Запознајте го Хари Милошески – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Хари Милошески

По професија: Електротехничар

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Може да се каже дека сум прилично добар во наоѓање грешки (во секојдневниот живот), па решив наместо да наоѓам грешки во сѐ околу мене, да го насочам овој т.н. квалитет во наоѓање дефекти во софтверот/апликациите. Сметам дека Software Testing е одлична професија за „career switch” и нуди многу можности за напредување.

Што те мотивира постојано да учиш: Отсекогаш ме интересирало сè што е поврзано со технологија, сакам да знам како функционираат нештата, да ги знам функционалностите од почеток до крај.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Пишување на код во C# и креирање на „test cases” со помош на техниките кои ги учевме.

Омилен модул и зошто: Oбјектно-ориентирано програмирање со C#, поради неговата комплексност.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите! Катерина, Фросина и Моника го пренесуваат знаењето на многу добар и забавен начин. Не би сакал да го изоставам и асистентот Иван, кој ме „трпи” 24/7.

За 5 години сакам да бидам: Дефинитивно Senior QА Engineer и дел од успешен тим во компанијата во која би работел.

Хоби: Видео игри, прошетки со кучето и „keeping up” со најновите информации од IT светот.

Омилена книга: Повеќе читам стрипови отколку книги. Омилени стрипoви ми се „Injustice: Gods among us” и „Star Wars” серијалите.

Омилен цитат: “I’ve found that what most people call luck is often little more than raw talent combined with the ability to make the most of opportunities.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!