Си помуабетивме со учесниците од Академијата за Маркетинг, како им иде и што очекуваат откако ќе излезат од Brainster. Го кршиме мразот со Ема Радончиќ, дипломиран филолог и иден маркетер.

Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

 

Здраво Ема! 🙂 Веќе помина некое време како си дел од Академијата за маркетинг. Зошто реши да си дел од оваа 16 неделна и интензивна програма?

Британскиот поет Alexander Pope има напишано „A little learning is a dang’rous thing.“ Такво беше и моето знаење за маркетинг – мало. По завршувањето на додипломските студии – Англиски јазик и Книжевност, решив да продолжам да учам маркетинг. Додека разгледував опции во државата и странство сфатив дека сите опции ми се горе-доле исти: долги студии од година-две со многу теорија, а праксата ќе требаше сама да ја најдам. Тогаш ја најдов Brainster Академијата за маркетинг, што беше сѐ што мене ми требаше. Многу практично работење во релативно кратко време. И така почна авантурата по патот од жолти тули!

Сподели ни како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од часовите?

Теоријата и праксата се две страни на една паричка. Затоа кога материјалот од часот го применувам на дадена задача можам да откријам кој дел од предавањето не сум го разбрала добро за да го подобрам и надградам.

Кои работи што ги научи до сега ти беа фасцинантни и вистинско откритие?

Кога се запишав на Aкадемијата не ни помислував дека брендирањето е всушност тоооолкав процес, а особено дека целата емоција која ја комуницира еден бренд доаѓа од внатре во брендот. Исто така неверојатно ми беше дека не за сѐ е потребен графички дизајнер, на пример за креирање landing страна 🙂

Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил впечаток или можеби некој ресурс кој би го издвоилa?

Искрено имаме уште многу за учење, но иако сме само до половина стигнати со академијата веќе знам во која насока сакам да се развивам благодарение на една изрека што постојано ја слушам на академијата: Unbox Yourself. И откако ќе го направиш тоа, секој процес, дали за идеи или стратегии, станува забавен. Не рекле за џабе „најди работа што ќе ја сакаш и нема да мораш да работиш ни еден ден во животот.“

Што сакаш да усовршиш во моментов, а сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?

Во моментов, сакам да ги усовршам Google алатките Analytics и Ads (мала тајна: се губам во сите тие податоци) и прилично сум нетрпелива за часовите со Дарјан, иако скоро сите велат дека аналитиките се малку досадни. Oд друга страна како ќе знаеме дали добро си ја вршиме работата како маркетери ако немаме фидбек во бројки? 🙂

Кои се твоите очекувања по Академијата и кој дел од маркетинг најмногу уживаш да го работиш?

Академијата ми е една силна подлога за она што допрва доаѓа и тука научив дека всушност учењето никогаш не запира. Тука дознав дека copyrighting и content ми се барем, еве, пола степен подраги и би сакала тоа да го работам. Сепак сум дипломиран филолог и прилично добро ми оди со зборови.

Што би им препорачала на новите учесници за следните Академии?

Дечки, не се плашете, земете длабоко воздух и скокнете во нешто ново. Прашувајте, истражувајте, експериментирајте. Животот е многу повеќе од одење на досадна работа и плаќање сметки 🙂

 

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек.