Уште една генерација на учесници на Академијата за програмирање полека ги привршува нивните финални проекти. Се работи за реални проекти кои треба да бидат целосно функционални, практично прменливи и достапни за поширока публика. Главна цел на овој концепт на завршување на академиите во Brainster е учесниците да се стекнат со доволно пракса за да можат веднаш да почнат да работат во некоја IT компанија. За тие што сакат само да учат постојат YouTube туторијали, за оние што сакаат да работат тука се реалните проекти на Brainster академиите. Претходните проекти како на пример Komunicira.me, MoeCV и Sterna, освен што предизвикаа голем интерес, се покажаа како одлична отскочна даска за сите кои работеа на истите. Годинава, еден од завршните проекти кој е реализиран во соработка со нашиот hiring и learning партнер WeAreLaika е Balkans Tech Infographic. На проектот работеа учесниците од академиите за backend Иван Микулец и Христијан Митрески и frontend Дина Дамјановиќ и Стефан Росиќ.
Замислете да можете со еден клик да го дознаете расположението на сите вработени во IT секторот во регионот, да добиете пресек на нивното задоволство со нивните плати, условите на работното место, задоволството со проектите на кои работат и сл. Токму ова го имаат направено учесниците на Академијата за програмирање на Brainster, каде во соработка со WeAreLaika креираа простор каде што во реално време ќе се собира и обработува фидбекот на IT професионалци од регионот.
Дина Дамјановиќ, е при крај со Академијата за програмирање и дел е од тимот кој работеше на инфографикот. „Проектот за LAIKA ми беше еден од највозбудливите, бидејќи работевме во тим и требаше да се воспостави многу добра комуникација помеѓу дизајнерот, front-end и back-end тимот и LAIKA тимот. Но, и покрај големите обврски на сите од екипата (кој беше на работа преку ден, паралелно учење на Академијата, некој со домашни обврски и деца итн) заврши сѐ супер и конечно проектот е онлајн.“
Член на тимот Стефан Росиќ смета дека финалните проекти дефинитивно го креаваат целото искуство со Академијата на сосема друго ниво „Теоријата е супер, ама праксата е дефинитивно она што ја прави разликата на Академијата. Можност да го поминеш целиот процес на создавање на едно решение од почеток до крај како дел од тим, дава навистина голема самодоверба на некој што започнува кариера како програмер.“
Идејата за еден ваков инфографик е на тимот на Laika, која има за цел покрај поефикасното и потранспарентно поврзување на талентите и компаниите, да биде и место за поврзување и зајакнување на IT заедницата на регионално ниво. Одамна е јасно дека платите во IT секторот не се главната причина поради која голем број на медиор и сениор девелопери си заминуваат од регионот. Постојат бројни други причини, и токму затоа е креиран Balkans Tech Infographic, за да овозможи место каде што ќе може да се собираат и анализираат сите одговори и каде во реално време ќе можат да се следат промените во индустријата.
Доколку размислуваш за промена или започнување на нова кариера, и сакаш да учиш преку вистински проекти како овој, разгледај ги програмите на нашите Академии: Академија за програмирање, Академија за Data Science, Академија за дигитален маркетинг, и Академија за дизајн. Уписите се во тек.