Марија Донева – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознајте ја Марија Донева – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец април 2022.

 

Име и презиме: Марија Донева

По професија: Магистер по граѓанско право

Академија: Академија за Дигитален Маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Динамиката на денешното живеење, не ни дозволува да бидеме заглавени во простор и време на некои статични професии каде што нема никакво креативно творење. Совладувањето на модерна и современа вештина во времето на дигиталната ера “It’s a must”.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да се истакнеш од толпата, да понудиш нови и свежи решенија со кои ќе го задоволиш најпрво вкусот на клиентот преку пристапот “thinking outside of the box”, a потоа и потребата на целната публика за консумирање на уникатен краен производ.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Креирањето на landing page беше навистина забавно искуство, како и сетирањата во Facebook Ads Manager и Google Ads, а SEO оптимизацијата како најнеопходна е секако next level.

Омилен модул и зошто: Не би можела да изберам еден. Како најинтересни би ги издвоила: Social Аdvertising, Google ADS и Content Marketing, а како најпредизвикувачки SEO модулот. Секој од модулите ми отвори некои нови видици кон области за кои не сум размислувала претходно.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите ментори беа повеќе или помалку на висината на задачата. Ако веќе би морала да издвојам би ги посочила Марко, Златко и Ива, пред сѐ поради забавниот начин на предавање, пријателскиот пристап, спремноста да одговорат на секое поставено прашање и секако достапноста за студентите надвор од самите предавања.

За 5 години сакам да бидам: Доволно технички поткована и искусна за да одговорам на тековните и идните предизвици во маркетинг сферата.

Хоби: Аматерско планинарење е моето хоби во изминативе 7 години и навистина уживам да го поминам своето слободно време на некој од прекрасните планински предели со кои изобилува нашата земја.

Омилена книга: “Invisible Child” – Andrea Elliott

Омилен цитат:  “Hard work betrays none.”

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!