MoeCV.mk: Нова бесплатна алатка за креирање CV од Brainster

МоеCV.mk е нова и бесплатна алатка за креирање на дигитално CV. Со брза регистрација можеш за 5 минути да стигнеш до дизајнирано, онлајн CV кое вработува и е одобрено од HR менаџерите.

Оваа апликација произлезе од викенд-хакатонот како дел од Brainster Академијата за Web Development, поточно од Бране, Саше и Алмедин. 

From learners to creators: Учесниците на нашите Академии учат преку работа на реални проекти. Целата програма е концепирана за учесниците да научат преку создавање продукти кои ќе донесат дополнителна вредност на заедницата. Најновата идеја е оваа бесплатна алатка која е достапна и на македонски јазик.

%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%98-2

Без разлика колкаво работно искуство имаш, начинот на кој ги презентираш твоите вештини, може да го привлече или одбие твојот следен работодавец.

Целта е Moecv.mk да биде првиот и сигурен чекор до твоето следно вработување. Главната идеја беше да создадеме бесплатен онлајн CV креатор кој ќе го забрза процесот на апликација и нема да дозволи никој, никогаш повеќе да задоцни со аплицирање на огласот за работата од соништата. Претставува иновативен начин за тоа како да се издвоиш од морето апликации за работа и да стигнеш до кариерата која ја посакуваш. Алатката е создадена пред се за учесниците кои завршуваат на Brainster Академиите за Маркетинг и Програмирање, но и за сите останати баратели на работа кои сакаат да употребат проверен формат на CV.

Само 2% од апликантите стигнуваат до интервју.

Најголемата препрека кај поголемиот дел барателите на работа не е стекнувањето на вештините. Способни се да станат одлични програмери, маркетери или дизајнери за рекордно време, ама портфолиото го прават еден месец. Со оваа алтатка немаш простор за размислување дали треба да биде насловот полево или подесно, вештините или образованието најгоре, буквите болдирани или не. Вака секој може брзо и бесплатно да направи CV со кое ќе ги истакне своите главни компетенции.

Работа во дигиталните индустри не се добива со испраќање Europass CV како Word документ.

Помина времето на вработување врз база на диплома. Современиот процес на регрутација се базира на вештините кои ги има поединцот. Приватниот сектор од тебе сака да види што знаеш и што можеш пред да ти даде шанса да работиш. Затоа, преку ова визуелно CV ќе ги истакнеш вештините кои работодавците сакаат први да ги видат, но и проектите на кои имаш работено. Со MoeCV.mk, можеш да го зачуваш твоето ново CV како PDF документ, или пак да го направиш достапно онлајн во форма на Landing страна.

oglasi za vrabotuvanje

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА