Најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн – Анастасија

 

Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа на крајот од нивното патување. Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми.

Портфолијата на студентите ги содржат сите реални проекти за реални клиенти коишто тие ги имаат работено индивидуално или тимски, под менторство на инструкторите за нашите learning партнери. Преку сопственото портфолио, студентите имаат можност да се издвојат како дизајнери и да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување.

Едно од најдобрите финални UX/UI портфолија ѝ припадна на Анастасија.


Анастасија Јовческа
е дипломиран графички дизајнер, а воедно и студент од првата група на нашата Академија за UX/UI дизајн. Таа има работено на повеќето реални проекти кои се дел од програмата, има учествувано на двата Хакатони кои беа организирани и беше дел од победничкиот тим на истите. Како дел од нејзиното портфолио е проектот „Маркетинг мапа на Македонија“ кој се работеше на Првиот Хакатон на Академија за UX/UI дизајн.

 

Во продолжение можете да го погледнете портфолиото на Анастасија и да дознаете што таа ни кажа за него

 

Каков беше процесот на изработка на твоето портфолио?

Процесот на изработка на моето портфолио пред сè е долг, интересен и сè уште не е завршен (forever in progress). Тој се состоеше од неколку чекори: research – brainstorming with colleagues – wireframing – prototype – design – implementation.


Кој проект ти беше најинтересен за работа?

Проектите на кои имавме шанса да работиме, ни дадоа јасна слика за она што нè очекува во иднина. Како најинтересен проект би ја издвоила Маркетинг Мапата за Brainster. Ова беше проект кој го работевме на нашиот прв хакатон и процесот беше тотален хаос (во позитивна смисла). Прв хакатон, 48 часа, тазе дизајнери, многу кафе, смешки, состаноци, интервјуа, работа, работа, работа и многу малку сон… Но, сè ова резултираше со победа и освојување на првото место. Чувството е неверојатно!


Сподели ни нешто за останатите проекти во твоето портфолио?

Секој проект си има своја тежина, убавина и различен пристап на работа. Дел од проектите во моето портфолио беа изработени при Академијата за UX/UI дизајн на Brainster. Методологијата на презентирање на проектите е преку изработка на Case Studies каде што можете да разберете повеќе за проектот и процесот на работа.


Што најмногу ти остана во сеќавање од твоите студентски денови на Академијата за UX/UI дизајн?

Работата на хакатоните и реалните проекти, дружбата со колегите, советите од менторите и многуте испиени кафиња. 

За крај, горди сме на успехот што го постигна Анастасија и ѝ посакуваме уште многу успешни проекти! Наскоро очекувајте ги и останатите портфолија на студентите од Академијата за UX/UI дизајн.


На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.

Уписите се во тек, поради голем интерес се отвораат нови групи! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!