Тимот од програмери од Академијата за програмирање на Brainster, во соработка со Крик, победи на KindHack2018, организиран од Symphony Solutions.
На викенд Hackaton-от се разработуваа веб платформи кои би имале социјален бенефит и цел да придонесат во општеството. Проектот беше прогласен за најуспешен и се состои од Веб платформата која ќе се вика Sterna, и преку неа ќе може да се мапираат локации достапни или недостапни за лицата со физичка попреченост. Тимот програмери составен од Марко Крстевски, Флоријан Андонов, Јоргос Воумвоулакис и Благоја Петровски, успешно ја реализираше првичната фаза од апликацијата. Под менторство на Фросина Стамaтоска, студентите од Академијата за програмирање, во соработка со Крик, продолжуваат со работата на апликацијата, со тоа што во иднина планирано е да се направи пофункционална.
(Сликата е преземена од Symphony Solutions. Види го целиот албум тука)
Накратко, идејата на Крик, беше да се креира веб платформа/мапа со локации, кои се или не се пристапни за лица со попреченост. На платформата секој ќе може да направи профил и да додава локации и информации за нивна пристапност. Голем дел од инфраструктурата низ Скопје не е приспособена за оваа ранлива категорија граѓани. Идејата е да се помогне во нивното секојдневно движење низ градот, и да се подигне свеста и емпатијата кај граѓаните, институциите и бизнисите.
(Сликата е преземена од Symphony Solutions. Види го целиот албум тука)
Веруваме дека техологијата ќе го направи светот подобро место за живеење!