4 работи што ги научив на Startup Bootcamp од Дамиан

Минатиот викенд одржавме Startup Bootcamp со Дамиан Дамјановски, кој пред да си замине за Австралија ќе одржи уште едно предавање во Brainster, Курс за Маркетинг 360. Сара Митева, поранешен учесник на Академијата за маркетинг споделува како си помина на курсот 🙂

За Дамиан Дамјановски првпат слушнав на AllWeb конференцијата и бев буквално blown away од неговиот говор и начинот на кој успева да ти го задржи вниманието. Кога видов дека во Brainster ќе има Startup Bootcamp со него, си реков дека ова не смеам да го пропуштам. Предавањето, нормално, ги надмина моите очекувања. Ова се четирите главни работи што мора да ги знаат сите кои планираат да започнат свој бизнис:

1. Пред да започнеш нов бизнис, треба да ги одговориш следниве прашања:

– Дали мојот производ е можно да се произведе?

– Можам да го произведам мојот производ со средствата кои ги поседувам?

– Постои ли некој кому му треба мојот производ?

Доколку одговорот на овие прашања е “да”, тогаш си на вистинскиот пат.

2. Луѓето се многу многу многу многу комплицирани.

Марко, додека го шета своето куче во 8 сабајле, во исто време скрола на Facebook и се смее на фотката од диско од синоќа, го нервира многу сообраќајот во Скопје и уште осеќа мамурлак од виното што го испил на синоќешниот роденден, а размислува и како ќе го положи тој испитот што го паѓа веќе пет пати. Ти, ако сакаш да му го продадеш твојот производ на Марко, треба да ги знаеш и да ги разбираш сите овие работи 🙂

3. Што всушност продаваш?

Ова најлесно ќе го објасниш со таканаречениот elevator pitch: “Мојата компанија (име на твојата компанија), произведува (твојот производ) за да им помогне на (твојата таргет група) за да (реши одреден проблем) со (тајната состојка која ја поседува твојот производ).” Оваа реченица нема да биде иста на почетокот на постоењето на твојот бизнис и после одредено време, но важно е секогаш да знаеш точно кои се твоите купувачи и која потреба може да им ја задоволи твојот производ.

4. Пред да го пуштиш производот во продажба, конструирај го твојот MVP.

Да, и мене прво ми текна на Most Valuable Player, но овој пат MVP е Minimum Viable Product 🙂 Ова значи дека треба да конструираш производ во кој ќе вложиш најмалку труд, а од кој ќе научиш најмногу. На пример, Groupon почна како блог со pdf купони, за кој не им требаше многу труд, а дознаа дека на пазарот има голема побарувачка за ваквите купони. Креирањето на MVP ќе ти помогне со мал ризик да добиеш фидбек од пазарот за тоа дали твојот производ е потребен.marketing 360 skopje

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.