Запознај ја Марина Златеска Божиќ – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец декември 2022.

 

Име и презиме: Марина Златеска Божиќ

По професија: Дипломиран економист, вработена како chat & email support.

Академија: Академија за дигитален маркетинг

Зошто баш оваа област: Сметам дека е доста креативна и предизвикувачка професија. Поголемиот дел од моето работно искуство е поврзано со оваа област, поради тоа се пронајдов во областа на дигитален маркетинг. 

Што те мотивира постојано да учиш: Cамото остварување и градење како личност, како и помислата дека кога ќе научам нешто ново и корисно тоа ќе ми послужи во иднина да ја градам мојата кариера во правец каков што јас посакувам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Креирање на Landing Page со користење на WordPress.

Омилен модул и зошто: Lead Generations од Давид Шојиќ и Вилијам Додевски, затоа што овој модул ми овозможи да се изразам доста креативно и да посветам поголем дел од моето внимание бидејќи ми беше еден од најинтересните.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Ива Дујак, затоа што на секое предавање успеа да ни го задржи вниманието, да бидеме интерактивни и да научиме доста интересни и креативни работи.

За 5 години сакам да бидам: Квалификуван маркетер со стекнато доволно работно искуство и вештини во областа од дигитален маркетинг кои би ми помогнале да водам свој успешен бизнис.

Хоби: Читам книги и вежбам.

Омилена книга: Алхемичарот – Пауло Коелјо.

Омилен цитат:Be the change that you wish to see in the world.“

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!