Запознај ја Драгана Љуботенска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец декември 2022.
Име и презиме: Драгана Љуботенска
По професија: Професор по англиски јазик
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Зошто баш оваа област: Работата со луѓе од различни профили и возрасти отсекогаш била my thing. Како професор по англиски јазик имам искуство сродно со човечки ресурси, од менторирање на студенти, тренинг, па сѐ до нивно вработување. Имав желба подетално и суштински да ја научам оваа област за бидам уште поуспешна во сѐ што работам.
Што те мотивира постојано да учиш: Себеси се перцепирам како типичен јарец. Никогаш доста од нови знаења, нови искуства, нови предизвици. Магистрирав на катедрата по англиски јазик и книжевност, но секогаш сум open за нови поглавја во моето професионално надградување. Учењето ми дава чувство на поголема самодоверба, но и самото тоа дека правам нешто за себе, ми е доволен drive да продолжам само напред.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Во текот на овие два месеци колку што ја следам Академијата, секое предавање е приказна за себе. Интересно, динамично, интерактивно и продуктивно. Инструкторките се целосно адаптирани на новото време исполнето со безброј предизвици и своето знаење го пренесуваат на интерактивен и инвентивен начин. Бидејќи ова за мене е нова област на изучување секоја информација ми е добредојдена и баш eye-opener.
Омилен модул и зошто: Досега имаме завршено два модула, првиот беше за „Алтернативни пристапи кон менаџирање на човечките ресурси“ и вториот беше за „Регрутирање, селекција и онбоардинг на вработени“. Тешко е да се одбере омиленото, бидејќи сѐ уште ќе ги осознаваме другите модули, па ќе добиеме уште покомплетна слика за некој месец. Едвај чекам да ги осознаам и другите модули.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Инструкторките што досега ги запознав се големи професионалци, предаваат разбирливо и избираат модерен пристап во наставата. Ми се допаѓаат case studies на Викторија Дамчевска и нејзиниот емпатичен пристап ме потсеќа на мојот начин на предавање и работа со студентите/учениците. Лилјана Секуловска има посебна заразна енергија и од сам старт освојува со гласот и трпеливоста во објаснувањето. Супер беше што имавме гости предавачи, па од нив дознавме многу реални ситуации од нивите сектори.
За 5 години сакам да бидам: Професионалец во talent acquisition и learning & development.
Хоби: Трчање на маратони, планинарење и читање книги.
Омилена книга: „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден.“ – Рафаела Жордано
Омилен цитат: “When it feels scary to jump, that is exactly when you jump, otherwise you end up staying in the same place your whole life.“
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!