Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за човечки ресурси во 2023 година:

 

 

  • Запишани 50 студенти, оформени 2 групи

Оваа година на Академијата за човечки ресурси се запишаа 50 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 4 и 5 на Академијата за човечки ресурси.

 

 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите на групите кои завршија

Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите на Академијата за човечки ресурси. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на студентите од групите коишто ја комплетираа програмата.

 

 

  • 48-часовен предизвик на Академијата за Човечки Ресурси

Студентите од Академијата за Човечки Ресурси, со здружени сили и знаења работеа 48 часа на Хакатон и успеаја да ги совладаат сите предизвици. Реалниот проект на којшто се работеше беше за компанијата Bellina, а студентите имаа задача да креираат организациска структура со соодветни работни позиции и описи на работните места. Дознај повеќе!

 

 

  • Академија за човечки ресурси – Завршен проект: Merakzy

Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за човечки ресурси, студентите имаа предизвик да ги изработат своите завршни проекти. Нивната задача беше да креираат HR стратегија за компанијата Merazky под менторство на инструкторите Викторија Дамчевска, Александра Тасевска и Билјана Алампиоска. Дознај повеќе!

 

 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на Милена Јаневска и Бранкица Јаневска кои по завршувањето на нашата програма за човечки ресурси ги исполнија своите кариерни цели. Честитки и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Збогатување на инструкторскиот тим

Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ја претставуваме Билјана Алампиоска Андреевска – инструктор на модулот HR бизнис партнер. Дознај повеќе!

 

 

  • Одржан бесплатен онлајн вебинар Old School vs Модерен HR

Со еволуцијата на технологијата и промените во културата на работните места, се појавува нов пристап кон човечките ресурси. Оваа промена носи нови алатки, стратегии и идеи, предизвикувајќи ги традиционалните HR практики! Дознај кои се разликите помеѓу Old School и Модерен HR и кој е најдобриот начин за управување со човечкиот капитал на денешницата заедно со Билјана Алампиоска – HR професионалец со повеќе од 10 години искуство во HR Ops, регрутација, управување со перформанси, развој на вработени и employer branding. Погледни ја снимката!

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на менаџментот на човечки ресурси!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за човечки ресурси и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Како до 1.000.000€? 🤫