Инструкторот Горјан и студентите зборуваат за Front-end модулот на Академијата за UX/UI дизајн

 

Како дел од интензивната и темелната 30 неделна програма на Академијатa за UX/UI дизајн се изучува и модулот Front-end, каде што студентите се запознаваат со неговите основи и технологијата, HTML, CSS, базичен Javascript + jQuery, како и користење на алатки Visual Studio Code, Github итн.

Во продолжение си поразговаравме со инструкторот Горјан за модулот Front-end и Академијатa за UX/UI дизајн.

Горјан е софтверски инженер, кој има работено како тим лидер во Booking.com во Амстердам, но решава да се посвети целосно на својот дигитален продукт – апликацијата „Мој Воздух“. Тој исто така е активист, а воедно и инструктор на модулот „Front-end” на нашата Академија за UX/UI дизајн. Горјан ќе те инспирира и научи како твојата идеја да ја преточиш во продукт, кои soft skills треба да ги поседуваш за да работиш во tech тим. Со него исто така ќе учиш и Front-End преку практична и теоретска настава. 

 

Прочитајте што ни раскажа тој за овој модул

 

 

Здраво Горјан! Покрај тоа што си инструктор на Академијата за UX/UI дизајн, имаш богато и уникатно искуство во различни области, искуство што можеш да им го пренесеш на нашите студенти. За да те запознаат читателите подобро, кажи ни кој е Горјан?

Горјан е софтверски инженер по струка и еко-активист по срце. Барам начин како преку технологијата, што е моја пасија, да помогнам при решавање на социјални и еколошки проблеми во мојата околина. Класичен активист, со technology twist. 🙂

 

Што прави Горјан во своето слободно време?

Не разбирам, слободно време? :Р Шала на страна, бидејќи работам на сопствен продукт во мој стартап, многу е убаво да можам да контролирам кога и колку ќе работам. Со тоа си правам доволно време за посериозен активизам, мали проекти на страна, и секако дружба со пријателите и точакот. Како холанѓанец, се научив тоа да ми е главно превозно средство, па и често го користам истото.

 

Инструктор си на модулот „Front-end“, најпредизвикувачкиот модул за студентите. Што сѐ изучуваат студентите на овој модул? Зошто им претставува најголем предизвик?

Многу често кога ќе се спомне кодирање, луѓе замислуваат сцени од филмови како The Matrix, со хиероглифи на екран и чудни дечки затворени во подруми во темница како пишуваат луди кодови на црно зелен екран. Но, како и многу други работи, тоа е само Холивуд. На модулот Front-end, дизајнерите учат 3 основни работи:

  • Како да комуницираат со нивните колеги програмери и што од нивните дизајни како информација треба да го предадат при соработката;
  • Основите на HTML, CSS и малку Javascript, со цел да се запознаат што е возможно да се направи (а што не) преку веб технологиите;
  • Да направат свое портфолио, од дизајн, до негова целосна имплементација, за на крај на модулот, да имаат сопствен линк со сопствено портфолио, кое ќе може да го користат при секоја деловна комуникација понатаму.

 

Дали се важни „Front-end“ вештините кај еден UX/UI дизајнер?

Дефинитивно! Секој дизајнер мора да има основно познавање на  Front-end, само така ќе може да знае кои информации е потребно да ги даде на неговите/нејзините колеги програмери при нивната соработка во тим. Исто така, овозможува мали промени во постоечкиот сајт да може дизајнерите да ги направат, за да дозволат програмерите да се фокусираат на покомплексните. Ова отвара многу можности, и вакви знаења се многу ценети кај дизајнерите во индустријата.

 

Еден дел од твојата улога како инструктор е да ги мотивираш студентите да учат повеќе за да ги надградат своите вештини. Како успеваш во тоа? И пред сè, како успеваш да ја задржиш својата мотивација на високо ниво?

Програмирањето знае да е предизвикувачка тема. Само преку споро, конзистентно и визуелно објаснување, полно со примери од вистинскиот свет, може да се скрши бариерата помеѓу дизајн и програмерскиот свет. Секако и пристапот на часовите ми е многу важен, да можам да читам од лицата на студентите ако нешто не е јасно, ако нешто е многу напорно, за да знам кога да направам дигресија или да вметнам некоја шала, со цел да го освежам нивното внимание. 

 

Кој е твојот совет за студентите што би можел многу да им помогне при градење на својата кариера?

Нема премногу млад, премногу неискусен или премногу неспремен човек. Работете го она што го сакате, дадете сè од себе, и добри работи ќе ви се случат. Јас се посветив на програмирањето уште од 7-мо одделение, што значи дека имав време да учам и да се развивам, но сепак да ги креирам моите први големи проекти уште во средно училиште. Бев млад, бев неискусен, бев спремен, но бев амбициозен, решен да го постигнам тоа што го сакам, и во тоа успеав. Следете ги истите чекори и ќе се зачудите што може да постигнете 🙂

 

Во продолжение можете да прочитате што ни раскажаа студентите за модулот Front-end и нивното искуство на Академијата за UX/UI дизајн

 

 

Легендата вели дека модулот „Front-end” е најпредизвикувачкиот модул за вас студентите на Академијата за UX/UI дизајн. Зошто е тоа така? Од која причина кодирањето ви претставува најголем предизвик? 

Наталија: Она што го вели легендата, дека модулот „Front-end” е најпредизвикувачки модул за студентите на Академијата на UX/UI дизајн е реалност, затоа што голем дел од нас студентите за прв пат се среќаваат и запознаваат со основите на „Front-end” програмирањето, а како област секој од нас посакува да ја научи и примени. Можеби тоа е така, затоа што кодот, којшто многу од нас сметавме дека тешко се совладува, преку Академијата лесно го совладавме и го претворивме во реален продукт (секој од нас изработи сопствено портфолио). Знаењата коишто преку овој модул ги стекнавме, за нас се многу вредни и ќе ни користат многу во иднина.

 

 

Инструкторот Горјан несебично ги споделува со вас сите добри практики и совети од неговото долгогодишно искуство во областа на кодирањето, Front-end. Како би го објасниле начинот на предавање и насоките кои ги добивате од него? 

Митко: Горјан е искусен професионалец во сферава и дефинитивно знае како да го сподели знаењето. Сè ни објаснуваше на супер-едноставен начен и освен што ни го предаваше теоретското знаење, исто така и нè научи да ја разбереме логиката позади кодирањето и со тоа да сме спремни да можеме да дојдеме до решение за било кој проблем. Од него добивме доста корисни информации за тоа како функционира соработката помеѓу дизајнери и девелопери при работа на проекти. Освен што беше 100% посветен на часевите од модулот, Горјан исто така ни беше достапен сите 7 дена во неделата за да ни одговори на било кое прашање што го имавме во врска со кодирањето.

 

 

Раскажете ни нешто за искуството на часовите со Горјан. Дали ви помага низ целиот процес на совладување на материјалот?

Мартин: За да се долови тоа искуство нема подобар начин од тоа да си негов студент, бидејќи со зборови не можам во целост да ја објаснам енергијата која ја пренесува на часовите. Материјата ја пренесува на лесно разбирлив начин, така што и студентите кои немаат никакво искуство со програмирање ќе ја разберат и ќе можат да ја имплементираат понатаму. Со него работиме на кодирање на нашите портфолиа, и колку и да е стресно, толку е и интересно дека го применуваме знаењето стекнато од модулот. И се разбира дека ни помага дури и многу повеќе од очекуваното.

 

 

Зошто се одлучи баш за UX/UI дизајн?

Мајда: Да се запишам на Академијата за UX/UI дизајн се одлучив „карантински” спонтано. Знаев дека сакам да се насочам во tech светот, а во исто време да работам и нешто креативно. За UX/UI дизајн-от имав некои мали предзнаења, па како спој на горенаведените работи одлуката лесно падна токму на оваа Академија.

 

 

Што би ги советувале оние што сакаат да започнат нова кариера во оваа област?

Петар: Доколку некој сака да научи повеќе за тоа како треба да функционира некој дизајн, зошто елементите се поставени така како што се, како треба да се работи во тим, како да се однесува и комуницира со клиенти и корисници на нивниот дизајн, Академијата за UX/UI дизајн е одличен избор. Како личност која е на самиот крај на Академијата сфатив дека голем дел од апликациите и веб страните што ги гледаме, зад себе имаат објаснување, некоја психологија и одговор на прашањето „зошто е тоа така направено?“ 

 

Уписите на Академијата за UX/UI дизајн се во тек.

Аплицирај веднаш и резервирај го своето место на време!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа .