„ТikТok, апликација за деца и тинејџери кои прават кратки видеа како танцуваат“ опис што беше точен во 2018. 

Во 2022, ситуацијата е сосема поинаква. Денес, оваа брзорастечкa социјална мрежа брои повеќе од 1.5 милијарди корисници и на истата може да се најдат безброј релевантни содржини од скоро секоја област на интерес. 

Една од областите каде што на TikTok има доста квалитетна и релеванта содржина е и дигиталниот маркетинг – нешто што не треба да нè чуди бидејќи и за професионалците во ова поле, ТikТok нуди пристап до значаен сегмент од нивната релевантна публика. 

Во оваа блог објава, даваме фокус на неколку уникатни ТikТok профили што нудат вредност за секој дигитален маркетер.

 

  1. Jon Loomer

Џон е експерт за Facebook реклами којшто повеќе од 10 години ја гради својата репутација преку неговaта Facebook фан страница. Истата е преполна со корисни совети за сè што е тековно и есенцијално околу платеното рекламирање на овој глобално воспоставен лидер во социјалните медиуми. 

 

@jonloomer

6 steps to take to avoid getting your ad account banned. #facebookads

♬ Hip-Hop Instrumental Beat – Avant_Beats

 

Од друга страна пак, она што го прави неговиот ТikТok профил толку интересен е што Џон (иако е експерт за Facebook), кога станува збор за таргетирањето, најсоодветните содржини како и општо најдобрите практики за рекламирање на ТikТok, е на далеку попочетничко ниво и го користи својот профил да споделува што ново научил за маркетингот на овој медиум.

 

@jonloomer

Why have I created so much TikTok ads related content lately? Am I abandoning Facebook? #facebookads #tiktokads

♬ Hip Hop Instrumental – Vinyl sound – Sektor37

 

Бидејќи неговиот ТикТок профил е сè уште во фаза на подем, ако оставите коментар под некое од видеата со ваше мислење, прашање или предлог, големи се шансите Џон да ви пише назад. 

 

       2. Adam C. Benjamin

Адам е извршен директор на дигитална маркетинг агенција во САД. На неговиот ТikТok профил, содржините се поврзани со оптимизирање на дигитални кампањи за неговите клиенти и препораки за најдобри практики во дигиталните маркетинг кампањи. 

На профилот, најбројни и најинтересните видеа се оние од диаграми исцртани на екран или пак на бела табла кои покажуваат како Адам и соработнците успеваат да решат некој проблем на нивните клиенти преку оптимизирање на маркетинг инката. 

 

@adamcbenjamin

Micro adjustments = Macro results #advertising #marketing #googleads #digitalmarketing #adagency #marketingdigital #marketingagency #businesstips #marketingtips #agencylife #agencytiktok #profit #profits #wealthymindset

♬ original sound – Adam Benjamin

 

На видеата детално се објаснува процесот на A\B тестирање како и резултатите што тоа тестирање ги донело во однос на приход и профит за нивните клиенти. 

 

      3. Ryanair

Во споредба со останатите големи компании од авионската индустрија, но и општо, Ryanair доста рано започна значително да го развива своето присуство на ТikТok. 

Посебен замав овој профил доживеа за време на пандемијата, кога Ryanair придонесуваше во борбата против анксиозноста и колективното чувство на изолираност од карантините преку објавување на смешни и забавни видеа поврзани со нивните услуги. 

Ова им се исплатеше на долг рок, бидејќи ваквата интензивна и квалитетна интеракција со публиката на TikTok придонесе нивниот профил денес да има 1.8 милиони следбеници коишто сигурно во голем процент помислиле на компанијата во првиот момент кога рестрикциите беа тргнати и луѓето беа повторно слободни да патуваат со авион до нивните омилени дестинации. 

 

@ryanair

Add to cart 👏👏 #ryanair

♬ Insert cash or select payment type – 🧡The Silly🧡

 

TikTok профилот на Ryanair уште еднаш го потенцира златното правило на дигиталниот маркетинг кое гласи дека без разлика на каналот каде што се објавува, релевантната содржина е крал!

 

     4. KS TikTok Growth

Кога некој ќе ни спомне Search Engine Optimization (SEO) првото нешто на кое што помислуваме најверојатно е Google. Но, откако TikTok донесе одлука својот алгоритам да го базира на содржини кои што ќе бидат соодветно оптимизирани за корисниците кои што ќе ги пребаруваат на апликацијата, Goоgle дефинитивно нема да остане најрелевантниот синоним на тема SEO.

 

@keeansocial

TikTok Algorithm favorite metric? #tiktokalgorithm #algorithmupdate #algorithmtiktok #algorithm #keeansocial algorithm update 2022. Tiktok algorithm 2022, tiktok algorithm explained. #algo

♬ original sound – KS | TikTok Strategy 📈

 

Оттука, профилот KS TikTok Growth носи голема вредност за секој дигитален маркетер бидејќи содржи бројни видеа со совети и најдобри практики околу оптимизирање на видео содржините кои се постираат на TikTok со цел тие поуспешно да го најдат својот пат пред очите на релеватните корисници – сè од адекватни описи и тагови на видеата, па до најважните работи кои треба да се случат во првите неколку секунди на видеото кои ќе осигураат дека тоа ќе биде изгледано до крај и подобро рангирано помеѓу илјадниците други во неговата категорија. 

 

       Бонус: Official Sales Leader Tips

Иако овој профил е фокусиран на продажба, наместо за маркетинг (иако има добри видеа околу email стратегии) истиот може да донесе голема вредност за секој маркетер од аспект на релевантни совети околу градење и координација на ефективен тим на професионалци, комуникација со експертите и почетниците, планирање, подобрување на резултатите, лидерство итн.

 

@officialsalesleadertips

Best practices for newsletters to drive sales #newsletter #marketing #emailmarketing best fractional VP of sales

♬ original sound – Official Sales Leader Tips

@officialsalesleadertips

If your deal size goes up 20%, but your win rate cause down 20%, your revenue does not go up. #SalesAdvisor #SalesConsultant #OwnerTips who is the best sales advisor? Who is the best sales advisor in Boston? Who is the best fractional sales VP? Who is the best fractional sales VP in Boston?

♬ original sound – Official Sales Leader Tips

 

Тоа беше нашиот избор од неколку TikTok профили од кои секој маркетер би можел да има значајна корист. Ако знаете некои други кои би сакале да ги препорачате, слободно можете да ми пишете на [email protected]

 

Доколку сакате да прочитате повеќе корисни ресурси на тема дигитален маркетинг, може да ги проверите нашите блог објави за 7 најпопуларни книги за дигитален маркетинг како и  Најгледаните Brainster вебинари за дигитален маркетинг.              

Aко пак сакате дополнително да ги развиете вашите способности во сферата на дигиталниот маркетинг, имајте предвид дека уписите за следната група на нашата Академијата за дигитален маркетинг се во тек!