Студентите од Академијата за графички дизајн работеа на нов реален проект, создавајќи дизајн за бебешко лигавче како дел од пакетот за новороденчиња на Пакет.мк. Овој прозвод ќе биде дел и од пакетот за новороденчиња на Аџибадем Систина.
Проектот е за нашите парнери Пакет.мк, платформата за онлајн купување и испорака на секојдневни производи, која има за цел да им помогне на новите мајки во процесот на адаптирање на животот со новороденче.
Од нашите партнери, Пакет.мк, добивме одличен позитивен фидбек за работата на студентите од Академијата за графички дизајн. Тие особено ја истакнуваат нивната креативност, како и високиот степен на професионализам при работата на реалниот проект.
Студентите од Академијата за графички дизајн креираа дизајни кои не само што се визуелнo привлечни, туку и функционални. Овој реален проект им дозволи на студентите да ги применат своите вештини во реални услови, решавајќи конкретен проблем. Во исто време да научат како да се вклучат во процесот на брендирање и промоција на производи.
Студентите демонстрираат одлично разбирање на потребите на компаниите и потрошувачите, што им овозможува да креираат уникатни и практични дизајни. Клиенти се импресионирани од нивната способност да се приспособат на специфичните барања на бизнисите, истовремено внимавајќи на деталите кои ги прават производите визуелно привлечни и функционални.
Во случајот со Пакет.мк, проектот за бебешкото лигавче покажа како студентите можат да ги комбинираат своите креативни вештини со практични решенија за да создадат производ кој е корисен и за компанијата и за крајните корисници. Клиентите забележуваат дека студентите го разбираат концептот на брендот и го имплементираат тоа во дизајнот, што ја зголемува довербата во нивната работа.
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).