Во претходниот блог ви раскажавме дека Студентите на Академијата за UX/UI дизајн успешно го завршија својот прв Хакатон. Тие напорно работеа 48 часа на реален проект и се натпреваруваа меѓу себе како дел од едно возбудливо искуство кое им покажа како е да се работи под притисок во краток временски период да се примени целото знаење стекнато од Академијата.
Реалниот проект на кој работеа беше дизајнирање на маркетинг мапа на Македонија.
Иако сите тимови беа целосно посветени и вложија голем труд во овој предизвик, сепак комисијата одбра победнички тим кој што беше составен од Анастасија Јовческа, Марија Гелмановска, Драган Димитров и Зорана Наумова за победник на хакатонот.
Оваа екипа заедно со студентите: Александар Атанасов, Марија Димеска, Игор Јордановски, Кире Гешоски и Никола Ризовски од Академијата за Front End & Академијата за Full Stack програмирање продолжи да го развива овој реален продукт.
Поразговаравме со победничкиот тим од првиот хакатон на оваа Академија за нивното искуство.
Прочитајте што тие ни раскажаа за процесот на создавање на нивното решение.
Вашата задача беше да изработите реален проект за клиент, односно маркетинг мапа на Македонија. Што точно беше мотивот зад овој проект и каде се ја гледате неговата примена?
Идејата за правење на Маркетинг мапа на Македонија е да се поврзат маркетери и маркетинг агенции со компании на кои им требаат маркетинг услуги. Моментално, барањето и нудењето услуги според нашето истражување и информациите од клиентот, се одвива на социјалните мрежи или преку препорака. Постоењето на ваква мапа би ја олеснила таа комуникација и тој процес на поврзување на клиенти со маркетери.
Работа на Хакатон, значи 48 часовен натпревар. Кажете ни како се справивте со предизвикот? Како течеше онлајн Хакатонот?
Работата на Хакатонот беше голем предизвик, особено затоа што беше прв во рамките Академијата и работевме со тим со кој не сме работеле до сега. Во петокот во 18:00 часот имавме zoom средба со клиентот и разговаравме за брифот.
Во сабота во текот на денот имавме интервју со клиентот, работевме на решението и имавме неколку средби со менторите.
Во недела работевме на прототип и презентација, за попладне да имаме групна презентација на сите решенија и да се одбере победничко. Конкретно, во нашиот тим пробавме да се организираме и да почнеме со работа уште во петок вечер, но секако пак имавме работи кои ги довршувавме пред групната презентација.
Што вклучуваше вашето решение и што сметате дека беше пресудно за да победите?
Нашето решение вклучуваше јасна, визуелно добра платформа изградена според насоките на клиентот и потребите на корисниците.
Дополнително во решението предвидовме персонализирани „landing pages“ за различни таргет групи на клиенти, што мислам дека дополнително го издвои нашето решение.
Што би ги советувале колегите за тоа како полесно да се справат со обврските и предизвиците што вие веќе ги поминавте во програмата?
Дефинитивно станува понекогаш напорно, има премногу проекти, а премалку време во денот. Сепак според нас it’s worth it, ако сакаш да работиш и да се надградуваш во ова поле.
Доколку сакаш креативна професија и би сакал да учествуваш на хакатоните каде што се работи на реални проекти за реални клиенти, Академијата за UX/UI дизајн е вистинскиот избор за тебе.
Oстанати се уште неколку места, резервирај го своето на време!
Закажи информативна средба со нашиот student success manager и добиј дополнителни информации за програмата на оваа Академија.
