Платформата за далечинско учење – BrainsterLearn е централизирано место и една од најважните алатки која ја користат повеќе од 1000 наши студенти и 50 инструктори на дневно ниво.

Преку оваа алатка, студентите го стекнуваат целото знаење кое им се нуди, додека пак, инструкторите имаат можност за полесен и поедноставен процес на пренесување на знаењето.

BrainsterLearn платформата ги содржи сите материјали, презентации, видеа од предавања, проекти и задачи, и претставува еден вид на „онлајн дневик“ преку кој студентите можат да го следат својот прогрес низ текот на целата Академија. Дополнително, оваа платформа е од огромно значење и за инструкторите бидејќи им го олеснува начинот на комуникација и споделувањето на материјали со студентите.

 

 

Во претходните блогови од овој серијал ви ја претставивме BrainsterLearn – дигиталната платформа за учење од далечина, како и професионалците коишто ја имаат изградено и кои постојано се грижат да ја направат оваа платформа полесна за употреба.  Исто така, студентите ни кажаа и за нивното искуство со BrainsterLearn платформата и дополнително ни раскажаа за одличните можности кои ги нуди оваа платформата, како и колку процесот на учење им е олеснет. Во последниот блог од овој серијал ќе имате можност да прочитате што ни кажаа инструкторите за нивниот процес на работа.

 

Во продолжение си поразговаравме со инструкторите за нивното искуство со платформата за далечинско учење – BrainsterLearn

 

 

Ива Дујак – инструктор на Академијата за дигитален маркетинг

BrainsterLearn се покажа како супер алатка која ни овозможи во периодот на функционирање на дистанца да работиме многу пофокусирано и ефикасно. Искуството е многу позитивно. Едноставно, брзо и лесно, го поедностави процесот на споделување на презентации, прикачување и оценување на домашни и целокупна комуникација со студентите. Дури и кога имаше ситни hiccups кои се нормални во процесот на градење на една сосема нова платформа, решавањето беше експресно. Сите потребни материјали се на едно место, целата комуникација од Академијата е лесно пристапна во било кој момент од било кое место. Нешто како онлајн учебник, тетратка и дневник во исто време.

Имаме многу поголема прегледност во секој аспект, без разлика дали зборуваме за прикачените презентации, домашните или фидбекот за предавачи. Лесно може да се следи прогресот на студентите, колку тие напредуваат низ Академијата и во кои сегменти од дигиталниот маркетинг се снаоѓаат подобро. Дефинитивно го олесни начинот на комуницирање и споделување.

 

 

Иван Дургутовски – инструктор на Академијата за графички дизајн

Сметам дека платформата овозможува едно повисоко ниво на комуникација пропратено со одлична организација и систематизација на материјалите, особено во делот на следење на процесот на учење во интерактивна форма која е едноставна за користење, а нуди многу можности. Моето лично искуство со платформата е одлично. Олеснително, практично и пред сѐ едноставно и прегледно, нешто кое дефинитивно би го применувал и во услови на физичка настава, бидејќи, не само што го олеснува процесот на комуникација, туку и го подобрува процесот на пренесување на знаење.

Платформата е паметник и потсетник истовремено, делува стимулирачки и е севкупно олеснителен фактор кој автоматизира многу процеси што одземаат време и енергија, а за сметка на тоа, нѝ дозволува да се вложиме повеќе во активација, подобрување и градење на квалитетите на студентите. Комуникацијата на релација инструктор – студент е значително олеснета, во исто време и зајакната како конекција, бидејќи платформата нуди опција за обостран feedback, што е од исклучителна важност за подобрување на двете страни подеднакво. 

 

 

Катерина Крстовска – инструктор на Академијата за Software Testing

Платформата BrainsterLearn е место на кое се одвива целата комуникација помеѓу инструкторите и студентите. Тоа е место каде што можат да ги најдат сите материјали и да го следат својот прогрес во текот на Академијата. Со оглед на тоа дека ние ја имавме платформата од самиот почеток од кога беше пуштена во употреба, можам да кажам дека самата платформа има многу промени и подобрувања сега, во однос на нејзината првична верзија. Учествувавме во тестирање на истата и секако дававме сугестии што би можело да се подобри. Според мене е одлична и супер е што ја имаме!

После секој поминат час, материјалите од истиот, видеата, презентацијата и домашната се прикачуваат на платформата и студентите ги превземаат за да можат да продолжат со својата работа. Можат да се најават било од каде, да го прегледаат предавањето онолку пати колку што сакаат и да го гледаат нивниот постигнат успех. Исто така, добро е што материјалите на студентите им остануваат достапни и после завршување на Академијата, а со сигурност знам дека ја користат платформата за да се потсетат за некои работи, дури и месеци после крајот од Академијата.

Самото постоење на платформата е една олеснителна околност како за нас, така и за студентите. Ние од наша страна прикачуваме материјали, даваме коментари за предизвиците во текот на Академијата и пишуваме белешки за текот на предавањата. Студентите пак, секој има пристап до сите информации како што се материјали, поени, коментари, исто така пишуваат и евалуации за нас, а и пристапот до тековното предавање им е овозможено од самата платформа. Накратко, имаме сè на едно место.

 

 

Мартин Теновски – инструктор на Академијата за UX/UI дизајн

BrainsterLearn претставува еден нов и исклучително функционален начин со кој подобро се менаџира работата и комуникацијата на инструкторите и студентите. Верувам дека ние инструкторите сме исто толку задоволни колку и студентите. Моето искуство е одлично. Сè она што ми било потребно за подобра организација кога се во прашање предавањата, работилниците и општо целата комуникација со студентите, ми е лесно достапна на платформата BrainsterLearn.

Влијанието на платформата врз учењето на студентите е искучително позитивно. Студентите секогаш и во секое време ги имаат на располагање часовите, сите задачи кои биле работени за време на часот, презентациите, помошни и бонус материјали, како и евиденција за извршените домашни задачи. Особено важен момент беше воспоставувањето на часовите да бидат прикачени на платформата, не само поради студентите кои не биле во можност да присуствуваат на истите – туку и за оние кои би сакале да се потсетат на одредени новитети со кои се запознале на часот. Станува збор за нешто што многу ја олеснува работата и за нас инструкторите како и за студентите.

Целосната комуникација, евиденција како и сите оние споредни потреби се сега целосно достапни преку BrainsterLearn. Сето ова се должи на фактот дека платформата е во сопственост на Brainster и истата е изработена според протокол кој вклучува неколкукратни ревизии од сите оние кои би ја користеле истата, како и самата можност за да се воочат некои од потенцијалните проблеми и веднаш да се најде решение за истите.

 

 

Анастасија Давиткова – инструктор на Академијата за програмирање

Соочени сме со фактот дека учењето од далечина е новото нормално, па зошто да не им овозможиме на студентите поквалитетно следење на наставата и подобрување на целокупното искуство. BrainsterLearn е дигитална алатка која има за цел на студентите да им овозможи конзистентен квалитет во процесот на учење, стекнување знаења и вештини. Помеѓу подобрите страни би ги додала и немањето простор за мискомуникација и/или тешкотии во наоѓање на материјали, презентации, видеа. Онлајн платформата за учење е од големо значење гледано од страна на студентите. Материјатлите и видео часовите им се достапни во секое време и од секое место, а со тоа имаат можност за флексибилно учење.

Дополнително, секој има можност да учи во свое време и со свое темпо. Не би рекла дека целата комуникација помеѓу инструктори и студенти се одвива само преку платформата. Бидејќи студентите ја имаат можноста да учат и следат предавања во било кој дел од денот, нормално е во процесот на учење да имаат прашања за чиј одговор не може да го чекаат следниот термин за предавање, па во тие моменти имаме дополнителна интеракција. Од друга страна – олеснителна околност и за нас, и за студентите е што сите материјали ги добиваат на едно место.

 

 

Драган Накевски – инструктор на Академијата за Data Science

Платформата како концепт генерално е супер за централизирање на сите операции. Дури и самите студенти искоментираа дека од нивна страна е корисна и лесна за користење. Замислена е релативно едноставно да се користи. Верувам дека им помага на студентите во начинот на организација и пристап до податоци и материјали. Самото тоа што им претставува централизирано место и унифициран начин за пристап до материјали и слично им е далеку полесно, наместо тоа да биде различно за секој предмет/инструктор и одново да се навикнуваат на нови работи. Воедно, им дава многу подобра слика за Brainster како сериозен провајдер на едукативни услуги. Дека не се сведува сè на курсевите и материјалите, туку и на начинот на кој тие ти се достапни.

 

Совладајте ги најбараните дигитални вештини на денешницата и отворете си го патот кон кариера каква што посакувате.  Академиите на Brainster им помогнаа на многу студенти да ја направат посакуваната дигитална трансформација и да бидат во тек со промените кои што ги носи иднината. 

Доколку сакате да станете дел од IT светот, разгледајте ги програмите кои што ги нудат Академиите на овој линк.

Прочитајте овде повеќе за успешните кариерни трансформации на нашите студенти.