Запознај ја Тијана Цресензи – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец ноември 2022.

 

Име и презиме: Тијана Цресензи

По професија: Дипломиран професор по Француски јазик и книжевност

Академија: Академија за UX/UI Дизајн

Зошто баш UX/UI: Затоа што е совршена спојка на аналитика и креативност.

Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивира динамиката на оваа професија и вештините што треба да ги поседуваш кои се комбинација од повеќе дисциплини, така што секогаш има нешто ново да научиш/да се надградиш. Но пред сѐ, најмногу ме мотивира ентузијазмот на тимската работа и успешните проекти како резултат. (тие што знаат, знаат♡)

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Да ја согледам големата слика на целиот процес на UX и UI делот, како и зошто се поврзани, како функционираат взаемно. Од модулите, најинтересни факти научив од инструкторот Златан Мујчин, на неговите модули Storytelling и UX in the real world.

Омилен модул и зошто: Имам два омилени. Едниот е Алатки, кај инструкторот Мартин Теновски, бидејќи тогаш почнав да дизајнирам во Figma и тоа беше прерадосен момент за мене. Исто така, модулот каде што учевме UI, кај инструкторот Александар Нофитоски, каде што го имавме првиот реален проект на којшто работев со големо задоволство.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Маја Митровиќ на модулите Initiation и Discovery, бидејќи беше првиот инструктор што ме внесе во оваа област кога бев уште на почеток, без многу претходно знаење, и воедно највозбудена што започнувам едно ново искуство. Сепак, задоволна сум од сите инструктори досега, сите се спремни да го пренесат знаењето и тука се за сите студенти во секое време.

За 5 години сакам да бидам: Сакам константно да учам и да се надградувам, да бидам успешна во оваа кариера и како доказ за тоа да бидат самите проекти.

Хоби:  Велосипед, книга и музика.

Омилена книга: Мајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков

Омилен цитат: “Don’t panic, organize!” & “Think for yourself, question authority.”

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!