Работата на реални проекти е огромна можност за секој студент да ги надгради своите вештини, но и да работи во вистинско време со реален клиент. Токму затоа, во периодот од 28 октомври до 6 ноември 2020, одржавме хакатон за студентите на Академијата за графички дизајн, под менторство на Мартин Цветаноски – инструкторот по Постер дизајн на Академијата.
Дознај повеќе за реалните проекти и дополнителните активности во рамките на Академијата за графички дизајн овде.
Студентите беа поделени во неколку групи и имаа задача да креираат проекти односно постер дизајни за невладините организации „Проект Среќа“, „Шепасти ентузијасти“, ХОПС „Реупотреби го умот“ и за здружението „ТАКТ Женски рагби клуб“. На крајот од хакатонот беа избрани четири победнички тимови.
Во продолжение ќе ви раскажеме за атмосферата на хакатонот, како и различните предизвици со кои што се соочија студентите. Тие од прва рака ќе ви го пренесат нивното искуство и ќе ви раскажат за целиот процес кој што треба да го помине секој дизајнер за да направи еден успешен постер дизајн.
Студентите своите предизвици ги работеа тимски, со постојана консултација и совети од менторот, преку меѓусебни Zoom состаноци и Brainstorming сесии. Хакатонот започна со бриф од страна на претставниците на организациите кои ги презентираа своите здруженија и кампањи и им објаснија на студентите што точно очекуваат од нив. Секоја група работеше на различна задача и ги започна првите скици. Нивниот процес на работа беше да истражуваат, анализираат и преку емпатија да ја претстават својата идеја. Црпејќи инспирација од секојдневниот живот тие успеаа да изработат постер дизајни кои што добија свое место на изложба.
Елизабета Анастасова работеше индивидуално и беше избрана за победник на „Проект Среќа“ . Нејзиниот постер е направен за кампања со цел донирање на стари компјутери. Таа ни го опиша нејзиниот процес на работа и искуството на хакатонот овде.
Вториот победнички тим составен од: Јована Нешова, Томислав Рапешовски и Стефан Петровски го дизајнираа графичкото решение кое што победи на хакатонот за „Шепасти ентузијасти“. Нивниот постер беше дизајниран со цел да поттикне интерес и емоција кај секој што ќе го погледне и да го натера да вдоми миленик и/или да донира за бездомните животни. Повеќе за проектот на вториот тим можете да прочитате овде.
За здружението ХОПС на проектот „Реупотреби го умот“ тимски работеа Моника Јовановска, Јасмина Герговска, Мариа Мишева, Викторија Јовева и Виктор Ризов и успеаа да го освојат победничкото место. Ова е мотото на филантропската акција на „ХОПС – Опции за здрав живот” oд Скопје. Нивниот проект има цел да ја развие општествена свест кон луѓето кои што употребуваат/ле дроги. Дознајте повеќе за овој проект тука.
Последниот победнички тим беше составен од: Дијана Атанасовска, Ива Митреска, Ана Ивановска и Ана Митреска и работеше за здружението ТАКТ „Женски рагби клуб“. Со нивниот постер тие ни покажаа како се поттикнува родовата еднаквост во спортот преку првиот женски рагби клуб во Македонија. Прочитајте што тие имаат да ни кажат за проектот овде.
Победничките решенија беа наградени со изложба во Europe House Skopje која што траеше од 17 ноември до 1 декември. На изложбата беа прикажани графички дизајни кои што носат убедлив и ефикасен повик за акција, односно поддршка на филантропските кампањи на четири здруженија. Благодарение на HORUS Macedonia, заедно во соработка со здружението Петкамен и Brainster, изложбата е реализирана и студентите се наградени за нивниот труд. Оваа изложба претставува воведен настан од кампањата „Време е за вистинско дело“ посветена на промоција на филантропијата и нејзината важна улога во развојот на заедницата во Македонија.
Со тоа заврши хакатонот на Академијата за графички дизајн.
Студентите успешно си ги сработија проектите и учествуваа во едно интересно и динамично искуство.
Ако размислуваш за креативна кариера, дознај повеќе информации за Академијата за графички дизајн тука!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!