Изборот на вистинската работна средина е една од клучните животни одлуки, која често бара добро размислување. За оние кои се поттикнати од желба за иновации, личен раст и развој, како и динамично професионално искуство, Бреинстер нуди исклучителна можност.
Она што го издвојува Бреинстер е неговата посветеност да поттикнува напредок. Кај нас, тимската работа е најважна, но и индивидуалниот напредок во кариерата преку континуирано учење и подобрување на вештините.
Во овој блог, ќе можете да прочитате што ни раскажаа вработените и инструкторите во Бреинстер и да дознаете од прва рака што значи да се биде дел од една од најсовремените EdTech организации во Македонија.
Дополнително, поради зголемен обем на работа и рекордно запишаниот број на студенти на Академиите, како и на Brainster Next College, го зголемуваме нашиот тим кој брои повеќе од 70 вработени со полно работно време и повеќе од 150 инструктори и професори, со професионалци што можат да одговорат на предизвикот!

Напредок во кариерата и на студентите и на вработените
Ние, вработените во Бреинстер покрај за својот и за компанискиот развој, се грижиме и за искуството на студентите што претставува дополнителен поттик за постигнување на резултати. Или како што сподели Александар Клашниновски:
„Искрената грижа за успехот на студентите, желбата за подобрување, вредноста што ја добиваат студентите, огромниот процент на вработени студенти итн, се само дел од позитивните карактеристики што многу брзо се чувствуваат како ефект од работата во Бреинстер“.
Александар е дел од тимот на Бреинстер две и пол години и е генерален менаџер на Бреинстер Некст колеџот (Brainster Next College), позиција што ја има добиено преку можоста за работа на својот кариерен развој во рамки на организацијата.
„Бреинстер не е само образовна институција од која ќе добиете сертификат за одредена академија или активност. Бреинстер е партнер во вашата идна кариера. Знаењето стекнато тука, заедно со трудот и посветеноста на тимовите, помага не само да изградиме нови и квалитетни кадри, туку да обезбедиме и унапредување на општествен план. Едноставно кажано, Бреинстер ја гледа големата слика”, вели Милена Станишковска, која е врската помеѓу студентите од Бреинстер и компаниите кои бараат добро обучени кадри.
Бреинстер не само што е зрела компанија што постојано напредува во својата област, туку исто така игра клучна улога и во кариерниот развој на многумина. Обезбедуваме ефективни програми, алатки и ресурси кои им овозможуваат на луѓето не само да променат работни позиции, но и да ги подобрат и прошират своите вештини и знаења, смета и Влатко Тучев – Data Scientist, кој повеќе од две и пол години работи во Бреинстер.

Стекнување на практично искуство уште за време на студирањето
Нешто по кое се разликува Бреинстер од другите образовни институции е тоа што сите студенти се стекнуваат со практични вештини, односно по завршување на академиите, тие се подготвени веднаш да се вклучат во работен процес.
„Конкретно за Академијата за графички дизајн, самата програма е многу концизно структурирана за секој и без претходно искуство во дизајн, да може да се издефинира како дизајнер“, вели Елена Диновска Зарапчиев, инструкторка на оваа академија.
Златко Матески своето осумгодишно искуство со Google Ads го пренесува како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг. Тој на своите студенти им дава работа на реални проекти за да можат тоа што им го предава на часовите практично да го применат. Споделува и лични искуства и совети за подобрување во работата и personal growth како Google Ads Expert, додава тој.
„Придобивките што студентите ги добиваат на Бреинстер академиите вклучуваат стекнување практични и релевантни вештини за тековниот пазар на труд, учење од индустриски експерти, пристап до флексибилни и самостојни опции за учење, истражување на разновиден опсег на курсеви и потенцијално вмрежување со други студенти и професионалци, работа во тимови на хакатони и уште многу повеќе. Овие предности ги подобруваат нивните можности за кариера, личен раст и развој, а со тоа и за подобар живот”, вели Даринка Буровска од Академијата за проект и продукт менаџмент.
Џанета Ибровиќ е инструктор на Академијата за Front-end програмирање, покрај стручното образование, таа на студентите им пренесува и техники за подобро совладување на материјалот бидејќи доаѓа од сферата на психологијата која била нејзината прва љубов.
„Секогаш психологијата ја внесувам како „зачин“ и мислам дека позитивно влијае на нивниот напредок и успех. Она што ги советувам е дека единственото нешто што треба да го направат студентите е да бидат сигурни во својата одлука и желба за нов кариерен почеток. За останатото знам дека Бреинстер го има подготвено теренот за идните успешни приказни“, вели Џанета.

Креирање на компаниска култура
Слобода на размислување, отворена и искрена комуникација, можност за напредок и учење, ова се трите карактеристики што ја прават работата на Емилија Митревска да се разликува од другите работни искуства. Менаџментот остава простор секој да го каже своето мислење и да дава предлози за подобрување на работата и во таква средина што поттикнува дебата и дискусија можноста за напредување се зголемува кај секого бидејќи луѓето се растеретени од тоа „што другите ќе кажат“.
„Се охрабрува учењето, а со тоа правењето на ненамерни грешки при работата се зема како природен дел од нештата“, додава Емилија која работи како координатор за прием на студенти.
„Конкретно, Бреинстер ми овозможува пријатна работна атмосфера и стимулира тимска работа што мене ме прави да се чувствувам како значаен член на организацијата. Покрај тоа, имам можност да бидам проактивна, а со тоа креативна и иновативна при решавање на предизвиците”, вели Теодора Трендафиловиќ, административен специјалист.
Огнен Трипуновски работи на позицијата програмски менаџер речиси една година и го потврдува вчечатокот дека неговите идеи и предлози се прифатени, што претставува важен поттик за остварување на резултати во работата на секој вработен посебно. Водејќи се од овие принципи работењето во релаксирана атмосфера ја зголемува и нашата продуктивност, додава Огнен.
Азра Имери, која е дел од маркетинг тимот за Бреинстер Албанија вели дека она што најмногу го сака во оваа работна средина се можностите за постојано учење и професионален развој, како и топлата атмосфера и компаниската култура.
Започнете со патување на иновации, раст и влијание. Ова е шансата да ни се придружите и да ја обликувате иднината на образованието, а воедно и да ги поместите границите и да го ослободите вашиот потенцијал.
Дознајте повеќе за отворените работни позиции и аплицирајте тука!
