Студентите треба да научат да се справуваат со вистински проблеми, да работат во тим и да создадат иновации кои имаат реален импакт. Академиите на Бреинстер се засноваат токму на овие принципи кои и се основата на практичното знаење.
Само во октомври, 469 студенти на Академиите од Бреинстер работеа на иновативни и значајни проекти за компании и организации. Преку овие проекти, тие не само што го практично го применуваат свото знаење, туку и се запознаваат со динамиката на професионалната индустрија.
Во октомври се случи и најголемиот реален проект – хакатонот за Шпаркасе Банка каде студентите развија решение за првата и единствена платформа за финансиска едукација за млади во земјата. На овој интезивен хакатон кој се одржа во живо во просториите на Бреинстер, Академиите добија можност да работат помеѓу себе со цел да издвојат победа за клиентот.
Се одржа и онлајн хакатон за Cyberware Global Defence, нова компанија за безбедност на податоци и за сајбер-заштитата каде учесниците од Академијата за UX/UI дизајн работеа на решенија за нивната нова веб-платформа. Исто така, се развиваа дизајн решенија и за Sugarwish, платформа која нуди персонализирани подароци. Групата 13 изработи и UX/UI решение за платформата за Готвиме со Маја и практично го покажаа знаењето за дизајн и корисничко искуство кое е клучно во оваа индустрија.
Студентите од Академијата за Full-Stack програмирање, својот финален проект го работеа за МHRA, чија цел е унапредување и развој на професијата менаџмент со човечките ресурси и развој на луѓето и организациите во полето. Додека пак, финалниот проект на Академијата за Project & Product Management се одвиваше за German App. Дел од нивните задачи беа дефинирање на бизнис моделот, утврдување на опсегот и ресурсите на проектот, изработка на Project Management Plan, кој обезбедува стратегии за управување со ризиците и ресурсите.
Групите 45 и 46 од Академијата за дигитален маркетинг им помогнаа на Kungul, бренд за производство и продажба на природни и алтернативни козметички производи со развивање на стратегија за социјалните медиуми која е клучна улога за водење на успешен бренд. А, Brainster им даде можност на студентите од група 47 да работат на Google Ads кампањи.
Студентите од Академијата за Графички дизајн имаа можност да ги комбинираат своите вештини преку работа за клиентот Ars Lamina со дизајн на корици на книги.
Тимот на „Партнерства“ продолжува да им обезбедува реални проекти на студентите на Бреинстер и реални искуства кои ќе ги припремаат за идната кариера. Со мрежа од 200+ партнерски компании, на нашите студенти им ја доближуваме индустријата и им помагаме да го најдат своето „место“ во професионалниот свет.