Сузана Ацковска Николовска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing

Запознај ја Сузана Ацковска-Николовска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец декември 2022.
Име и презиме: Сузана Ацковска-Николовска
По професија: Социјална политика, банкарско работење и логистика.
Академија: Академија за Software Testing
Зошто баш оваа област: Убаво ме опишува и како личност и во начинот на работа. Стремеж за постигнување на квалитет и во потрага по нешто подобро, анализа и опсервација на околината. И секако морам да бидам дел од IT револуционерната промена што ни се случува.
Што те мотивира постојано да учиш: Желбата за постојан прогрес. Моќта е во знаењето и вистинска инвестиција за развој, создавање повеќе можности. Тренинг и тригерирање на умот, жед за нови знаења со мотивирачки финансиски feedback.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека Software Testing во суштина е многу креативна работа и доста динамична. Исклучително тимска работа со голема вредност на индивидуата во тимот. Нашето знаење е како отпечаток од прст, сите оставаме свој личен печат во работата (една од многуте применливи tips and tricks од прекрасната инструкторка Моника Божиновска).
Омилен модул и зошто: Test Design Techniques, комбинацијата од Black box техники со Experience based testing. Синергија од техничко знаење и искуство зачинето со креативните Heuristics.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Различен и интересен пристап од двете инструкторки досега, Моника Божиноска и Билјана Велинова.
За 5 години сакам да бидам: QA Specialist одговорен за нови развојни процеси, со придонес во software testing областа.
Хоби: Читање книги, пешачење во природа.
Омилена книга: “The Little Prince“ – Antoine de Saint-Exupery
Омилен цитат: „Во тие моменти на подеми и падови кога ви е кажано дека е премногу ризично или дека не вредат неволјата и парите, продолжете да се борите за вашиот сон затоа што ако се борите за соништата, и вашите соништа ќе се борат за вас и ако мислите дека авантурата е опасна, тогаш рутината е смртоносна.“
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!