Запознај ја Јулијана Смилеска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец јануари 2023.

 

Име и презиме: Јулијана Смилеска

По професија: Воено лице

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш оваа област: Поради тоа што нуди широк опсег и можности за напредок, личен раст и развој и пред сѐ, претставува предизвик можноста за решавање на проблеми и креирање на уникатни решенија за потенцијалните корисници на истите. Придонесот за општото добро, како и поттикнување и креирање на проактивна заедница е исто така дополнителен бенефит.

Што те мотивира постојано да учиш: Уникатните и креативни решенија до кои е дојдено од страна на експертите во областа. Себе надградувањето и професионалниот раст и развој, како и сѐ она низ што се поминува преку целокупниот процес на учење, односно споделување на мислења и совети, практична работа, соработка, пријателство и проширување на кругот на познаници.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Има повеќе, не можам да издвојам некоја конкретно. Забавни се алатките кои ги користиме за креирање на одредени излезни параметри, кои воедно служат и за координација и соработка меѓу тимовите.

Омилен модул и зошто: Можеби модул 9, бидејќи ни го доближува повеќе начинот на кој од почеток се стартува со креирање на нештата на креативен начин.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите се доста добро потковани во областа што ја работат, со долги години искуство позади нив. Така што, со сигурност можам да кажам дека од секој од нив имам стекнато знаења и практики. Огнен, Марјан, Даринка и сега со Олгица, сите се извонредни во тоа што го работат. Почит и поздрав до инструкторите и да продолжат и понатаму да нѐ охрабруваат, инспирираат и мотивираат.

За 5 години сакам да бидам: Уште едно тешко прашање. 🙂 Пред сѐ, да бидам професионалец во она што го работам. Да стекнам големо искуство во областа и да создадам нешто значајно и уникатно од тоа.

Хоби: Трчање, читање книги, планинарење, слушање поткасти, готвење, гледање филмови, документарци, итн.

Омилена книга: Фокусираност – Даниел Големан

Омилен цитат: “The meeting of preparation with opportunity generates the offspring we call luck.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!