Маркетинг Мапа – иновативно решение од студентите на Brainster

 

Како дел од програмата на секоја Академија на Brainster е студентите да земат учество на 48 часовните Хакатони и да работат на реалните проекти за реални клиенти со цел да им се доближи искуството и да не им изгледа „застрашувачки“ почетокот на својата кариера. Овој дел од програмата е наменет за претставување на своите способности и покажување на целото стекнато знаење, како и за подобрување на професионалните вештини.

Со таа цел, студентите од Академијата за UX/UI дизајн и Академијата за Програмирање, учествуваа на Хакатон преку кој ги сплотија своите знаења и сили и храбро одговорија на предизвикот пред клиентот, градејќи еден иновативен проект.

Проектот којшто тие имаа задача да го дизајнираат и кодираат беше: Маркетинг Мапа на Brainster. Овој продукт претставува Co-innovation проект, бесплатна алатка за користење која ги поврзува маркетинг професионалците кои бараат работа со маркетинг агенциите.


Работата на реалниот проект започна со
Првиот Хакатон на Академијата за UX/UI дизајн, каде студентите беа дел од едно возбудливо искуство кое им покажа како е да се работи под притисок и како да се почитуваат дадените рокови. Согласно условите на Хакатонот, учесниците беа поделени во 4 тимови од по 4 членови кои започнаа со работа веднаш по зададениот бриф од Learning партнерот. Нивната задача беше во рок од 48 часа да го достават и презентираат финалното решение за Маркетинг Мапата.

Под менторство на Дијана Димитриевска, Јане Наумоски и Благојче Кузески, студентите успешно го завршија предизвикот, кој истиот беше истестиран од страна на маркетинг професионалци: Ива Дујак, Ива Јаковчевска и Трајко Џиков.

Иако сите тимови беа целосно посветени на предизвикот, комисијата го одбра Победничкиот тим на првиот Хакатон, кој беше составен од: Анастасија Јовческа, Марија Гелмановска, Драган Димитров и Зорана Наумова.

Овој тим, заедно со студентите од Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање продолжија да го развиваат овој проект на Хакатонот на Академијата за Програмирање кој траеше 2 викенди и успеаа да дојдат до реален продукт кој е спремен за користење од страна на сите маркетери.


Првиот викенд започна
Хакатонот на Академијата за Front-End програмирање и беше посветен на изработка на решение за Front-End панелот на продуктот. Front-End тимот беше составен од: Тања Ивковиќ, Бојан Трајкоски, Кристијан Ивановски, Маријана Милковска, Марија Шукуроска, Симон Апостоловски и Мартин Зафиров, кои работеа под менторство на Ненад Тренчевски и Илина Илиевска.

Откако го презентираа своето финално решение и добија позитивен фидбек од страна на клиентот, продуктот се префрли во рацете на Back-End програмерите.

Па, така започна Хакатонот на Академијата за Full-Stack програмирање кој во фокус ја зема изработката на решение за Admin панелот и API на продуктот, за зачувување на податоците и за сите потребни функционалности. Back-End тимот се состоеше од: Никола Ризовски, Марија Димеска, Игор Јордановски, Александар Атанасов и Кире Гешоски, кои работеа под менторство на Ивица Пешовски, Анастасија Давиткова и Стефан Цеков.

Како резултат на соработката помеѓу студентите од Академијата за UX/UI дизајн, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, успеавме да лансираме продукт – Маркетинг Мапа, кој е готов за користење и ќе им помогне на многу маркетинг професионалци да ја најдат својата работа од соништата.

Горди сме на студенти коишто се полни со амбиција и спремни да се соочат со сите предизвици кои ќе им застанат на патот! Продолжете така!

 

 

На Академијaта за UX/UI дизајн и Академијата за програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Уписите на Академијата за UX/UI дизајн се во тек, поради голем интерес се отвораат нови групи! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

Останаа уште неколку слободни места во последната група на Академијата за програмирање од овој уписен рок.

Побрзај со испраќање на твојата апликација и резервирај го своето место на време!