тимот ни е составен од алумни студенти и тековни инструктори на нашите Академии, што ни дава сериозно познавање во домејнот за кој го развиваме проектот. Сите се согласуваме дека ова е само почеток на тоа каде сакаме да ја видиме оваа студентска платформа, особено со оглед на тоа што после секој одржан час и сесија со студентите се враќаме назад со нови и свежи идеи што можат да го подобрат целокупниот процес. Сите сме свесни дека работиме на проект којшто нема никогаш да заврши и сите сме возбудени да го видиме проектот како ќе изгледа за 5 години од сега. Мислам дека тоа ни е доволно време за да имлементираме барем 30% од идеите што ги имаме. 🙂
Штом имаме прашање или пак неочекуван bug, go-to person ни е Стефан. По неговото вработување во Brainster, првиот продукт на кој тој работеше и е фокусиран е BrainsterLearn.
- Какво е чувството да се работи на ваква веб апликација и кое е твоето искуство до сега? Дали можеш да ни издвоиш некој ултра-тежок предизвик што се појави пред вас до сега?
BrainsterLearn е една главна алатка на Академијата преку која студентите го стекнуваат целото знаење кое им се нуди. Да се биде дел од неа, и тоа уште пред нејзиното лансирање, е навистина огромна чест. Платформава е во континуиран раст и би рекол како што таа се развива, така се развивам и јас, секојдневно се работи на подобрување и смислување на нови работи кои би го олесниле процесот на учење на студентите, а воедно и процесот на пренесување на знаењето од страна на инструкторите.
Како ултра-тежок предизвик би рекол дека е самата организираност на податоците. Секоја Академија има различен систем на бодување, различна програма, различно водење на евиденција, различно пополнување на евалуации и во различни интервали. Сепак, успеваме да го надминеме овој предизвик и во моментов работиме сето ова да го организираме на уште подобро ниво, што ќе ни овозможи уште поголем развој на самата платформа.
Функционалностите на платформата се толку добри и корисни, колку што се лесни за употреба од страна на нејзините корисници. Во процесот на изработка, еден од најголемите фокуси беше корисничкото искуство кое студентите ќе го имаат, а одговорноста за истото беше на Кирил, нашиот UX дизајнер.
- Кире, сподели ни го искуството од работата. Кои се клучните елементи кои придонесуваат кон одличното корисничко искуство? Од каде црпеше инспирација, по кои принципи се водеше при подготовката на wireframe-овите?
BrainsterLearn е дефинитивно еден од најдинамичните проекти што ги имаме работено изминативе 2 години. Започнувајќи околу Март 2020, па сѐ до денес, една година подоцна, платформата има претрпено целосен редизајн и бележи константен напредок во секое поле (Big ups до целиот тим кој работи на платформата).
Првата верзија на BrainsterLearn ја изработивме и лансиравме буквално експресно, потребата за тоа се јави поради новонастаната ситуација и нашата желба студентите да продолжат да учат и да се развиваат на професионален план со исто темпо како и пред тоа.
Како еден од клучните елементи во UX-от на BrainsterLearn би ја издвоил гејмификацијата. Гејмификација е обид за подобрување на корисничкото искуство преку користење на елементи и принципи преземени од гејминг индустријата, а ова помага за зголемување на ангажираноста на корисниците, продуктивноста и сл. Една од инспирациите за преземање на овој процес ни беше апликацијата Duolingo и нејзиниот речиси перфектен систем кој во голема мера е заслужен за успехот на апликацијата. Заедно со Tech тимот успеавме на нашата платформа да го имплеметираме овој процес, кој го гледам како еден од клучните елементи за подобрување на корисничкото искуство.
За крај би дополнил дека BrainsterLearn нема да застане тука, визијата е голема и целиот тим постојано работи на подобрување. Watch the next 5 years!! 😀
BrainsterLearn е најважната дигитална алатка што Brainster ја има и која овозможува конзистентен квалитет во процесот на стекнување знаења, вештини и учење на секоја од Академиите. Секој студент веднаш по запишувањето на Академијата добива свој студентски профил преку кој прво ја проследува подготвителната програма, потоа ја комплетира академската програма, по што има и можност доживотно да се навраќа и да пристапува до сите материјали кога и да има потреба од тоа.
Совладајте ги најбараните дигитални вештини на денешницата и отворете си го патот кон кариера каква што посакувате. Академиите на Brainster им помогнаа на многу студенти да ја направат посакуваната дигитална трансформација и да бидат во тек со промените кои што ги носи иднината.
Доколку сакате да станете дел од IT светот, разгледајте ги програмите кои што ги нудат Академиите на овој линк.
Прочитајте овде повеќе за успешните кариерни трансформации на нашите студенти.