Најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн – Марија

За секој UX/UI дизајнер е од огромна важност да има убаво дизајнирано портфолио бидејќи тоа е најважниот фактор кој ќе му помогне да се оддели од толпата и да ја покаже својата професионалност.

Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа до крајот од нивното патување. За да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да ги креираат финалните презентации за своите портфолија и да ги презентираат пред менторите.

Во портфолијата се сместени сите реални проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите learning партнери. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување.

Како едно од најдобрите финални UX/UI портфолија, се најде и она на Марија.


Марија Гелмановска е магистриран архитект, а воедно и студент од првата група на нашата Академија за UX/UI дизајн. Има работено на повеќе реални проекти кои се дел од програмата, има учествувано на двата Хакатони кои беа организирани на оваа Академија, а исто така беше дел од победничкиот тим, заедно со Анастасија, на истите. Како дел од нејзиното портфолио е проектот „Маркетинг мапа“ кој се работеше на Првиот Хакатон на Академија за UX/UI дизајн.

 

Во продолжение можете да го погледнете портфолиото на Марија и да дознаете што таа ни кажа за него

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Пред да се запишам на Академијата за UX/UI дизајн, работев на freelance проекти за архитектура и ентериер, со што и бев на 4-месечна пракса во архитектонска фирма во Будимпешта. Потоа, решив да се пренасочам и да сменам кариера, па започнав да работам во маркетинг тимот на дизајн старт-ап. Откако се запишав на Академијата, започнав да работам и на фриленс проекти за UX/UI дизајн. Најмногу ме интересира дизајнот, user research, екологија и одржлив развој. Во иднина сакам да се наосочам повеќе на user research и се надевам дека ќе работам на апликации и проекти кои би правеле некое општествено добро.

 

Каков беше процесот на изработка на своето портфолио?

Дизајнот на портфолиото го завршив прилично брзо бидејќи уште од самиот старт имав идеја како ќе изгледа. За делот со девелопмент ми требаше многу повеќе време и помош од страна на менторите од Академијата за UX/UI дизајн.


Раскажи ни на кратко за останатите проекти во твоето портфолио?

Од проектите коишто ги работев учев многу и сите беа супер искуство. Посебно ми е важен проектот за Маркетинг Мапа на Македонија, затоа што ми беше прв реален проект и прв проект на кој остваривме соработка со девелопери и дознав како изгледа целиот тој процес. Исто така, проектот за Ренон-платформата за sustainable мода ми е многу важен затоа што беше посебен предизвик и тема која многу ме засега.


Што најмногу ти остана во сеќавање од твоите студентски денови на Академијата за UX/UI дизајн?

Најдобрите денови беа дефинитивно деновите на двата Хакатони, многу научив и се зближив со останатите студенти.

За крај, горди сме на успехот што го постигна Марија и ѝ посакуваме уште многу успешни проекти! Наскоро очекувајте ги и останатите портфолија на студентите од Академијата за UX/UI дизајн.

 

На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.

Уписите се во тек, поради голем интерес се отвораат нови групи! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉